Наскоро пристигнува првиот електричен автомобил со погон на педали (ВИДЕО)

Може да забрза до 190 km/h, а досегот му е до 500 km.

Зад името Twike стои концепт кој беше премиерно претставен во 2019 година на салонот за автомобили во Женева. Меѓутоа, сега кога цените на горивата вртоглаво пораснаа и се бараат алтернативни извори на енергија, оваа идеја станува значително поинтересна.

Неговото име е Twike 5, а најинтересниот детал е Human Power Hybrid, хибриден погон кој вклучува употреба на човечка моќ. Имено, иако батеријата го придвижува електричниот мотор, при помали брзини возачот и патникот можат да дадат свој придонес со вртење на педалите.

Колку побавно возите, толку е поважен човечкиот фактор, така што при 50 km/h до 20% од силата можат да обезбедат мускулите на нозете на патникот и возачот. За сѐ друго се грижи батеријата сместена во подот на возилото. Корисникот може да избере меѓу два, со 18 и 36 kWh, а тие влијаат и на досегот кој е 250 km со помалата и околу 500 km со поголемата батерија.

Можеби најинтересен податок е потрошувачката на енергија. Верувале или не, тоа е само 7,3 kWh/100 km, што е половина од денешните електрични автомобили. Тајната е во минимизираната маса од само 600 kg, но и одличната аеродинамика на возилото долго 3327 mm на три тркала.

Патем, автомобилот нема класичен волан, туку има лостови од секоја страна со кои се управува. Ако не сте возач на цистерна или возач на некое друго специјално возило, за таков концепт дефинитивно ќе треба малку да се навикнете. Особено ако се земе предвид дека Twike во верзијата со помоќна батерија може да забрза до 190 km/h.

Twike се произведува недалеку од Франкфурт, а овој модел треба да се појави во продажба до крајот на годината. Најавена е серија од 500 примероци по цена од 39.900 до 49.900 евра, пишува Ecomento.de.

Хејнс: Војната во Украина нема наскоро да заврши

Директорката на американската Национална разузнавачка служба, Аврил Хејнс денеска оцени дека војната во Украина нема наскоро да заврши, а развојот на ситуацијата на домашен и меѓународен план оди во корист на рускиот претседател Владимир Путин.

Хејнс пред Комитетот за вооружени сили при Сенатот изјави дека Русија ги интензивирала нападите врз украинската инфраструктура за да ја намали способноста на Киев да распоредува војници и оружје, да го забави военото производство и да ја принуди Украина да ги разгледа преговорите.

„Сè поагресивните тактики на Путин против Украина, како што се ударите врз енергетската инфраструктура на Украина, имаат за цел да создадат впечаток во Украина дека продолжувањето на борбите само ќе ја зголеми штетата на Украина и нема да понуди пат до победата“, рече Хејнс. /МИА

Челси сака да го врати менаџерот кој му ја донесе последната титула во Премиер лигата

Фудбалскиот клуб Челси наводно испратил исклучително примамлива понуда до Антонио Конте со надеж дека ќе го убеди да се врати на „Стемфорд Бриџ“ за да го замени Маурисио Покетино, пренесуваат италијанските медиуми.

„Сините“ се во исклучително тешка позиција. Тие го заземаат деветтото место и немаат шанси да фатат чекор за учество во Лигата на шампионите. Единствено што можат да обезбедат до крајот на сезоната е евентуално учество во Конференциската лига. Затоа менаџментот размислува за раскинување на соработката со Аргентинецот.

Една од целите на Челси беше Тиаго Мота, кој сезонава бележи фантастични резултати со Болоња. Сепак, се верува дека Италијанецот е многу поблиску до останување во Италија и клупата на Јувентус отколку до заминување во Премиер лигата.

„Ла Република“ објави дека лондонскиот клуб е сериозно заинтересиран за враќање на Конте. Италијанецот им ја донесе последната титула во Премиер лигата на „сините“ и управата верува дека би можел да го повтори тој успех.

Сепак, Конте е желба и на Милан и Наполи. Искусниот стратег е без работа во март 2023 година кога ја напушти клупата на Тотенхем. Во моментот на неговото заминување, „мамузите“ беа елиминирани од ФА Купот и Лигата на шампионите, додека беа на четвртата позиција во англискиот шампионат. /МИА

Пешевска: На 8 Мај ќе се случи потоп

 „Лицемерно е да се каже во предизборие дека власта понудила решение за платите“

Македонските граѓани покажаа дека Гордана победи во 60 општини, од кои во 17 се градоначалници од актуелната власт, Актуелниот претседател победи само во 3 општини во првиот круг. Тоа е јасен показател дека на 8 Мај ќе се случи потоп. Во државата опозиционерското движење е масовно. Лицемерно е да се каже во предизборие дека власта понудила решение за платите, каде бевте изминатите три години да го предложите? Ние треба да работиме на подобрување на БДП и реална анализа во кои сектори треба да се покачат платите, колку индустриски сектори се затворија поради нереалните политики. Фокусирани сме на квантумот на гласови, добро ни оди на терен низ цела држава, по изборите ќе се преговара со програмски усогласените партии со нас партии, рече Жаклина Пешевска во Само Вистина.

притисни ентер