Наставниците денеска треба да знаат дали новото покачување на платите ќе го добијат од јануари

Во 11.30 часот денеска во просториите на Министерството за образование и наука е закажана средба на министерот Арбер Адеми со претставници на СОНК.

Вработените во образованието денеска, според најавите, треба да знаат кога ќе го добијат новото покачување на платите, за кое Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) инсистира да почне од 1 јануари, а не од април 2020 како што им понуди Владата.

Во 11.30 часот денеска во просториите на Министерството за образование и наука е закажана средба на министерот Арбер Адеми со претставници на СОНК. Адеми и претседателот на Синдикатот Јаким Неделков вчера најавија дека денеска може да се очекува конечната одлука, а СОНК одлучи и штрајкот најавен за понеделник (11 ноември) да го стави во мирување додека не се усогласат околу терминот за исплата на повисоки плати.

Најверојатно, покачувањето ќе остане на предложените 10 проценти, иако СОНК на почетокот бараше тоа да биде пропорционално со процентот на зголемувањето на минималната плата.

Адеми вчера изјави дека уште во текот на денот ќе има јасна слика за можностите и, како што рече, „до каде можеме и што можеме во врска со покачувањето на платите на просветните работници".

Министерот го посети СОНК додека заседаваше неговиот Совет околу одржувањето на штрајкот и по средбата изјави дека сè уште не утврдиле финален став за, како што рече, „поместувањето на моментот" на кој ќе се базира идното, трето покачување на платите.

– Се прават напори за обезбедување на потребните средства. Ова не се празни фрази, туку силна заложба да се најде заедничко прифатливо решение, нагласи министерот за образование и наука и посочи дека сега се разгледува опцијата наместо од април, да се обезбедат средства за зголемувањето на платите од јануари, како што бара СОНК.

За денеска ги повикал претставниците на СОНК на „последна рунда преговори" во просториите на МОН за да разговараат за ставовите.

Претседателот на СОНК Јаким Неделков претходно соопшти дека штрајкот на просветните работници е ставен во мирување до конечната понуда од Министерството за образование и наука, образложувајќи дека мирувањето е врз основа на анализите дека за зголемување на платите на МОН му се потребни уште неколку дена.

И премиерот Зоран Заев на новинарско прашање вчера одговори дека одлуката за зголемување на платите на просветните работници денеска ќе ја соопшти министерот Адеми.

– Министерот за образование и наука преговара со министерката за финансии. Тука се на припомош и другите ресори коишто прават свои отстапки, затоа што буџетот е толку. Сите солидарно гледаме да ги задоволиме приоритетите. Секако одлуката треба да биде соопштена утре, посочи Заев вчера.

Ланскиот и овој септември наставниците добија повисоки плати за по 5 проценти, но СОНК побара платите да бидат зголемени до 25 отсто односно за онолку проценти колку што пораснала минималната плата. На првиот училиштен ден од учебната 2019/2020 Синдикатот организираше еднодневен предупредувачки штрајк со најава дека тој ќе биде активиран доколку за еден месец не биде постигнат договор.

По одржани неколку средби, најава дека има напредок во преговорите и поместување на позициите, но не и конечен договор, Адеми и Неделков соопштија минатиот петок по состанокот во Владата, искажувајќи оптимизам дека наскоро ќе има заемно прифатлива одлука.

Ибрахимовиќ искрено: Сега живеам поинаку, ми беше тешко поради моето его

Поминаа осум месеци откако Златан Ибрахимовиќ ги закачи копачките, а во неодамнешна изјава Златан се потсети колку му било тешко.

Како што вели, егото му правело проблем...

- Добро сум, имам добар живот. Престанав да играм пред осум месеци, сега имам поинаков живот. Прифатив да престанам што беше тешко поради моето его, начинот на кој размислувам за себе. Мислам дека сум најдобар, сепак најдобар, можев да продолжам, но избрав да престанам. Зошто? Затоа што сакам добар живот за моето семејство. Да имам време за моите синови, последица е што немаше да можам да го направам тоа бидејќи имав проблеми со колената. Така ја прифатив пензијата, стигнав дури до моментот кога си реков, океј, остави сѐ и почни ново поглавје во животот – започна Ибрахимовиќ.

Сепак, веднаш по завршувањето на кариерата доби нова функција ...

- Неколку месеци подоцна го запознав Гери Кардинале, кој го контролира фондот „Црвена птица“ што го купи Милан. Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Почнав да работам во Милано, таму сум три-четири месеци, добро се однесуваат со мене, морам да го кажам тоа.

Тој го допре и својот поранешен агент Мино Раиола, кој почина.

- Кога почина Мино, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев, се уште не престанувам бидејќи секогаш се сеќавам на некои работи. Многу ми недостига. Сите што ме познаваат знаат колку ми беше близок. Што би му рекол ако можам да му напишам порака токму сега? Ми недостигаш – подвлече Ибрахимовиќ.

„Одред за уживање“ на Ким Џонг ун - секоја година избира по 25 девици и ги дели на три групи

Девојка која успеала да побегне од Северна Кореја, на својот канал на Јутјуб открива дека диктаторот Ким Џонг-ун секоја година избира 25 девици за својот „Одред за задоволство“.

Девојките се избираат поради нивната физичка привлечност, тврди 30-годишната Јутјуберка Јеонми Парк, но и поради нивната политичка лојалност, пренесува Дејли Стар.

Парк вели дека „агентите“ на Ким ја забележале во два наврати затоа што била лојален следбеник на партијата, но никогаш не ја избрале поради нејзиниот „семеен статус“.

- Провалуваат во сите училници, дури и ги обиколуваат училишните дворови за да не пропуштат некоја згодна девојка - рече таа.

- Кога ќе најдат убави девојки, го проверуваат нивниот семеен и политички статус. Така, тие елиминираат девојки чии членови на семејството се дезертери или имаат роднини во Јужна Кореја или други земји.

- Следен чекор е лекарски преглед, утврдуваат дали девојките се девици. Кандидатките кои ќе го положат тестот се подложени на подетални лекарски прегледи, каде што и најмалата мана - како мала рана каде било на телото - е доволна причина за дисквалификација.

Ригорозната анализа остава „само неколку девојки од цела Северна Кореја“, кои потоа се испраќаат во Пјонгјанг. Откако ќе бидат избрани, Парк вели, „нивната единствена цел во животот е да му угодат на диктаторот“.

Ким Џонг-II го смислил „Одредот за задоволство“ уште во 1970-тите, објаснува Парк.

- Мислеше „ако изберам неколку убави девојки и ги одведам кај татко ми Ким II-сунг, ќе биде многу задоволна“, рече таа.

- Потоа избрал убави жени и ги сместил во одморалиште каде што ги посетува Ким II-Сунг. Неговиот татко бил толку трогнат што неговиот син помислил на неговото задоволство, а тоа е една од причините зошто го избрал за свој наследник.

Десет години подоцна, Ким Џонг-II создал друг тим за свои потреби. Парк вели дека одредите и групите се менувале со текот на годините бидејќи диктаторите имале различни вкусови.

- Ким II-Сунг имаше традиционален вкус за жени, бидејќи беше постар, па неговата група беше наречена Електронски Почонбо Ансамбл. Ким Џонг-II го нарече својот бенд за лесна музика „Wangjaesan“. Ким Џонг-II претпочиташе жени повисоки од 160 см - рече таа.

Ким Џонг-ун има тенденција да избира „витки“ жени и фаворизира жени со „западен изглед“. „Се шпекулира дека неговата сопруга била член на Одредот за задоволство“, додаде Парк.

Во рамките на „ Одредот за задоволство “ има три различни дивизии. Првите се обучени за масажа, вториот оддел е специјализиран за пеење и танцување за забава на лидерот и неговиот внатрешен круг. Оваа група понекогаш настапува јавно како бенд Моранбонг.

Третата група е „одредот за сексуална активност“, рече Парк.

- Тие мора да бидат сексуално интимни со диктаторот и другите мажи. Мора да научат како да ги задоволат овие мажи - тоа е нивната единствена цел.

Најубавите девојки се резервирани само за Ким, додека останатите членови на одредот треба да ги задоволуваат генералите и другите моќни луѓе.

Условите за живот во Северна Кореја се толку сурови што родителите често се среќни што нивните ќерки ги избираат за „Одредот за задоволство“, бидејќи тоа значи дека барем девојчињата нема да гладуваат.

Откако ќе стигнат до средината на 20-тите години, нивното време истекува. Тие често се во брак со телохранителите на Ким. Парк вели дека е привилегија за членовите на Одредот да изберат со кој член на безбедносните служби сакаат да се омажат. Парк, чии приказни за животот во Северна Кореја се опишани како претерани од некои критичари, вели дека династијата Ким се „педофили кои очекуваат да бидат обожувани како богови“.

Бразил е погоден од најголемите поплави во последните 80 години- најмалку 37 загинати (ВИДЕО)

Во огромните поплави, предизвикани од обилните дождови, во јужната бразилска држава Рио Гранде до Сул загинаа 37 лица, додека 74 лица се водат како исчезнати.

Станува збор за рекордна поплава каква што не е забележана во Бразил цели 80 години.

Оваа поплава е четврта голема поплава за една година што го погоди Бразил. Земјата беше под вода и во јули, септември и ноември. Во тие поплави животот го загубија вкупно 75 луѓе,

Според Бразилскиот геолошки институт, поплавите низ целата земја го надминале оној забележан за време на историскиот потоп во 1941 година. Во некои градови нивото на вода било на највисоко ниво од почетокот на мерењата пред речиси 150 години, објави агенцијата.

Вчера делумно се урна хидроелектричната брана меѓу градовите Бенто Гонкалвес и Котипора, а цели градови во долината на реката Таквари, како Лајеада и Естрела, се целосно под вода. Во градот Фелиз, на 80 километри од главниот град Порто Алегре, надојдена река го однела мостот што го поврзува со соседниот град Лина Нова.

Операторите пријавиле прекини на струја, комуникации и вода низ целата држава. Според Агенцијата за цивилна одбрана, повеќе од 23.000 луѓе морале да ги напуштат своите домови. Жителите останале без интернет, телефонски услуги и струја, пренесува Гардијан.

Хеликоптери постојано летаа над градовите додека заглавените семејства со деца чекаа спас на покривите. Врнежите започнаа во понеделникот и се очекува да траат најмалку до утре, изјави денеска Марсело Селучи, главен метеоролог во Националниот центар за следење и предупредување за природни катастрофи, за бразилската јавна телевизиска мрежа.

Времето низ Јужна Америка е под влијание на климатскиот феномен Ел Нињо. Тоа е повремен, природен настан кој ги загрева површинските води во екваторијалниот регион на Тихиот Океан. Во Бразил, Ел Нињо историски предизвикува суши на север и интензивни врнежи на југ.

Оваа година, ефектите од Ел Нињо беа особено драматични, со историска суша во Амазон. Научниците велат дека екстремните временски услови сѐ почесто се случуваат поради климатските промени предизвикани од човекот.

притисни ентер