Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија
1Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија
3Принцот Хари со силна порака по апсењето на таткото на Меган: Децата заслужуваат да се чувствуваат безбедно
ЖивотНаставничка од САД се запалила со четирите мали деца, му оставила порака на сопругот (ВИДЕО) Полицијата во Мисури пронашла тела на четири деца кои мајка им ги запалила додека спиеле, а потоа ги проголтал пламенот.Страшна семејна трагедија се случила ноќта помеѓу 19 и 20 февруари во домот на Бернадин Пруснер, а во пожарот загинале деветгодишните близначки Ели и Ива, петгодишниот Џексон и двегодишната Мила, објави Еј-Би-Си Њуз. Се сомнева дека Бернадин се решила на овој грозоморен потег по кавгата со поранешниот сопруг за старателството над Ели и Ива. Извори од истрагата наведуваат дека во куќата била пронајдена проштална белешка во која Бернадин јасно објаснил дека ќе се убие себеси и децата. Бернадин, која работела како учителка и била обожавана од сите на работа, објави фотографија од своите деца на Фејсбук неколку дена пред трагедијата и напиша: „Ние против целиот свет. Благословена сум што сум нивна мајка. Живејте го секој ден како да ви е последен“. Вечерта пред да се убие себеси и децата, таа објавила уште еден емотивен статус. "Сите мои деца мирно спијат во своите кревети. Знам дека ги сакам толку многу што ќе направам сѐ за нив. Ова е мојот најубав момент", напишала Бернадин. Потоа, се верува дека влегла во спалната соба и го запалила душекот од брачниот кревет каде што спиеле малите. Пожарот околу 4 часот утрото го забележале соседите кои се обиделе да влетаат во куќата, но не можеле бидејќи вратата била заклучена. Најпрво поверувале дека пожарот настанал случајно, па во паника ги повикале Бернадин и децата со надеж дека ќе ги разбудат. Никој не се посомневал дека мајката сè испланирала однапред. Малку порано Бернадин започнала кампања за собирање хуманитарна помош бидејќи, како што навела во објава на страницата GoFundMe, се нашла во тешка ситуација по битката за старателство со таткото на близначките. Како што се испоставило, двојката се развела во 2017 година со заедничко старателство, но таткото на децата отишол на суд во 2023 година, откако Бернадин донела одлука да се пресели во предградијата на Сент Луис. Во списите на случајот, таткото изразил загриженост дека неговата поранешна сопруга ќе биде поблиска со нејзината мајка, која ја опишал како „психотична“. Таа наводно имала проблеми и со вториот сопруг, кој е татко на Џексон и Мила. Татковците не сакале да зборуваат за медиумите и побарале сите да ги остават на мир за да ги оплакуваат своите деца.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
МакедонијаСредба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика БританијаЗаменик претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам.Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на меѓусебната соработка и зајакнувањето на партнерските односи во повеќе области. Посебно беше истакнато значењето на регионалната соработка и координацијата меѓу девете држави, како важен придонес кон остварувањето на заедничките приоритети и зајакнувањето на стабилноста и партнерството. На средбата беа разменети и мислења за актуелните политички и економски прашања, како и за можностите за натамошно унапредување на билатералните односи и соработката меѓу двете држави. Двајцата говорници ја потврдија заедничката заложба за продолжување и интензивирање на соработката и натамошно унапредување на стратешкото партнерство во интерес на двете земји. Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Мицкоски излажа на надзорната за Алта банка, СДСМ побара пауза за да се објави вистинатаПратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната Надзорна расправа за причините за воведувањето администрација во Алта банка АД Битола побара 45 минути пауза, поради лагите изнесени од страна на Мицкоски за Алта банка. „Барам процедурално затоа што иако Надзорната расправа требаше да биде а институт во којшто ќе се обзнани вистината пред јавноста, во претходниот исказ на сведокот слушнавме низа на невистини затоа што се мафташе со некои списоци. Во меѓувреме ги извадивме записниците и затоа барам барам 45 минути пауза за да се обзнани вистината. Вистината којашто некој сакаше да ја покаже пред јавноста, а тоа е лагата“, рече Битиќи. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Други спортовиЕвропско првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“Елена Костадиновска и Никола Бубевски се дел од судиската елита на Европското кик бокс првенство во Скопје.Почетокот на Европското првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје означи старт на една од најголемите спортски манифестации од овој ранг кај нас, каде што за медали во конкуренција на најдобрите ќе се борат импресивни 1.191 натпреварувач од целиот континент. Покрај македонските репрезентативци на татамите и ринговите, значаен дел од македонската делегација се и нашите меѓународни сениорски судии Елена Костадиновска и Никола Бубевски. Нивното учество на ваков престижен турнир е големо признание за нивниот професионализам, довербата од Европската федерација и потврда за квалитетот на македонската судиска организација на меѓународната сцена.Тагови: кикбокс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter