НАТО одговори на ново прелетување на руски борбени авиони над Балтичкото Море - Канал 5

НАТО одговори на ново прелетување на руски борбени авиони над Балтичкото Море

Пресретнувачи на НАТО оваа недела беа повторно подигнати откако руски борбени авиони прелетале над Балтичкото Море, соопшти Алијансата.

НАТО одговори на ново прелетување на руски борбени авиони над Балтичкото Море

Унгарски борбени авиони биле распоредени за да ги идентификуваат и придружуваат пет воени летала близу воздушниот простор на НАТО покрај брегот на Летонија, пренесе ДПА.

Откриената формација вклучувала три авиони МиГ-31, еден Сухој Су-30 и еден Сухој Су-35, кои „не се придржувале кон меѓународните правила за безбедност во летот“, се наведува во објава на Фејсбук на Сојузничката воздушна команда на НАТО.

Летонскиот министер за одбрана, Андрис Спрудс, рече дека пресретнувањето го нагласува зајакнатиот и проактивен став на НАТО. Последните прекршувања на воздушниот простор од Русија предизвикаа загриженост кај сојузниците.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Баерн Минхен во проблем пред Арсенал – последниот тренинг одработен без тренерот и капитенот

Германскиот првак Баерн Минхен пред дербито со Арсенал во Лигата на шампионите со проблеми, – на последниот тренинг отсуствувале тренерот и капитенот. 

Баерн Минхен во проблем пред Арсенал – последниот тренинг одработен без тренерот и капитенот

Поради вирусна инфекција, тренерот на Баерн, Винсент Компани, не го водел последниот тренинг пред натпреварот од Лигата на шампионите против Арсенал, а исто така ја пропуштил и прес-конференцијата.

Помошникот Арон Данкс го водел тренингот на негово место. На тренингот го немало ниту капитенот на Баварците Џошуа Кимих.

Според минхенскиот весник „Абендцајтунг“ (Abendzeitung), 31-годишниот играч од средниот ред отсуствувал од лични причини, а не поради повреда, па се очекува да биде на располагање за натпреварот против Арсенал.

Германските медиуми пренесуваат дека Компани не бил во можност да биде на клупата за време на победата од 6:1 против Лајпциг, поради инфекција и проблем со колкот.

Од клубот се надеваат дека тој ќе биде присутен на стадионот за натпреварот против Арсенал, а можеби и на клупата. Има и добри вести за Баерн М. Мануел Ноер се врати на тренинзите откако пропушти два натпревари поради проблем со стапалото. Јамал ​​Мусиала сè уште закрепнува од повреда на бутот и нема да настапи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски ќе присуствува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

Владината прес служба информира дека Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски утре, 22.10.2026 година (четврток) ќе учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора

Мицкоски ќе присуствува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

Владината прес служба информира дека Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски утре, 22.10.2026 година (четврток) ќе учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора на кој ќе се разговара за економското поврзување на регионот, безбедноста и забрзување на интеграцијата во Европската Унија.

На настанот Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски ќе ги образложи македонските можности и ставови поврзани со економијата, безбедноста како и европските интеграции и конкурентноста на регионот.

Самитот е завршен настан на претседавањето на Црна Гора, а покрај лидерите од Западен Балкан, учествува и Канцеларот на Сојузна Република Германија, Фридрих Мерц кој е силен поддржувач на напредокот и интеграцијата на регионот во Европската Унија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП: Дупка од 10.000 денари во секој семеен буџет е реалноста, а не приказната за “трета економија во Европа”!

За да преживее семејство со минимални трошоци со т.н. синдикална кошница за октомври се пробија историски рекорди кои достигнаа 70.358 денари, а за семејствата што живеат под кирија трошоците за гол опстанок се искачија на застрашувачки 85.733 денар

ЛДП: Дупка од 10.000 денари во секој семеен буџет е реалноста, а не приказната за “трета економија во Европа”!

Додека Владата секојдневно дефилира со соопштенија за „рекорден раст на економијата“ и наводно подобрена куповна моќ, реалноста зад затворените врати на македонските домаќинства е сурова преживувачка. Се соочуваме со рекорден раст на трошоците а не на економијата! Прашањето е едноставно и боли: колку семејства денес во Македонија можат да го поминат месецот без да влезат во нов брз кредит, без да се одречат од основни потреби или без да молат за помош од родители и пријатели

Посебно е иритирачки што владината потрошувачка кошничка и синдикалната пресметка се разликуваат за нереални 10.200 денари. За премиерот и министрите тоа е само прашање на сува методологија и бројки на хартија, но за обичниот човек тоа се 10.000 денари помалку за храна, лекови, сметки и основни потреби што драматично недостигаат на крајот од месецот. Економската успешност не може да се мери со непоткрепени владини математики, додека граѓаните секој ден ја мерат реалноста преку шокантните цени во маркетите и празните банкарски сметки.

Џабе се повикува власта на проценти за раст на платите и ублажена инфлација, кога суштинскиот одговор го знае секој граѓанин: трошоците растат побрзо од платите и тие не се доволни за достоинствен живот. На Македонија не ѝ требаат оптимистички прес-конференции и економски бајки, туку итни и конкретни решенија — реален раст на минималната плата, вистинска заштита од ценовните шокови таргетирано за македонските граѓани и замрзнување на маржите за да се сопре дивеењето во продавниците. Нашите предложени таргетирани мерки се одбиваат иако се имаат покажани успешни во други земји. Ребалансот на буџетот кој Владата го достави до Собранието ниту дава краткорочни ниту долгорочни решенија, напротив покажува немање капацитет за справување со сериозните ризици.

Либерално-демократската партија (ЛДП) порачува дека нема потреба Владата да се самозалажува со сопствените розеви пресметки. Животниот стандард не се крева со раскажување приказни од владината книга за бајки, туку со реални пари што на крајот од денот мора да останат во џебот на граѓаните!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер