НАТО објави дека според новиот финансиски план за Украина ќе бидат договорени редовни и големи испораки на оружје - Канал 5

НАТО објави дека според новиот финансиски план за Украина ќе бидат договорени редовни и големи испораки на оружје

Холандскиот министер за одбрана Рубен Брекелманс изјави дека неговата земја ќе достави опрема за системи за противвоздушна одбрана, муниција и друга воена помош, од кои поголемиот дел е купен од Соединетите Американски Држави.

НАТО објави дека според новиот финансиски план за Украина ќе бидат договорени редовни и големи испораки на оружје

НАТО почна со координирање на редовните големи испораки на оружје за Украина во рамки на својот нов финансиски план „Список со приоритетните барања на Украина“, откако Холандија синоќа ја објави првата пратка во вредност од 500 милиони евра (578 милиони долари), пренесе Асошиетед Прес.

Холандскиот министер за одбрана Рубен Брекелманс изјави дека неговата земја ќе достави опрема за системи за противвоздушна одбрана, муниција и друга воена помош, од кои поголемиот дел е купен од Соединетите Американски Држави.

Две испораки се предвидени до крајот на овој месец. Опремата е прилагодена на приоритетните потреби на украинската армија на бојното поле. Земјите од НАТО ќе го испратат оружјето и муницијата до конретни локации, наведува агенцијата.

„Пакетите со воена опрема ќе бидат брзо подготвени и ќе бидат испраќани редовно“, соопшти синоќа НАТО.

Најнеопходни се системите за противвоздушна одбрана, посочува агенцијата. Податоците на ОН покажуваат дека во немилосрдното руско бомбардирање во украинскиот заден дел од земјата загинале повеќе од 12.000 цивили во Украина откако Москва ја почна својата војна во соседната земја во февруари 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Самит за родова еднаквост во спортот

На Самитот за родова еднаквост во спортот 15 федерации поддржани преку субгрантирање од МОК ги презентираа акциските планови за инклузивност.

Самит за родова еднаквост во спортот

Денеска во Скопје се одржа Самитот за родова еднаквост во спортот, на кој беа презентирани резултатите од проектот „Фер игра: Поддршка за родова еднаквост во спортските политики“. Настанот е во организација на Македонскиот олимписки комитет (МОК), во партнерство со Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), здружението „Sport Social Solutions“ и Параолимпискиот комитет на Македонија, а е реализиран со финансиска поддршка од Европската Унија.

Како што беше истакнато на самитот, во рамките на овој проект, 15 национални спортски федерации добија суб-грантови во висина од по 6.700 евра. Овие средства се наменети за развој и спроведување на сопствени акциски планови за родова еднаквост, како и за имплементација на конкретни мерки со кои спортските организации треба да станат поправедни, побезбедни и поинклузивни.

За време на настанот беа презентирани резултатите од досегашните активности на грантистите, при што беа споделени успешни практики, научени лекции и конкретни примери за улогата на спортските федерации како двигатели на позитивни општествени промени.

Во рамки на самитот се одржа и панел-дискусија на која претставници на спортските федерации и на Параолимпискиот комитет дебатираа за предизвиците, можностите и за идните чекори потребни за поголема застапеност на жените, како на спортските терени, така и во процесите на донесување одлуки.

Организаторите изразија задоволство од покажаното лидерство и посветеност на вклучените федерации, посочувајќи ги како пример за позитивни промени во македонскиот спорт и инспирација за идните генерации. Од самитот беше испратена порака дека еднаквите можности во спортот се заедничка одговорност и дека продолжува работата кон градење спортски систем кој е безбеден, инклузивен и достапен за сите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на Фејсбук: Пријателска и срдечна средба со францускиот претседател Макрон

Пријателска и срдечна средба со францускиот претседател Емануел Макрон, објави на својот профил на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски. 

Мицкоски на Фејсбук: Пријателска и срдечна средба со францускиот претседател  Макрон

Пријателска и срдечна средба со францускиот претседател Емануел Макрон.

Разговаравме за регионот, за прашањата важни за иднината на нашите граѓани и за европските перспективи, теми на кои долго време работиме.

Франција е една од највлијателните држави во Европа, па затоа е важно да се разговара отворено, директно и со јасно изразени очекувања.

Нашата цел е да градиме пријателства, да отвораме врати и да обезбедиме поголемо разбирање и поддршка.

Продолжуваме посветено и со јасна цел цврсто да чекориме напред, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Преку 350 милиони евра Владата инвестира во инфраструктурни проекти во општините

Преку 350 милиони евра Владата инвестира во инфраструктурни проекти во општините, дополнително преку Светска банка инвестираме 25 милиони евра во изградба и рехабилитација на преку 100 километри локални улици низ општините.

Николоски:  Преку 350 милиони евра Владата инвестира во инфраструктурни проекти во општините

Неспоредлива е поддршката на оваа Влада за развој и проекти во општините, од која било Влада претходно. Во 2024 и 2025 реализиравме 350 милиони евра за развој и инфраструктурни проекти во општините, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски од средбата во ЗЕЛС со градоначалниците и претставниците од Светска банка каде токму се разговараше за развој и реализација на проекти во општините.

Вицепремиерот Николоски додаде дека Министерството за транспорт во соработка со Светска банка го реализира проектот за изгардба и рехабилиатција на локланите улици во општните. За овие две години, како што потенцира Николоски, реконструирани се преку 90 улици во општините низ државата и инвестирани се преку 25 милиони евра што јасно покажува дека оваа Влада е силно посветена на урбаниот равој на општините и подобрување на животот на граѓаните.

“ Соработката со Светска банка е одлична и сакаме да реализираме повеќе проекти како поддршка на општините. Знаете дека ова е Влада која што неспоредливо со било која Влада предходно дава поддршка на локалната самоуправа. Веќе имеше два повици, едниот во 2024, другиот во 2025 година во вкупна вредност од 350 милиони евра за реализација на локални проекти, а ако на тоа ги додадеме и проектите кои што ги реализираме со поддршка на Светската банка, тогаш вредноста е далеку поголема. Денеска ќе зборуваме за проектот за локални патишта, во кој што за две години во периодот јуни 2024 до јуни 2026 година се склучени договори во вредност од 25,3 милиони евра за реконструкција на локални патишта во општините. Рехабилитирани се 96 улици во 72 општини, во вкупна должина од 72 километри, а во фаза на реконструкција се уште 31 километар патишта, што значи дека некаде околу 103 километри патишта се рехабилитирани, изградени целосно нови или во тек се на изградба во овој момент со поддршка на Светска банка” – изјави вицепремиерот Николоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер