Се намалуваат цените на горивата, од полноќ дизелот поевтинува за 8 денари, бензинот за 4 денари за литар
2Се намалуваат цените на горивата, од полноќ дизелот поевтинува за 8 денари, бензинот за 4 денари за литар
Итната помош со зголемен број интервенции на терен поради топлотниот бран, здравствените власти алармираат да се почитуваат препораките
1Итната помош со зголемен број интервенции на терен поради топлотниот бран, здравствените власти алармираат да се почитуваат препораките
ЗдравјеНаскоро во САД ќе се продаваат домашни антигенски тестови за коронаПрвиот домашен тест за коронавирус, за кој нема да биде потребен рецепт, наскоро ќе се најде во продажба во САД по цена од 30 долари, откако неговата употреба е одобрена од американската Администрација за храна и лекови (ФДА).Одобрувањето на употребата на тестот, што може да укаже на присуство на вирусот за 20 минути, е „огромен чекор“ во борбата против ковид-19, изјави директорот на ФДА Стивен Хан, додавајќи дека тестот може да се купи во аптеките. Првите залихи на овој тест ќе бидат ограничени, а го произведува калифорниската компанија „Елум“, која планира да понуди три милиони примероци на пазарот во јануари, по што ќе го зголеми производството и дистрибуцијата во текот на првата половина на 2021 година, пишува АФП. Тоа е антигенски тест , што значи дека детектира протеини на површината на коронавирусот, за разлика од PCR тестовите кои го бараат генетскиот материјал на вирусот. Портпарол на компанијата изјави дека тестот ќе чини околу 30 американски долари и може да се купи во аптеките или да се нарача преку Интернет. Комплетот се состои од назален брис, хемиски раствор и тест ленти. Од Елум соопштија дека стапчето за брис за нос ќе биде малку пократко од класичното, па затоа самото земање брис ќе биде помалку непријатно. Резултатите, кои се достапни за околу дваесет минути, потоа се дигитално поврзани со апликација за паметен телефон што му помага на корисникот да ги протолкува. Во исто време, можно е да се стапи во контакт со надлежниот лекар преку апликација за мобилни, односно резултатите да бидат пренесени до јавните здравствени власти. Не е задолжително да се наведат името и презимето или е-пошта. Елум доби 30 милиони долари од Националниот институт за здравство на САД (НИХ) за да го развие тестот. Експертите на ФДА откриле дека тестовите на Елум, како и другите кои користат слична методологија, резултираат во мал процент на лажно позитивни и лажно негативни резултати. Кај луѓето со симптоми на коронавирус, 96 проценти од позитивните примероци и 100 проценти од негативните биле правилно откриени. ФДА ги советува корисниците на тестот кои добиваат негативен резултат и имаат симптоми на коронавирус, секако да одат на доктор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЖивата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18
ЗдравјеИтната помош со зголемен број интервенции на терен поради топлотниот бран, здравствените власти алармираат да се почитуваат препоракитеКолапси на улица, сообраќајни незгоди и нагло влошување на хронични заболувања кај граѓаните..Топлотниот бран го зема данокот во здравје, барем според повиците на Итната медицинска помош која само во изминатово деноноќие интервенирала на терен на над 60 различни локации низ Скопје. Оттаму апелираат до граѓаните да не излегуваат без потреба во најжешкиот период од денот, а вода да се пие постојано, дури и кога не се чувствува дирекна жед. Превенцијата започнува со навремена грижа за себе. Од Институтот за јавно здравје велат дека освен да се носи лесна облека мора да се избегнува напорна и физичка активност преку ден од 11 до 17 часот, а во однос на работниците кои работат на отворено велат дека треба да имаат повеќе паузи. За повозрасните лица препораките се и да избегнуваат користење на шпорет, рерна и други уреди што дополнително го загреваат домот во периодот од 13 до 17 часот. Во меѓувреме, граѓаните што ги затекнавме на пладне велат дека периодов се разладуваат кој како знае и умее. Некои одат на река, други на планина, а сите се трудат да ги слушаат советите, но обврските не се завршуваат од дома. Според климатскиот мониторинг на Европската унија порвите два месеци од летото во западна Европа се најжешките досега, додека континентот се подготвува за уште еден топлотен бран. Лето како „под вршник“.. Иако ова лето веќе се оценува како најтопло досега, научниците предупредуваат дека во иднина можеби ќе го паметиме како едно од најпријатните. Од година во година температурите ќе растат, топлотните бранови ќе бидат сè подолги и поинтензивни, а ризиците по здравјето на граѓаните ќе бидат сè поголеми. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоЖивата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степенОд утре повторно температури од 40 степени, за два степени потопло од денеска, велат од УХМР. Според прогонозите што ги следат во секој момент синоптичарите за вечер најавуваат нестабилност во делови од земјата, а пад на температурите ќе има од четврток. Според синоптичарите најавеното нестабилното време не може да се каже каде ќе биде, првично е највено за југоистокот на земјата. Според последниот извештај за пожари од страна на центарот за управување со кризи регистриани се седум пожари на отворен простор, три се активни, два се ставени под контрола, два се изгаснати.Од ЦУК со апел, големо внимание поради високите температури и ветерот. Професроот од Факултетот за земјоделски науки и храна Миле Маркоски објаснува дека палењето стрништата, како причина за големи пожари се штетни во екологијата но и за самата почва и таа навика не помага во подобрување на земјата и исто така е казниво по закон. Градоначалниците на Крива Паланка и на Делчево објаснија дека пожарите на депониите се ставни под контрола. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЖивата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18
МакедонијаСе намалуваат цените на горивата, од полноќ дизелот поевтинува за 8 денари, бензинот за 4 денари за литар Горивата од полноќ значително поевтинуваат. По речиси месец и половина постојан раст на цените со последната одлука на Регулаторна литар дизел од ноќеска на полноќ поевитнува за 8 денари. Намалување е забележано и кај бенизните и тоа за 4 денари по литар. Па оттука новата цена на 95 ката ќе изенусува 87 додека на 98цата 89 денари за литар. Од полноќ литар дизел пак ќе се точи по цена од 91,5 денари. „ Со оваа одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,81% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени на 04.08.2026 година. “ – се наведува во образложението на Регулаторна. Од Владата за Канал 5 велат дека се додека на сила е кризната состојба акцизите ќе се нивелираат согласно закон. Во моментов во пресметките на Регулаторна и оваа недела се вкалкулирани намалени акцизи и тоа за 2 денари кај бенизните и за 4 денари по литар кај дизелот. Премиерот Мицкоски минатата недела повтори дека поради владините политики, земјава откако е почната војната на Блискиот исток има најниски цени на горивата. „Ја одржавме ценовната стабилност понудивме на пазарот најниски цени на горивата и на тој начин 50 % во одредени денови се зголеми потрошувачката поради притисокот на граѓаните од соседните земји. Од прилика по половина евро по литар понудивме поевитни горива од некој од соседните земји и таков е случајот и сега. “- Христијан Мицкоски – претседател на Влада. Инаку на светските берзи денеска барел се тргува по цена од 84 долари, цените на берзите варираат поради неизевсноста околу договорот за повторно воспоставување на поморски сообраќај низ Ормутскиот тенсец – кој е еден од најважните енергетски коридори во светот. Тагови: бензините Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter