Наскоро премиера на долго очекуваниот петти продолжеток на „Индијана Џонс“ (ВИДЕО) - Канал 5

Наскоро премиера на долго очекуваниот петти продолжеток на „Индијана Џонс“ (ВИДЕО)

Со нетрпение очекуваниот петти филм од серијалот за смелиот археолог Индијана Џонс, кој за последен пат го игра Харисон Форд, ќе биде премиерно прикажан на Канскиот филмски фестивал во мај, потврдија организаторите.

Наскоро премиера на долго очекуваниот петти продолжеток на „Индијана Џонс“ (ВИДЕО)

Indiana Jones and the Dial of Destiny, со Фиби Волер-Бриџ и Антонио Бандерас заедно со Форд, е петтиот дел од акционата франшиза.

Форд веќе најави дека тоа ќе биде неговото последно појавување како снаодлив археолог. За прв пат го отелотвори во 1981 година во филмот Raiders of the Lost Ark.

Претходниот филм, Индијана Џонс и Кралството на кристалниот череп, исто така беше премиерно прикажан во Кан во 2008 година.

Дејствието на петтиот Индијана Џонс е сместено за време на вселенската трка од 60-тите години на минатиот век и содржи флешбек дел во кој 80-годишниот актер дигитално остарел.

YouTube video

Петтиот дел од серијата е првиот во серијата што не е режиран од Стивен Спилберг. Тој ја потпиша продукцијата на филмот, но режисерските узди му ги предаде на Џејмс Манголд.

„Во 1995 година имав чест да дојдам во Кан со мојот прв филм Heavy. Дваесет и осум години подоцна, горд сум што се враќам со малку поголем спектакл“, изјави Манголд за новинарите.

Американскиот режисер постигна бројни холивудски блокбастери, како што се Логан (2017), Форд против Ферари (2019) и биографскиот филм за Џони Кеш, Walk the Line (2005).

Фестивалот во Кан оваа година ќе трае од 16 до 27 мај, а неговата целосна официјална програма ќе биде објавена во следните неколку недели.

Потврдено е дека најновиот филм на Мартин Скорсезе и Леонардо ди Каприо, Killers of the Flower Moon, ќе ја има својата премиера на фестивалот на 20 мај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Панел-дискусија на тема „8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци“

Во Вила Водно утринава се одржува и панел-дискусија на тема „8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци“.

Панел-дискусија на тема „8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци“

На оваа панел-дискусија претседателката Сиљановска-Давкова и поранешни политичари, државни функционери, пратеници, новинари и јавни личности ја споделија својата перспектива за политичките,институционалните и општествените процеси што доведоа до создавањето на независна македонска држава.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се преврте товарно возило на Битола-Прилеп

Од 07:40 часот, сообраќајот за тешки моторни возила на патниот правец Р1101 Битола – Прилеп е во прекин, соопшти АМСМ.

Се преврте товарно возило на Битола-Прилеп

Товарно моторно возило излетело од патот Битола – Прилеп кај селото Беранци. Засега нема информации за повредени.

Според СВР Битола сообраќајот е во прекин за товарни возила, додека патничките возила се пропуштаа наизменично.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Убиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале

Убиено е  26 годишно момче во Чаир , потврдија од Министертвото за внатрешни работи. 

Убиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале

Настанот се случил синоќа околу 23 часот и 30 минути во СВР Скопје во близина на раскрсница помеѓу улиците „Прохор Пчински“ и ,,Војдан Чернодрински“ во Скопје. Пред излог на фирма стоеле 5 лица на возраст од 24 до 36 годишна возраст сите од Скопје, кога до нив застанал мотоцикл на кој имало две лица, кои пукале со огнено оружје кон групата, по што се дале во бегство. Еден од проектилите го погодил 26 годишниот А.М. кој со возило на итна медицинска помош бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде починал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер