Напаѓач уби четири лица, од кои три деца, во основно училиште во Орегон во САД пред да биде застрелан
2Напаѓач уби четири лица, од кои три деца, во основно училиште во Орегон во САД пред да биде застрелан
ЖивотНаскоро воден свет во Зоолошка градина Скопје Воден свет, или просторија со големи аквариуми за риби и други водни животни, ќе се гради во Зоолошката градина во Скопје.„Оддамна ни беше во план ова да го направиме. Во секоја од европските зоолошки има огромни аквариуми кои се многу посетени, а рибите и морскиот свет се важен дел од училишната едукација на секое дете. Во моментот се изработува проект за тој објект и во координација со градоначалникот Петре Шилегов и со поддршка на градот се надеваме дека во 2020 година Скопје ќе добие морски свет“ изјави директорот Ѓорѓи Галетановски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Сакајќи да се извлечат, Барбов, Филипче и Заев дополнително се зеплеткаа во лагитеСакајќи да се извлечат, Барбов, Филипче и Заев дополнително се зеплеткаа во лагите, како е можно невролог да дава мислење за хируршкa интервенциja во Бугарија?Сакајќи да се извлечат од случајот со Ива Михаилова, Барбов, Филипче и Заев дополнително се заплеткаа во сопствените лаги. Така, обидувајќи се да се дистанцира од случајот и да се претстави како некој што не бил запознаен со сите околности, докторот Барбов отвори дополнителни дилеми за начинот на кој постапувал и за оправданоста на преземените медицински чекори. Јавната изјава на Барбов дека не знаел за каква сообраќајка станува збор, но знаел дека Михаилова имала бугарско осигурување, е повеќе од трагикомична и наместо да се дистанцираат и да се правдаат, триото Заев, Филипче и Барбов треба да дадат одговор на неколку суштински прашања. Како е можно невролог да дава мислење за хируршки интервенции и врз основа на што била дадена конзилијарна препорака, ако пациентката не била упатена на лекарски конзилиум и не поднела барање за конзилијарно мислење? Зошто пациентка по претрпена траума, Барбов не ја упатил на соодветен преглед кај неврохирург или трауматолог и дали заедно со Филипче и Заев сакале да му направат услуга на Румен Радев со тоа што набрзина сакале да го затворат случајот и Михаилова да ја упатат на лекување во Бугарија? Фактот дека Македонија и Бугарија имаат билатерална соработка во областа на здравственото осигурување не значи дека може да се постапува произволно, туку постојан јасно пропишани правила, кои пациенти во кои случаи добиваат лекарска грижа или лекување во други држави, а не вака како што Барбов го скроил упатувањето. А, со ваквата препораката за лекување на Михаилова во Бугарија, Барбов, Филипче и Заев дополнително ги поминале своите ингеренции. Ова трио целосно се соголи, веќе е јасно којшто направил и која улога ја имал, но наместо со изјави да се вадат од случајот со Мијаилова, Барбов, Филипче и Заев треба да дадат одговори за постапките, улогите и за одлуките што биле донесени. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
СветНапаѓач уби четири лица, од кои три деца, во основно училиште во Орегон во САД пред да биде застреланШеснаесетгодишен напаѓач отвори оган во основно училиште во Бенд, Орегон,САД убивајќи четири лица, меѓу кои и три деца, пред да биде убиен од вооружен член на заедницата кој го гонел напаѓачот во училиштето, соопшти полицијата.Напаѓачот влегол во основното училиште пукајќи низ заклучени врати, соопшти полицијата, без да даде никакви детали освен возраста на осомничениот. Загинатите се деца на возраст од 5, 8 и 11 години и еден наставник. Покрај тоа, еден 7-годишен ученик и еден 54-годишен наставник се однесени во болница со критични повреди, изјави началникот на полицијата. Гувернерката на Орегон, му се заблагодари на членот на заедницата кој „херојски интервенирал за да спречи понатамошно губење на животи“. Paramedics seen staging at Silver Rail Elementary School in Bend, Oregon amid reported active shooter situation. https://t.co/9KnGY4LIEv — Noteworthy News (@newsnoteworthy) October 15, 2026 Градот Бенд е со околу 100.000 жители во руралниот централен дел на Орегон. Учелиштетео каде беше пукањето е за деца од градинка до петто одделение, на возраст од приближно 5 до 11 години, и има околу 450 ученици и 40 членови на персоналот, соопштија официјални лица.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?Државата повторно излегува на пазар да се задолжува. 92 милиони евра државни хартии на 20 октомври. Уште едно задолжување, уште една бројка, уште милиони. Уште една дупка. Уште еден кредит што граѓаните ќе го враќаат. Колку уште? Четири милијарди евра Мицкоски направи долгови за две години. Половина од долгот од независноста. Втор ребаланс, трет најавен. Секоја недела нови десетици милиони евра врз грбот на народот. Сега 92 милиони евра. Утре пак. Арамијата Мицкоски полни дупки со нови задолжувања наместо да прави буџет за следната година. Парите одат на криминални тендери, на Гета од 5,53 милиони, на провизии. Не на пензии. Не на плати, не за поголема минимална плата. Не за земјоделците. Министерката Кочовска зборува за стабилна економија. Стабилна со 4 милијарди долг? Стабилна кога три минимални плати не ја покриваат кошничката со ќирија за стан за едно семејство? Стабилна кога младите се пакуваат и заминуваат? Светска банка вели имаме третина од стандардот на ЕУ. Не трета економија во Европа. Третина од стандардот во ЕУ. Задолжувањето не е развој. Задолжувањето е сметка за идните генерации. Додека арамијата црта бајки, државата се задолжува. Народот плаќа. Власта ќе се врати во рацете на граѓаните. Бандата ќе одговара. Пред независно судство и пред Лаура Ковеши. Скопје, 16.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook