Настов: Во Клиниката за хируршки болести хоспитализирани се 4 пациенти од пожарот во Кочани - Канал 5

Настов: Во Клиниката за хируршки болести хоспитализирани се 4 пациенти од пожарот во Кочани

Во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ моментално се хоспитализирани четворица пациенти од пожарот во Кочани, од кои само една пациентка е сѐ уште присутна во болницата, додека тројца се пуштени на викенд.

Настов: Во Клиниката за хируршки болести хоспитализирани се 4 пациенти од пожарот во Кочани

Во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ моментално се хоспитализирани четворица пациенти од пожарот во Кочани, од кои само една пациентка е сѐ уште присутна во болницата, додека тројца се пуштени на викенд, информираше денеска директорот на Клиниката Небојша Настов.

Истакна дека нивната состојба е максимално подобрена и веќе на почетокот од следната недела се очекува тројцата пациенти да бидат испишани од болницата.

– Во Клиниката во моментов формално се хоспитализирани четири пациенти, од кои само една пациентка е сѐ уште присутна во болницата, додека тројца се пуштени на викенд, што значи дека нивната состојба е максимално подобрена. Се планира испуст дефинитивно за тие тројца пациенти, некаде почетокот на следната недела, посочи Настов.

Во текот на вчерашниот ден, додаде, вратена е уште една пациентка од Белград која што по направените лабораториски анализи и прегледи денеска била испратена дома.

– Најголем број или 99 отсто од оние кои што се вратија се испишани за дома со закажани редовни контроли, само една пациентка која што беше вратена од Србија се уште е во болницата и ќе има потреба да продолжи нејзиниот престој. Сите имаа изгореници од различен обем не можам да кажам конкретно, бидејќи сите имаат различни проценти на изгореници. Најголем дел од нив имаа т.н. инхалациони повреди, така што по средувањето на состојбата во однос на инхалационите повреди во онаа фаза во кое што е стигнато лекувањето во странство се правеа контроли и се пуштаа на домашно лекување, рече Настов.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Татко и ќерка заедно на црвениот тепих: Антонио Бандерас ја покажа својата наследничка

Холивудската ѕвезда, актерот Антонио Бандерас предизвика внимание кога се појави на црвениот тепих со својата ќерка Стела, која ја има од врската со колешката Мелани Грифит.

Фото: Татко и ќерка заедно на црвениот тепих: Антонио Бандерас ја покажа својата наследничка

Познатиот Антонио Бандерас (66) се појави со својата ќерка Стела (30) на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто, на светската премиера на филмот „Up Against It“ – нова драмска комедија во режија на Труди Стајлер. Филмот привлече бројни холивудски ѕвезди во Торонто, но токму таткото и ќерката го привлекоа целото внимание.

Стела изгледаше елегантно и софистицирано во тесен црн миди-фустан со асиметричен изрез и драпирани детали, додека позираше покрај својот татко.

„Up Against It“ го означува враќањето на Бандерас на филмот, откако во последните години беше силно ангажиран во театарот и во продукциската работа.

Појавувањето во Торонто се случи речиси една година откако Стела се омажи за Алекс Грушински на романтична церемонија во опатијата Абадија де Ретуерта во Ваљадолид, Шпанија.

„Се познаваат уште од четиригодишна возраст. На крајот на краиштата, тоа е многу долга врска, врска што трае 25 години“, изјави тогаш актерот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Џенифер Лопез се потруди целиот Милано да се сврти по неа

Светската музичка ѕвезда, Џенифер Лопез се потруди целиот Милано да се сврти по неа: под црната тантела се гледаше апсолутно сè

Фото: Џенифер Лопез се потруди целиот Милано да се сврти по неа

Атрактивната Џенифер Лопез го воодушеви Милано во смела чипкана комбинација што го откриваше долниот веш, по ревијата на „Долче и Габана“.

Џенифер Лопез ја покажа својата смела модна страна во Милано, а со проѕирна чипкаста комбинација по модната ревија на „Долче и Габана“, таа едноставно не можеше да остане незабележана.

Актерката и пејачка Џенифер Лопез се погрижи сите погледи да бидат вперени во неа за време на нејзиниот престој во Милано.

За вечерното излегување по модната ревија на „Dolce & Gabbana“, таа избра смела комбинација. Пред фоторепортерите се појави во впечатлив комплет од црна тантела, кој поради проѕирниот материјал го откриваше нејзината долна облека.

Кројот што ја следеше линијата на нејзиното тело дополнително ја истакна силуетата на 57-годишната ѕвезда, додека длабокото деколте ѝ даде уште позаводлив шмек на целата комбинација. Преку чипката таа облече долг црн крзнен капут, со кој накратко ја покри провокативната комбинација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американските сили се повлекоа од последните бази во Ирак, се стравува од безбедносен вакум

Американските сили денеска се повлекоа од преостанатите свои бази во Ирак, предизвикувајќи стравувања дека зад себе оставаат безбедносен вакуум што би можел да ги зајакне проиранските милиции и да доведе до прегрупирање на Исламската држава.

Американските сили се повлекоа од последните бази во Ирак, се стравува од безбедносен вакум

Повлекувањето што го поздравија Иран и неговите сојузници, беше договорено во 2024 година, за време на претседателствувањето на Џо Бајден, а се спроведува во услови на војна против Иран кој има свое влијание и во Ирак преку одредени вооружени групи.

Повлекувањето се случува 23 години откако американските сили го соборија од власта Садам Хусеин, што предизвика бунт и хаос во државата во која подоцна се појави џихадистичката организација Исламска држава.

Иако ирачаните се задоволни од заминувањето на американските војници, постојат стравувања дека безбедносните сили што ги финансираа и обучуваа САД, не се во состојба да ја заштитат земјата во која за изминатите 20 години загинаа повеќе од 4.500 Американци.

Американските сили го нападнаа Ирак во 2003 година и практично ја окупираа земјата, поставија шиитска влада и се бореа против лојалистите на Садам, а потоа и против Ал Каеда, пред да се повлечат кон крајот на 2011 година.

Тие се вратија три години подоцна за да им помогнат на ирачките сили да ја поразат сунитската исламска држава во војната од 2014 до 2017 година.

Во операцијата „ирачка слобода“ загинаа двојно повеќе американци отколку во војната во Авганистан, од каде исто така американската војска се повлече во 2021 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер