Наставник во Велс силувал бебе, па им се фалел на другите педофили - Канал 5

Наставник во Велс силувал бебе, па им се фалел на другите педофили

Наставник кој снимал и фотографирал како сексуално злоставува бебе, пред да ја сподели снимката на интернет со други педофили, е осуден на 24 години затвор.

Наставник во Велс силувал бебе, па им се фалел на другите педофили

Томи Алингтон (25) повеќепати сексуално го злоставувал бебето, изјавија обвинителите пред судот во Велс.

Полицијата за целиот случај станала свесна кога на Инстаграм добиле разузнавачки информации за непримерни фотографии. Тие потоа го пронашле тајниот телефон на Алингтон кој бил скриен на таванот. Алингтон симнал повеќе од 1.500 фотографии на сексуално злоупотребувани деца, од кои 252 биле класифицирани како категорија А, што значи дека ги прикажуваат најекстремните видови на злоупотреба, пишува Дејли Меил.

Насилникот направил и свои видеа и фотографии, што им овозможило на детективите да го идентификуваат малото момче кое било повредено. Детективите откриле дека Алингтон на Интернет објавувал слики како ја злоставува својата млада жртва, фалејќи се со тоа пред другите педофили.

Во некои од вознемирувачките разговори, Алингтон и неговите контакти разговарале за придобивките од злоставувањето на децата додека се уште се бебиња бидејќи не можат ништо да кажат или да објаснат никому што им се случува.

Детективите го идентификувале бебето и ги контактирале неговите родители. Мајката на фотографиите и видеата го препознала синот. Судот го осудил Алингтон на продолжена затворска казна поради ризикот што го претставува за децата.

Алингтон претходно се изјаснил за виновен по 17 точки од обвинението за силување деца, сексуален напад, поттикнување дете за сексуална активност, поседување непристојни слики на деца, дистрибуција на непристојни фотографии на деца и поседување непристојни слики. Овие прекршоци не биле поврзани со неговата работа на училиштето. Тој немал претходни пресуди.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

Партизаните и ние, нивните потомци, не случајно се повикуваме на Илинденското востание и на комититите. 

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

Впрочем, не можеме да говориме за ослободувањето на татковината, а да ја премолчиме или да ја занемариме саможртвата на оние што со натчовечки напор се обиделе, но не успеале да го остварат сонот за национална држава.

Не можеме да ја чествуваме државноста, а да ја заборавиме пожртвуваноста на поколенијата што ги удриле нејзините темели и ги вградиле животите во нив.

Зарем можеме да ја разбереме сегашноста ако не ги познаваме и не ги почитуваме идеалите, надежите и историските чекори низ коишто се формирала нашата национална самосвест?

Токму затоа, 23 Октомври има особено место во македонската историја. Со основањето на Македонската револуционерна организација во 1893 година, најсвесните македонски дејци ја преточиле вековната жед и желба за слобода во организирано дело, а стремежот кон самобитност во решителна битка на смрт за сопствена држава.

Во бурните историски времиња и тешки околности, водени од македонскиот непокор и од насушната потреба од пристоен човечки живот, тие го трасирале патот на македонската револуционерна борба.

Но, што значи чествувањето на нивното дело ако не ги негуваме вредностите за кои се бореле?

Пиететот кон предците има смисла само кога нивните високи и благородни идеали ги преточуваме во праведност, солидарност и посветеност на општото добро.

Историското завештание не е само причина за гордост, туку и морална обврска да ја унапредуваме државата, да го штитиме човечкото достоинство и да создаваме општество во кое правото, правдата и моралот ќе бидат не само темелни вредности, туку и реалност.

Ако револуционерниот порив некогаш се потврдувал со себежртвување за високи национални цели, денес се докажува со одлучно и чесно работење, интелектуална смелост и решителност за нужни реформи.

Повторно сме пред историски испит во ова време-невреме, да го продолжиме стремежот на претходниците за просперитетна македонска држава.

Нашиот долг кон предците е да го чествуваме споменот за нив, оддавајќи им должно признание, кон современиците да постапуваме со одговорност кон надлежностите и работните обврски, а кон идните поколенија – како гарантори на нивната сигурна иднина.

Нека ни е честит и вековит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

д-р Гордана Сиљановска-Давкова

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Славјанка Петровска е разрешена од функцијата заменик-координаторка на пратеничката група на СДСМ

Пратеничката и поранешна министерка за одбрана Славјанка Петровска е разрешена од функцијата заменик-координаторка на пратеничката група на СДСМ.

Славјанка Петровска е разрешена од функцијата заменик-координаторка на пратеничката група на СДСМ

Таа изјави дека не добила конкретна причина за одлуката и дека досега немала сериозни забелешки за својата работа.

Петровска претпоставува дека разрешувањето е поврзано со нејзиното учество во платформата „Разговори за иднината во 12:05“.Таа оцени дека во најтесното партиско раководство сè помалку има простор за демократска дискусија.Порача дека во политиката влегла поради идеологија, а не заради функции и лични амбиции.

Петровска нагласи дека останува дел од СДСМ и дека одлуката нема да влијае врз нејзините ставови.

Смета дека во партијата расте поддршката за промени и демократизација.Во однос на евентуално барање да го врати пратеничкиот мандат, рече дека тој произлегува од волјата на граѓаните.Посочи дека ќе ја почитува одлуката на надлежните партиски органи доколку побараат нејзино повлекување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 23. октомври 2026 година

Дневен хороскоп за петок, 23. октомври 2026 година. 

Дневен хороскоп за 23. октомври 2026 година

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Личноста со која работите ќе ви го покаже своето емотивно лице. Ќе биде нежна , а вие ќе сакате да и се приближите.

Кариера

Во малите работи денеска би можеле да бидете брилијантни. Тоа не значи дека вашите амбиции се намалени.

Здравје и совет

Внимавајте што јадете.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Во попладневните часови би можело да дојде до амло емотивно вознемирување, па предвидете го. Ќе помине.

Кариера

Денеска треба да бидете максимално тактични и да слушате што ви сугерираат луѓето со кои работите.

Здравје и совет

Немојте да го наметнувате своето мислење.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Вашето друштво и пријателите нема да се во согласност со вашата врска или со партнерот. овој пат ќе мора да ги разделите.

Кариера

Нема да бидете задоволни од својот резултат. Ќе ви се чини како да не сте добиле соодветна награда.

Здравје и совет

Не се споредувајте со другите.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ништо нема да ве спречи за да го обновите вашиот сексуален живот. Во тоа ќе бидете поуспешни при крајот на денот.

Кариера

Конечно ќе дојде до договор и решение за дел од новите или млади соработници на работното место. Ќе ви се допадне.

Здравје и совет

Здравјето ви е добро.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Денот е добар за излегување и забава. Без оглед што можеби сте преокупирани со други работи, не дозволувајте друштвениот живот да ви стагнира.

Кариера

Подготвени сте да им пружите рака за помош на младите соработници на работното место. Тие ќе знаат тоа да го ценат.

Здравје и совет

Подобрување.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Ќе бидете многу расположени за љубов , но партнерот или ситуацијата ќе ве наведуваат на многу страстни реакции.

Кариера

Оние кои работат од дома или во мали компании денеска со цело срце ќе мора да се борат за секоја ситница. Ќе биде напорно.

Здравје и совет

Замор , нервоза и лошо расположение.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Неблагодарно е да се биде заводник , доколку не ве прифаќаат онака како што би сакале. Немојте да се наметнувате , туку имајте трпение.

Кариера

Денеска нема лесно да наоѓате заеднички јазик ниту со соработниците , ниту со шефовите . Затоа молчете и работете.

Здравје и совет

Издржете.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ако имало семејни несогласувања , денеска ќе се расчистат , но вашите лични односи се уште не ви даваат задоволствомкакво што сте очекувале.

Кариера

Како што ќе минува денот , вие се помалку ќе се трудите околу работата , зашто ќе ви недостига мотивација.

Здравје и совет

Потребно ви е релаксирање.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Ќе ги разгледувате своите и навиките на вашиот партнер , па ќе настојувате што подобро да го организирате заедничкиот живот.

Кариера

Конечно ќе почне онаа мала заштита , што ќе ви ја олесни работата. Тоа ќе биде драгоцена помош.

Здравје и совет

Внимавајте на настинки.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Малите недоразбирања ќе бидат целосно заборавени во попладневните часови , кога уште повеќе ќе се зближите со саканата личност.

Кариера

Мали надмудрувања со некои од соработниците денеска ќе завршат и работите ќе тргнат во нова насока.

Здравје и совет

Одете таму каде што ви е убаво.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ќе балансирате меѓу она што вие би го сакале и она што го откривате како реалност. Тоа нема да биде исто.

Кариера

Денеска на работа би можеле да покажете завидно ниво на интуиција. Затоа потпрете се на својот внатрешен глас.

Здравје и совет

Наоѓате решение за мали проблеми со дигестијата.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Како што ќе минува денот, вие се повеќе ќе размислувате за себе и својот партнер , како и за тоа каква ви е врската.

Кариера

Ќе бидат потребни ваши мали прилагодувања за да склучите еден деловен договор.Затоа не избрзувајте , туку соработувајте.

Здравје и совет

Душевен немир.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер