3Стојаноски: Растот на нискоградбата е потврда за засилените инфраструктурни инвестиции и реализацијата на капиталните проекти
3Проф. д-р Вера Георгиева добитничка на наградата „Константин Философ“ за животно дело за 2026 година
АвтомобилизамНаскоро пристигнува Волво XC90 и нема да биде само електричен Иако Волво беше еден од првите што вети дека ќе премине на електрична енергија, пазарните услови го принудија да го промени својот план.Откако изостана успехот на одредени електрични модели, Волво беше принуден да ја редефинира својата деловна политика и да размисли за некои нови производи. XC 90 е добар пример. Присутен цела вечност, моделот требаше да го замени електричниот EX90 на пазарот. Не функционираше, па сега Волво објави дека ќе развие модел од третата генерација, со бензински мотор под хаубата. Нема сомнение дека оваа одлука претставува една од најголемите промени во ерата на транзиција кон електрични возила. Волво го потврди пристигнувањето на новиот XC90 За време на презентацијата на резултатите од вториот квартал, извршниот директор на Волво, Хокан Самуелсон, ја откри веста. Тој им рече на инвеститорите: „Ќе ни треба нов XC90“. Иако не прецизираше кога би можела да биде лансирана новата генерација, тој посочи дека најверојатно ќе биде plug-in хибрид со поголем дострел. „Мислам дека европските потрошувачи ќе го сакаат тоа. За plug-in хибридите со подолг дострел веројатно ќе ни требаат уште неколку години, подолго отколку што претходно мислевме“, рече Хакан Самуелсон, извршен директор на Volvo. Да ве потсетиме дека уште во 2017 година, Volvo, како прв производител на автомобили, објави дека преминува на целосно електричен погон. Самуелсон тогаш изјави дека сите модели лансирани по 2019 година ќе имаат електричен мотор - вклучувајќи ги електричните возила (EV) и plug-in хибридите (PHEV), но и таканаречените благи хибриди со систем од 48 волти. Во 2021 година, Volvo дополнително ги забрза плановите - објавија дека до 2030 година ќе бидат целосно електрични, вклучително и прекинувањето на моделот PHEV. Целта беше 50% од продажбата до 2025 година да бидат целосно електрични возила. Во 2023 година, Volvo изјави: „По 2030 година, Volvo нема да продава ниту еден автомобил што не е целосно електричен, без исклучок“. До крајот на 2024 година, компанијата постигна удел од 23% во продажбата на електрични возила. Тоа воопшто не е лошо, но е далеку од очекуваното. Вклучувајќи ги и PHEV возилата, вкупниот удел на електрифицирани возила е сè уште под 50%. Враќањето на XC90 – со нова платформа и технологија Иако неодамнешниот редизајн го доближи XC90 визуелно до EX90, двата автомобили користат различни платформи: XC90 ја користи SPA архитектурата, додека EX90 ја користи SPA2. Се очекува дека новата генерација XC90 ќе биде развиена на платформата SMA, која ја користи и Geely, матичната компанија на Volvo. Новиот модел XC70 веќе е базиран на таа платформа – возило развиено за кинескиот пазар, кое комбинира 1,5-литарски турбо бензински мотор со два електрични мотори и менувач со три брзини. Во верзијата со погон на сите тркала, XC70 развива до 589 КС и 905 Nm вртежен момент. Со литиум-јонска батерија од 40 kWh, plug-in хибридот нуди опсег до 200 километри (CLTC). За споредба, сегашниот XC90 PHEV нуди само околу 50 км електричен опсег. Тежок период за Volvo Одлуката доаѓа во време кога Volvo се соочува со голем број предизвици. Компанијата претрпе загуба од 1,2 милијарди долари откако престана да го продава ES90 во САД поради царини. Лансирањето на EX90 беше одложено за две години поради проблеми со софтверот, а производството на EX30 се сели од Кина во Белгија - повторно поради царински пречки. И покрај тоа што минатата година беше рекордна година за продажба, Volvo сега намалува работни места поради намалена побарувачка. Она што може да биде дополнителна пресвртница е можноста за започнување на производството на моделите XC60 и XC90 во американската држава Јужна Каролина - што дополнително би ги намалило трошоците и би ги избегнало царините. Volvo посочи дека електрификацијата останува цел, но нешто подолгорочна. Глобалните предизвици ги принудија да преземат попрагматични чекори, вклучително и враќање на бензинските и хибридните модели.Тагови: Волво електричен автомобил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСредба на министерот Муцунски со претседавачот на ОБСЕ, КасисУнапредувањето на билатералните односи, економската и развојната соработка, како и европската перспектива на Македонија беа во фокусот на средбата.Унапредувањето на билатералните односи, економската и развојната соработка, како и европската перспектива на Македонија беа во фокусот на средбата меѓу министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и швајцарскиот министер за надворешни работи, Ињацио Касис, кој е и актуелен претседавач со ОБСЕ. На средбата двајцата министри разговарале за можностите за натамошно унапредување на политичките, економските и развојните односи меѓу двете земји, како и за континуираната швајцарска поддршка во областа на развојната соработка. Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаССМ: Со документарецот „Живот до први“ ќе ги будиме пратениците Во организација на ССМ денеска се прикажа документарен филм „До први“ еден пратеник, една минимална плата каде се потикнува да видат пратениците како е да се живее со минималец..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСтојаноски: Растот на нискоградбата е потврда за засилените инфраструктурни инвестиции и реализацијата на капиталните проектиПАТИШТАТА, МОСТОВИТЕ И КОРИДОРИТЕ ЈА ПОКАЖУВААТ РАЗЛИКАТА !Бројките за нискоградбата покажуваат силна промена во динамиката на инфраструктурните работи. Овие бројки го докажуваат реализирањето на проектите. Во анализираните 8 квартали од јули 2024 до јуни 2026 на владата на ВМРО - ДПМНЕ, просечната реална годишна стапка изнесува +26,1%. Во споредбениот период од претходните 29 квартали влада на ДУИ/СДСМ просекот изнесува -3,2%. Значи споредуваме 2 со 7 години. Тоа е разлика од дури 29,3 процентни поени ! Според методолошкото објаснување на Државниот завод за статистика нискоградба е градежна работа на објекти кои „со својот главен дел се наоѓаат на површината на земјата или во земјата“. Нискоградбата значи патишта, автопати, мостови, тунели и крупна инфраструктура – инвестиции што остануваат и создаваат услови за побрз економски развој. Затоа овие бројки не се само статистика. Зад нив стојат конкретни проекти, активни градилишта и нова инфраструктура. Кога се гради инфраструктура – се гради иднината на Македонија. Линк од фб објава: https://www.facebook.com/share/p/1Hgzuc9hzg/ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter