Наскоро премиера на новиот Волво EX60 со досег од 810 километри - Канал 5

Наскоро премиера на новиот Волво EX60 со досег од 810 километри

Волво се подготвува да го претстави својот клучен нов електричен автомобил, и се чини дека доаѓа со адути што ќе ја загрижат конкуренцијата. 

Наскоро премиера на новиот Волво EX60 со досег од 810 километри

Новиот SUV EX60 ќе биде претставен подоцна овој месец, но шведскиот производител веќе ја разбуди имагинацијата на јавноста објавувајќи бројки за досег што ги надминуваат сите моментално понудени од конкурентите од БМВ, Мерцедес и Тесла, а воедно навести дека би можел да понуди и седум седишта. Официјалната презентација е закажана за 21 јануари.

Досег и товар што ги засрамија конкурентите

Иако ќе мора да почекаме за целосната техничка слика до премиерата, фактот дека помладиот брат на моделот EX90 нуди дури 810 км електричен досег според циклусот WLTP е сама по себе главна вест. За споредба, сосема новиот BMW iX3 може да помине до 805 км, додека GLC 400 на Мерцедес со EQ технологија, претставен минатиот септември во Минхен, нуди досег од 713 км. Дури и Model Y на Тесла во својата верзија со најдолг досег не може да го надмине ограничувањето од 644 км. Волво, исто така, ветува дека сопствениците нема да губат премногу време на бензинските пумпи. Благодарение на архитектурата од 800 волти, EX60 ќе може да додаде 340 км опсег за само 10 минути полнење. Покрај тоа, компанијата нуди и 10-годишна гаранција за батеријата.

Безбедност и технологија на иднината

Преку претходните тизери, веќе добивме увид во задниот дел и профилот на автомобилот, а сега Волво ни го покажа и предниот дел. Доминираат препознатливите дневни светла во облик на „Торовиот чекан“, изведени во сегментирана LED технологија, а забележливи се и ADAS сензорите лоцирани под страничните ретровизори.

EX60 е првиот Волво што ја користи новата платформа SPA3, надградена верзија на архитектурата SPA2 на која се базира поголемиот EX90. Тоа ќе биде и првиот модел на брендот опремен со новиот адаптивен сигурносен појас на Волво. Овој систем користи сензори за да ја одреди висината, тежината и обликот на телото на патникот за да ја прилагоди силата на затегнување на безбедносниот појас во случај на судир.

Изненадување во багажникот: Простор за седуммина?

За разлика од неговите главни конкуренти, првенствено германската конкуренција BMW iX3 и Mercedes GLC, кои се достапни исклучиво со пет седишта, се чини дека EX60 би можел да понуди и трет ред седишта скриени под подот на багажникот. Иако Volvo сè уште официјално не го потврди тоа, објавената слика од багажникот јасно сугерира дека две дополнителни седишта се преклопени таму.

Сличната слика ги прикажува и држачите за седишта во третиот ред што се делат 50:50, и се чини дека дури и со седиштата горе, сè уште би имало доволно простор за неколку торби за пазарење. Повеќе детали ќе дознаеме на 21 јануари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Што промени светската музичка ѕвезда,  Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа  вака супер на 57 години.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело.

Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање.

Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога.

Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена.

Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Најпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. 

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот.

На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално.

https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed

„Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото.

Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

Еврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви.

Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција.

Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер