ЗдравјеНаташа отишла на рутински преглед кога ѝ бил откриен тумор од 1,3 килограми! (фото)Немала никакви симптоми освен надуеност...Наташа Инман (33) од Лидс немала никакви симптоми, освен надуеност на која не обрнувала внимание. Но, при рутински гинеколошки преглед, ѝ бил откриен рак со големина на фетус од 30 недели, тежок околу 1,3 килограми. Гинекологот не можел да ѝ направи ПАПА тест, поради израстокот кој ја блокирал целата интимна регија, а во последователните прегледи ѝ биле откриени четири канцерогени цисти на јајниците со големина од 40 сантиметри. -Кога ми кажа докторката се шокирав, бидејќи немав никакви симптоми освен надуеност. Кога ќе се навратам на тој период, имав проблеми кога правев стомачни вежби, но не придавав важност на тоа - вели Наташа. Лекарите рекле дека вкупната маса на цистата била како да била бремена шест месеци. За да ѝ ги отстранат цистите и да ги однесат на анализа, на Наташа ѝ бил направен царски рез. По операцијата продолжила да работи, но две недели подоцна, докторката ѝ соопштила дека цистите се малигни. Набргу и официјално ѝ бил дијагностициран карцином на јајници. Лекарите разговарале со неа околу третманот. Една недела подоцна Наташа решила да замрзне јајце-клетки пред третманот. Тоа го направила како мерка на претпазливост, бидејќи хемотерапијата може да влијае на плодноста. - Отсекогаш сонував да имам семејство, па ми беше тешко да се соочам со фактот дека можеби нема да можам да имам деца поради ракот. Сепак, останувам оптимист и се надевам дека со моите замрзнати јајце клетки ќе родам здраво дете - вели Наташа. Само неколку недели по дијагнозата, Наташа почнала со хемотерапија, која била многу исцрпувачка, а потоа целосно и биле отстранети и јајниците и јајцеводите. Рак на јајници во прв стадиум -Прв стадиум - ракот е само во јајниците и не се проширил на јајцеводите или матката, додека третиот стадиум значи дека ракот брзо расте. Герминалнте тумори на јајниците, познати и како цисти на јајниците, се појавуваат во јајце клетките од кои се развиваат јајца. Тие се ретки и обично ги погодуваат девојките и младите жени до раните 30-ти. Симптомите вклучуваат абдоминална болка, надуеност и нередовни менструации. Потребна е операција за отстранување на туморите, но повеќето од нив се бенигни. Доколку се покаже дека туморот е малиген, треба да се примени хемотерапија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПетрушевски: Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ, фактите се непријатни за СДС, а бегањето од сопствената одговорност преку политичка пропаганда не е политика, туку лицемерие.Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ! Колку и да се обидува СДС да ја префрли вината, фактите не можат да ги избришат. Факт е дека предметот го отвори нивното криминално СЈО, како дел од тогашниот политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ, со цел промена на името. Дополнително, факт што свесно го избегнуваат, а кој денес судот јасно го образложи, е дека пресудата е последица на измените на Кривичниот законик од 2023 година, кои СДС ги предложи и ги изгласа. Јавноста добро памети и како тогаш беа донесени тие измени на Кривичниот законик, со силни сомнежи дека се дел од пошироки политички договори и трговија со влијание, со цел уставни измени за внесување на Бугарите во Уставот. Затоа, наместо да измислуваат приказни за „судство под контрола“, најпрвин нека се погледнат во огледало, а потоа нека одговорат јавно: кој и за какви цели преку тогашното СЈО го нарача политичкиот прогон против ВМРО-ДПМНЕ и зошто ги донесоа измените на Кривичниот законик во 2023 година? Фактите се непријатни за СДС! А бегањето од сопствената одговорност преку политичка пропаганда не е политика, туку лицемерие. Бране Петрушевски ВМРО-ДПМНЕТагови: Бране Петрушевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПротоколарна средба на претседателот на Собранието со британскиот амбасадор Метју ЛосонГаши посебно ја издвои соработката на ниво на претседатели на парламенти, со осврт на неговата минатогодишна официјална посета на Британскиот парламент. Денеска во Собранието се одржа протоколарна средба на претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, со британскиот амбасадор Метју Лосон. Беа констатирани одличните билатерални односи меѓу Република Македонија и Обединетото Кралство, кои се одвиваат на редовна основа со развојна динамика. Претседателот Гаши посебно ја издвои соработката на ниво на претседатели на парламенти, со осврт на неговата минатогодишна официјална посета на Британскиот парламент. Го истакна значењето на проектната помош за Собранието што се одвива преку Весминстер фондацијата за демократија и со која се зајакнуваат функциите на Собранието и Службата. Амбасадорот Лосон изрази задоволство за потврдата на продолжување на веќе воспоставената соработка. Претседателот Гаши го информираше амбасадорот за процесот на дигитализација на Собранието, за зајакнувањето на надзорната улога на Собранието, како и за подигнувањето на нивото на политичката култура во Собранието и подобрувањето на перцепцијата на законодавниот дом во јавноста. Двајцата соговорници разменија мислења околу претстојните активности на Собранието, можностите и модалитетите во рамките на веќе утврдената соработка, но и за потенцијалите на друг вид на соработка од взаемен интерес. Беше изразена посебна благодарност до Обединетото Кралство за водечката улога и поддршка во развитокот и во клучните историски моменти на нашата земја како независна европска демократија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„Стој за УСЈЕ“: Средбата со министерот за животна средина беше позитивнаОд иницијативата „Стоп за УСЈЕ“ попладнево беа на средба со министерот за животна средина Мухамет Хоџа.Средбата како што оценија потоа, била позитивна во насока на изнаоѓање на некакво решение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОслободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55