3Полицијата во Лондон го тестира системот за препознавање лица- ќе ги фотографираат луѓето без нивна дозвола
ЖивотNational Enquirer: Барак Обама ја изневерил Мишел со Керолајн Кенеди, претседателската двојка се разведува!Американскиот претседател Барак Обама е во љубовна врска со американската амбасадорка во Јапонија и член на славното американско претседателско семејство Кенеди - Керолајн Кенеди - пишува Enquirer. “Јавна тајна е дека Мишел и Барак Обама ќе се разведат, но чекаат да му заврши мандатот на претседателот за да го сторат тоа - напиша член на јапонскиот парламент Казиуки Хамада на својот блог на 5-ти април.Политичарот пишувал за неверството на американскиот претседател и за претераното трошење на Мишел. Наводно, Мишел била бесна што американската амбасадорка дозволила овој политичар да пишува дека Обама ја изневерува и да го навредува претседателскиот пар, и не реагирала како амбасадорка на написите. - Мишел полуде кога аферата на Обама со американската амбасадорка беше откриена во јавноста. Кога ги виде Барак и Керолајн како се бакнуваат и изгледаат блиски на фотографиите се налути уште повеќе. Мишел се сомнева дека Обама влегува во љубовна афера со секоја жена со која е сам, ако му се допаѓа - пишуваат американските таблоиди цитирајќи свои извори. Наводно оваа фотографија од пристигањето на Обама во Јапонија каде отиде кон крајот на април без Мишел, на која се прегрнува и бакнува со Керолајн Кенеди, ја разбеснела Мишел која е уверена дека тие се во врска и дека тоа е една од причините зошто Барак на Керолајн и ја додели амбасадорската позиција во Јапонија. Мишел била толку лута што ја напуштила Белата куќа и отишла во хотел во Вирџинија да се смири - пишуваат таблоидите. Тие објавуваат дека Мишел веќе нашла куќа за себе и за своите деца во Вашингтон каде ќе живеат по завршувањето на претседателскиот мандат на Обама и по разводот, а Обама пак ќе се пресели на Хаваите, далеку од Мишел!/ извори: The National Enquirer, DESIGN&TREND, showbizspy.comКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТехеран постави „црвени линии“ за Трамп; подготвени се за договор, но... Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, денеска изјави дека Техеран сè уште верува оти дипломатијата би можела да ја стави крај на војната со Соединетите Американски Држави.Арагчи изјави за државниот весник „Иран“ дека Техеран бара „договор со кој ќе се осигура дека нема да има повеќе војна“ и дека, пред преземањето на натамошни чекори, бара гаранции оти Вашингтон сериозно пристапува кон преговорите, пренесе Ројтерс. Тој додаде дека Иран со посредниците разговарал за формата и природата на мерките за градење доверба. Како една од „црвените линии“ за Иран, тој го наведе задржувањето на збогатениот ураниум во земјата, но изрази уверување дека е можно да се постигне „праведно решение“. Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот изјави дека Иран сака договор, но не под услови што би биле прифатливи за него. „Тие сакаат договор, но не сакаат договор што би бил прифатлив за мене“, рече Трамп на прес-конференција . Катарски и ирански претставници се сретнаа во вторникот на разговори насочени кон „усогласување на ставовите и намалување на разликите меѓу предлозите изнесени на терен“, изјави портпарол на катарското Министерство за надворешни работи.Тагови: Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НБАВидео: Харден испиша историја: Постигна 51 поен и го надмина Коби Брајант! НБА ѕвездата Џејмс Харден одигра еден од најдобрите натпревари сезонава досега во најсилното светско првенство, и со дури 51 поен го предводеше тимот на Кливленд Кавалирс до победа над Индијана Пејсерс со 128:119, во натпревар од НБА Лигата.На тој начин, искусниот бек стигна до својот 26-ти натпревар во НБА кариерата на кој постигнал најмалку 50 поени, со што го надмина легендарниот Коби Брајант и го зазеде третото место на вечната листа на најдобри стрелци според овој критериум во НБА. Сега, пред Харден се наоѓаат само легендите Вилт Чемберлен и Мајкл Џордан. Ова беше и неговиот прв натпревар со 50 или повеќе поени по 22 ноември 2025 година, кога постигна 55 поени против Шарлот Хорнетс, настапувајќи за Лос Анџелес Клиперс. Против Индијана, Харден имаше шут од поле 15 од 26, погоди седум тројки од 11 обиди и беше беспрекорен од линијата за слободни фрлања (14 од 14). Покрај 51 поен, тој забележа и шест скока и шест асистенции. JAMES HARDEN. 51 POINTS. IT'S HIS MOST POINTS AS A CAVALIER 🤯 CAVS MOVE TO 2-1 IN EMIRATES NBA CUP GROUP PLAY! https://t.co/twWJ4G70Nk — NBA (@NBA) November 21, 2026 Ова беше неговиот најдобар поентерски учинок за Кливленд откако му се приклучи на тимот во февруари, а исто така стана и само шестиот кошаркар во историјата на франшизата кој постигнал 50 поени на еден натпревар.Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСостојбата на Болсонаро наеднаш се влошила: Итно е пренесен во болница Поранешниот претседател на Бразил, Жаир Болсонаро, е хоспитализиран откако одеднаш почувствувал силни болки во стомакот, а медицинските прегледи покажале дека има речиси целосна опструкција на цревата, изјави денеска неговиот син Карлос БолсонароКарлос Болсонаро на социјалната мрежа „Икс“ изјави дека неговиот татко ненадејно добил силни болки во стомакот и бил пренесен во болница. Во една од следните објави, тој наведе дека стомакот на Болсонаро бил исклучително надуен при пристигнувањето во болницата, што предизвикало притисок и силни болки. Според него, по извршениот преглед и дијагностичките испитувања, била потврдена речиси целосна опструкција на цревата. Лекарите започнале терапија со лекови во обид да го решат проблемот без потреба од инвазивни медицински зафати. Карлос изјави дека нови информации ќе бидат објавени во текот на следните неколку часа. Тој изрази загриженост за здравјето на својот татко, тврдејќи дека неговата здравствена состојба се влошува поради ограничената подвижност и психолошкиот притисок на кој е изложен додека е во затвор. Тој, исто така, упати критики кон ограничувањата за посети што ги воведе судот, наведувајќи дека му е дозволено да го посетува татко си двапати неделно, при што секоја посета трае по два часа. Карлос Болсонаро оцени дека неговиот татко е изложен на политички прогон и ги повтори тврдењата дека целта на владата е тој да биде убиен. Жаир Болсонаро се наоѓа во домашен притвор, откако во септември 2025 година Врховниот суд на Бразил го осуди на 27 години и три месеци затвор за обид за државен удар по изборите во 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter