Маск: Американската влада стои зад ограничувањата на брзината со која дел од украинското оружје може да патува
1Маск: Американската влада стои зад ограничувањата на брзината со која дел од украинското оружје може да патува
ЗабаваНаташа Беквалац по три брака, занесе Американец кој ѝ подарил прстен од 15.000 долари Љубовниот живот на Наташа Беквалац отсекогаш привлекувал големо внимание во јавноста, а имало и шеги кои таа самата ги правела за трите пропаднати бракови кои ги има зад себе.Како што пренесуваат медиумите, Наташа Беквалац, покрај убавите спомени од американската турнеја, донела и додворувач од другиот континент кој не се откажува од идејата да ја освои. - Американската турнеја на Наташа ја воодушеви тамошната публика и се покажа како една од најуспешните во последните години. Луѓето беа луди по неа, нејзината енергија и убавина, а таа се трудеше да ги запознае сите кои сакаат да се сретнат или да се фотографираат со неа. Меѓутоа, на нејзиниот настап во Њујорк се појави човек кој беше толку опседнат со неа што не му беше доволно случајно познанство, па веќе два месеци е решен да ја освои по секоја цена - вели извор близок до пејачката, а открива дека човекот успеал да дојде до домашната адреса на Наташа, на која ѝ испратил скап подарок како доказ дека има сериозни намери. - Колку овој моќен маж од Њујорк лудувал по неа стана јасно откако успеал да ја најде нејзината адреса и ѝ испратил букет од триста црвени рози со дијамантски прстен. Сè додека не го видела прстенот, таа верувала дека цвеќињата дошле од обожаватели. Била шокирана кога покрај пораката во која момчето го открил идентитетот и ѝ понудил брак, видела прстен вреден повеќе од 15.000 евра - според изворот, со тврдење дека поп ѕвездата размислувала како да го врати прстенот. -Се уште е шокирана што овој човек ѝ ја нашол адресата на која живее и е решена да го врати прстенот и културно да ја одбие неговата понуда. Иако таа е делумно сочувствителна што тој направил толку голем трошок, таа не сака да задржи ништо толку скапо од маж со кој не ни планира да оди на состанок. Од друга страна, таа не сака да има директен контакт со него и да навлегува во подлабока приказна, па најверојатно некој од нејзиниот тим наскоро ќе го контактира и ќе му се заблагодари за изненадувањето, но и ќе го врати скапиот дијамант назад – заклучува. изворот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураПочнува 45. Скопски џез фестивал Словенечкиот перкусионист, тапанар и композитор Златко Каучич, вечер, во Националната опера и балет, ќе го отвори 45. Скопски џез фестивал (СЏФ). Ќе настапи со својот состав „Комбо БЦ“ и проектот Bravery of the Brave („Храброста на храбрите“).По Каучич, концерт ќе одржи тенор-саксофонистот, кларинетист и композитор Леонхард Скорупа, предводник на квинтетот со меѓународен состав – Quispel Quintet. За отворањето на 45. Скопски џез-фестивал, Скорупа е ангажиран да компонира ново музичко дело, при што својот базичен петочлен ансамбл ќе го прошири со тројца македонски музичари (Божидар Пеиќ – виолончело, Бојан Талевски – виола и Ѓорѓи Петрушевски – обоа) и заедно ќе настапат како октет (Quispel Octet). Полноќниот термин е резервиран за италијанско-американското дуо, вибрафонистот Пасквале Мира и вокалистот Хамид Дрејк, кој се смета за еден од најзначајните перкусионисти на сцената на импровизираниот џез. Утре настапува норвешкото дуо Еивинд Орсет (гитара, електроника) и Јан Банг (лајв семплинг), од Исланд доаѓаат композиторот и бас-гитарист Скули Сверисон и композиторката и мултиинструменталистка Олоф Арналдс, а полноќниот концерт е посветен на музичкиот фестивал Punkt во градот Кристијансанд и ќе гостуваат неговите основоположници, Норвежаните Јан Банг и Ерик Хоноре. Вечерта на 17 октомври ќе биде отворена со концерт на македонскиот квинтет предводен од вокалистката Андреа Мирчевска и нејзиниот проект Lullaby for Lunatics, а од 22 часот е настапот на јужноафриканскиот композитор и пијанист Ндудузо Махатини, кој подолго време снима за Blue Note. На полноќ на малата сцена во НОБ ќе гостуваат британскиот композитор, пијанист и органист Александар Хокинс и шведската вокалистика родена во Етиопија – Софија Јернберг, со нивниот заеднички проект Musho. Последната фестивалска вечер, на 18 октомври, пред публиката ќе биде бразилско-американското трио „Сао Пауло андерграунд“ (Sаo Paulo Underground), кое, како што велат од СЏФ, ги редефинира можностите на електроaкустичната композиција, спонтаното компонирање и звучната инвенција. Фестивалот ќе биде затворен со концерт на квинтетот Living Being предводен од францускиот хармоникаш Винсент Пеирани. Полноќен концерт нема да има. Годинава на СЏФ учествуваат рекорден број изведувачи од тринаесет земји. Во четирите фестивалски дена на програмата се вкупно осум концерти од 20 и од 22 часот на големата сцена во Националната опера и балет и уште три полноќни концерти, кои, наместо во МКЦ како во минатите години, ќе се одржуваат на специјално подготвената мала сцена во НОБ. Традиционално и оваа година, Скопскиот џез фестивал го избра најдобриот македонски џез музичар за 2026 година – кларинетистот и саксофонист Нинослав Спировски.Тагови: Скопски џез фестивал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканРама: Ова не се и никогаш не можат да бидат раце на студентиПремиерот Еди Рама реагираше од зградата на колеџот во Тирана, кojа беше оштетена од пожар, по актите на насилство за време вчерашните студентски протести. Преку порака од зградата, Рама го осуди демолирањето на институцијата, нагласувајќи дека студентите ја претставуваат иднината и дека насилството не може да ги претставува нивните аспирации. „До вчера, ова беше канцеларијата на Колеџот на Европа, училиштето на обединета Европа, кое европските лидери заеднички го отворија во Албанија. Денес, ова е пропаст на раце кои не се и никогаш не можат да бидат раце на студенти“, рече Рама. Студентските демонстрации во Тирана излегоа од контрола вчера откако демонстрантите се судираа со полицијата повеќе од 10 часа, при што палеа згради, влегуваа во владини институции и ограбуваа.Иако Албанија е сведок на секојдневни протести од крајот на мај, поттикнати од плановите за изградба на луксузно одморалиште на Јадранскиот брег, пред два дена и студентите излегоа на улиците за да протестираат против условите во универзитетите и студентските домови и трошоците за живот.Тагови: Албанија Еди Рама Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветМаск: Време е Зеленски да си оди!Најбогатиот човек на светот и сопственик на платформата Икс (Икс/Твитер), милијардерот Илон Маск, упати директен и брутален повик за заминување на украинскиот претседател Володимир Зеленски.Најбогатиот човек на светот и сопственик на платформата Икс (Икс/Твитер), милијардерот Илон Маск, упати директен и брутален повик за заминување на украинскиот претседател Володимир Зеленски, отворено порачувајќи дека е дојдено време тој да поднесе оставка за да запре крвопролевањето. Маск жестоко реагираше на објава на социјалните мрежи во која се коментираше новото интервју на Зеленски за британскиот водител Пирс Морган, каде беше истакнато дека најголемиот страв на првиот човек на Украина е тоталниот крај на војната и одржувањето на претседателските избори. – „И така крвопролевањето ќе продолжи. Време е Зеленски да си оди!“, напиша кратко и децидно Маск. Оваа жестока реакција на Маск доаѓа во момент кога и американскиот претседател Доналд Трамп упати остри критики кон Киев. Трамп јавно порача дека Зеленски мора итно да организира нови претседателски избори и потсети дека украинскиот лидер пропуштил повеќе шанси да стави крај на судирот и да потпише мировен договор со Москва. Инаку, претседателскиот мандат на Зеленски формално истече уште на 20 мај 2024 година, но властите во Киев одбиваат да организираат гласање.Тагови: Володимир Зеленски Илон Маск Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook