СветНАТО и името на „координацијата за меѓународната безбедносна помош“ за Украина- НАТО ќе ја преземе координацијата и обезбедувањето на најголемата меѓународна безбедносна помош, изјави Столтенберг. Обезбедувањето сигурна и стабилна поддршка за Украина, засилувањето на одвраќањето и одбраната, зајакнување на трансатлантската одбранбена индустриска соработка и зголемувањето на одбранбеното производството и зацврстувањето на глобалните партнерства со земјите од индо-пацифичкиот регион, ќе бидат главните теми на претстојниот Самит на НАТО што од 9 до 11 јули ќе се одржи во Вашингтон. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг вчера во пресрет на Самитот порача дека поддршката за Украина ќе биде „најитната задача“ на Алијансата и дека очекува шефовите на држави или влади на членките на Пактот да договорат „значителен пакет“ за Киев. - НАТО ќе ја преземе координацијата и обезбедувањето на најголемата меѓународна безбедносна помош, изјави Столтенберг. Според него, се очекува на Самитот да се договори финансиска помош и понепосредна воена поддршка за Украина, да бидат склучени повеќе билатерални безбедносни договори меѓу земјите членки и Киев и да се продлабочи воената интероперабилност со земјата. [Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска ги повика Сирија и Русија веднаш да ги прекинат воздушните напади на Идлиб и целосно да ги почитуваат своите меѓународни обврски.] Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Столтенберг додаде дека сите овие елементи ќе „претставуваат мост за членство на Украина во НАТО“, со што земјата „се приближува кон Алијансата“. Согласно договореното на последниот состанок на министрите за одбрана одржан минатиот месец во Брисел, координацијата и доставувањето на помошта за Украина ќе се спроведува преку Команда стационирана во седиштето на НАТО во Германија и преку логистички центри во источните членки на Алијансата. Со Командата, која ќе има неколку стотици членови персонал, ќе раководи генерал-полковник, кој ќе му биде директно одговорен на командантот на силите на НАТО во Европа. Се очекува на Самитот да биде усогласено името на оваа координација за испорака на воена помош за Украина и обуката на припадници на украинските вооружени сили. Целта е да се постигне обврзувачки договор за жовие процеси да се оддалечат од политичарите или од некоја институција, во случај на власт во некои членки да дојдат сили што не се премногу наклонети кон поддршката на Украина, како Доналд Трамп во Вашингтон или екстремно десничарскиот Национален собир (РН) во Париз. [Олаф Шолц] Првично за овој процес со споменуваше името „Мисија Украина“, на што, според дипломатски извор, на тоа се спротивставил Берлин. Истите извори посочуваат дека германскиот канцелар Олаф Шолц отворено бил против ова име, со образложение дека терминот „мисија“ асоцира на испраќање „трупи на терен“, што би можело да сугерира на вклучување на Алијансата во конфликтот. По ова на маса се нашле повеќе термини како „рамка“, „механизам“, „центар“, „иницијатива“, „команда“, „платформа“... На крајот се дошло до имињата „Украина-НАТО Иницијатива за обука и опрема“ или скратено УНИТЕ, што во превод од англиски значи „обедини“, „обединува“ и „НАТО безбедносна помош и обука за Украина“ или НСАТУИ. Претставник на американскиот Стејт департмент на почетокот на неделава изјави дека се уште се работи на утврдување на конечното име на процесот. [Изборите за Државната дума на Руската Федерација на 17, 18 и 19 септември се одржаа во непогодни услови за слободен и фер процес, а употребата на закони за „странски агенти“ и „есктермистички] - Се уште работиме на тоа како да го доловиме и опишеме. Разгледуваме неколку можни акроними, додаде тој. Дипломатски извори во НАТО посочуваат дека посебно внимание во Пактот се посветува на изборот на имињата, бидејќи тие имаат политичка тежина и носат порака. Според нив, многу е важно Кремљ да не ја злоупотреби таа порака и да не ја искористи за оправување на својата воена операција. - Понекогаш се расправаме и разговараме за работи за кои само ние сме грижиме, наместо да се обидуваме да им објасниме на луѓето надвор од ѕидовите на штабот колку е важна улогата на НАТО, посочи дипломатски извор за „Еурактив“. Сепак, според друг дипломат, независно кое име ќе биде одбрано, колоквијално процесот ќе се нарекува „Мисија на НАТО во Украина“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
СветЗапочна историскиот состанок Трамп, Путин, Си ЏинпингЗапочнува историска средба во Кина, на претседателите на САД, Русија, и Кина, Доналд Трамп, Владимир Путин и Си Џинпинг. Пред средбата домаќинот Си ручал со американскиот претседател Трамп. Претседателот на САД Доналд Трамп, кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин започнаа историска трилатерална средба во Шенжен, Кина. Клучните теми вклучуваат војната во Украина, нуклеарното оружје и меѓународната безбедност. Трамп изјави дека тројцата лидери „испишуваат историја“, Путин ги истакна заедничките интереси во однос на решавањето на војната во Украина, а Си повика на соработка во справувањето со глобалните прашања. За време на своето воведно обраќање на трилатералната средба со Си Џинпинг и Владимир Путин, американскиот претседател Доналд Трамп ја истакна важноста на соработката меѓу трите нуклеарни сили. „Се наоѓаме во единствена позиција да разговараме за тоа како да се намали бројот на нуклеарно оружје на Земјата“, рече Трамп. Тој додаде дека е „клучно“ САД, Кина и Русија да соработуваат за да се спречи ширењето на нуклеарното оружје кон други држави. „Токму тоа го правиме во однос на Иран. Нема да дозволиме Иран да поседува нуклеарно оружје“, изјави Трамп. Потоа се осврна на војната во Украина, напоменувајќи дека веќе имал „долг разговор“ со Путин на таа тема. „Мислам дека Путин – а се надевам и другата страна – би сакале да видат крај на таа војна“, рече американскиот претседател. Во своето воведно обраќање на трилатералната средба со Доналд Трамп и Си Џинпинг, рускиот претседател Владимир Путин ја истакна „заедничката одговорност“ на трите нации за одржување на меѓународниот мир и безбедност. „Како победници во Втората светска војна, Кина, Русија и САД мора да го зачуваат и зајакнат системот на меѓународното право“, рече Путин. Рускиот претседател нагласи дека трите земји имаат „бројни заеднички интереси во решавањето на регионалните конфликти, вклучително, се разбира, и конфликтот во Украина“. Тој додаде дека Русија, САД и Кина можат „значително да придонесат за зајакнување на мирот и стабилноста“. На трилатерална средба со американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, кинескиот претседател Си Џинпинг изјави дека трите земји мора да соработуваат за да се справат со глобалните проблеми. „Мораме да учиме од историјата. Тешките времиња покажуваат кој е навистина подготвен да преземе одговорност“, рече Си, како што пренесува Ројтерс.Тагови: Владимир Путин Доналд Трамп Си Џинпинг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
СветПутин во Кина ја покажа нуклеарната актовка, руски бомбардери пристигнаа во ВиетнамРускиот претседател Владимир Путин пристигна на самитот на АПЕК во Шенжен, Кина, придружуван од офицер кој – пред камерите на руските државни медиуми – го покажа „нуклеарното куферче“. Во меѓувреме, во Виетнам се појавија два руски стратешки бомбардери способни да носат нуклеарно оружје. Овие случувања доаѓаат пред денешните средби меѓу Путин, американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг. Ова е прва заедничка средба меѓу лидерите на овие три нуклеарни сили. Потезите на Русија привлекоа внимание, бидејќи Москва во последно време ги демонстрира своите воени капацитети далеку надвор од границите на Украина – земја во која веќе речиси пет години води војна. На видеоснимка објавена од руските државни медиуми се гледа припадник на придружбата на Путин како носи црна актовка. Новинарот го праша дали станува збор за нуклеарна актовка, а службеникот тоа го потврди. A Russian journalist filmed members of President Vladimir Putin’s delegation carrying Russia’s nuclear briefcase as Putin arrived in Shenzhen, China, on Wednesday for the APEC summit, where he is expected to meet with U.S. President Donald Trump and Chinese President Xi Jinping. Asked directly whether he was carrying the briefcase, a serviceman confirmed he was. Known as the Cheget, the briefcase allows Putin to maintain unbroken command and control over Russia’s nuclear arsenal at all times, regardless of his physical location. — CBS News (@CBSNews) November 18, 2026 Актовката, позната како „Чегет“, е дел од системот преку кој рускиот претседател одржува врска со воената команда и учествува во донесувањето одлуки за употреба на нуклеарно оружје. Иако нуклеарната актовка обично го придружува рускиот претседател на патувањата, таа ретко се прикажува јавно пред камерите. Видеото беше објавено непосредно пред средбата на која се очекува да се разговара за нуклеарното оружје и односите меѓу трите големи сили. Во последните денови, Русија исто така ја зголеми својата воена активност во Источна Азија. Сателитски снимки покажаа два руски стратешки бомбардери „Ту-95“ – познати според ознаката на НАТО како „Мечка“ (Bear) – на аеродромот Да Нанг во Виетнам. Тие беа придружувани од уште два руски воени транспортни авиони „Ил-76“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Нема пари, 51 милион евра не се префрлени во вториот столбСекој ден има нова потврда на она што го кажува СДСМ веќе со месеци за последиците од криминалното владеење на Мицкоски.Заклучно со 31 октомври, 51 милион евра од пензиските придонеси на граѓаните не се префрлени во вториот пензиски столб. Тоа се пари на 650 илјади граѓани, што работниците секој месец ги издвојуваат од своите плати за сопствената пензија. Префрлањето пари не е волја на Мицкоски, туку законска обврска на директорот на Фондот за пензиско да ги префрли парите во вториот пензиски столб. Ќе реагира ли сега Јавното обвинителство или повторно ќе молчи? Организираната криминална група ја загрозува исплатата на идните пензии на над 650.000 граѓани. Дупката во ПИОМ е веќе 1 милијарди евра. Власта го загрозува и вториот пензиски столб. Нема пари за работниците, нема пари за пензионерите, нема при за повисока минимална плата. Нема пари земјоделците. Нема пари за повисок студентски оброк. Пари има само за криминалните тендери на власта. За само две години Владата на Мицкоски ги задолжи граѓаните за околу 4 милијарди евра. За 2027 година, Мицкоски и Кочоска планираат ново задолжување од речиси 2 милијарди евра. Ова е економскиот дебакл на Мицкоски. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter