НАТО на самитот во Вашингтон ќе бара стандардизација на артилериската муниција - Канал 5

НАТО на самитот во Вашингтон ќе бара стандардизација на артилериската муниција

НАТО на самитот во Вашингтон следната недела за првпат ќе побара од земјите-членки построга стандардизација на артилериската муниција за да се олесни нејзината употреба на бојното поле.

НАТО на самитот во Вашингтон ќе бара стандардизација на артилериската муниција

- Украина покажа дека нашата стандардизација е добра на хартија, но не и на терен, изјави претставник на НАТО кој сакаше да остане анонимен, мислејќи на муницијата како што е артилериската муниција со калибар од 155 милиметри, која во моментов е дефицитарна во светот поради високата побарувачката предизвикана од руската инвазија врз Украина која почна во 2022 година.

Иако НАТО спроведе стандардизација на муницијата за помали оружја како што се јуришни пушки, дозволувајќи им на сојузниците да разменуваат муниција, тоа не е толку лесно за артилериската муниција.

Иако постои стандард на НАТО за артилериска муниција, неговата имплементација е доброволна, а бидејќи доволно членки не се придржуваат до него, пазарот се распарчи и снабдувањето е нарушено.

Четиринаесет земји-членки на НАТО го задржаа правото да не го следат стандардот, што значи дека има различни видови муниција со калибар од 155 милиметри.

Сепак, НАТО може да се соочи со противење од производителите на муниција бидејќи стандардизација на артилериската муниција може да ја зголеми конкуренцијата и да ги намали цените./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Социјални пакети за 50 пензионери во социјален ризик, Центар продолжува грижата за повозрасните граѓани

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, заедно со Црвениот крст, подели социјални пакети со прехранбени производи на 50 пензионери со минимални пензии.

Герасимовски: Социјални пакети за 50 пензионери во социјален ризик, Центар продолжува грижата за повозрасните граѓани

„Солидарноста и грижата за повозрасните граѓани треба да бидат наша секојдневна обврска. Во време кога изостанува потребната социјална грижа од државата, ние како локална самоуправа сме тука да помогнеме.

Годинава ја зголемивме еднократната финансиска помош за пензионерите на 5.000 денари, како што и ветивме. Со овие пакети сакаме да им дадеме дополнителна поддршка на нашите пензионери, особено во пресрет на новогодишните празници. Ова е дел од низата хуманитарни активности што ги подготвуваме во овој период“, порача Герасимовски.

Со оваа акција Општина Центар ја потврдува посветеноста на социјална поддршка за најранливите категории граѓани. Преку соработката со Црвениот крст, општината продолжува да ја поттикнува солидарноста и хуманоста, затоа што и малата помош може да значи многу за оние на кои им е најпотребна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Здравко Чолиќ купил луксузен стан во близина на Пула, откриена е цената за метар квадратен

Најголемата балканска музичка ѕвезда Здравко Чолиќ купил луксузен стан во близина на Пула, но се уште не може да се всели во него. Сега е отркиена и сумата која популарниот Чола ја „искеширал“.

Здравко Чолиќ купил луксузен стан во близина на Пула, откриена е цената за метар квадратен

Пред три години, Здравко Чолиќ купил луксузен стан во близина на Пула, иако сè уште не се вселил во него. Изградбата на комплексот, кој гледа кон морето и марината, е во тек; се очекува првите две згради да бидат завршени во пролетта 2027 година.

Популарниот Чола, го купил имотот во 2023 година, кога становите во комплексот се продавале по цена од приближно 5.500 евра за квадратен метар. Проектот, лоциран на возвишено место над брегот, опфаќа пет планирани згради со вкупно 150 станови.

Агенцијата за недвижности задолжена за продажбата соопшти дека становите во првите две згради се речиси целосно распродадени.

Сè уште се достапни станови во приземјето со површина од 50 квадратни метри, по цена од 5.800 евра за квадратен метар. За преостанатите три згради, постапката за добивање градежни дозволи е сè уште во тек.

Дополнително, во соработка со „Хрватске шуме“ (Hrvatske šume), се подготвува решение за уредување на зелената падина под комплексот. Според проценките на агенцијата, сите пет згради би требало да бидат завршени до 2028 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мајка во грција продала дете за 3.500 евра

Две жени во Грција се под истрага и се соочуваат со обвиненија за незаконско посвојување, откако полициските проверки откриле сомнение дека новороденче било продадено од неговата мајка на друга жена во замена за пари.

Мајка во грција продала дете за 3.500 евра

Според информациите објавени од грчката државна телевизија ЕРТ, 40-годишната мајка се сомничи дека на почетокот на оваа година го предала своето новородено бебе на 32-годишна жена од Аспропиргос, населено место западно од Атина.

За продавањето на детето, наводно, добила 3.500 евра, а сомнежите се дека парите ги искористила за да купи автомобил.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер