Наскоро почнува летното сметање на времето: Совети од експерти за брзо приспособување на биоритамот - Канал 5

Наскоро почнува летното сметање на времето: Совети од експерти за брзо приспособување на биоритамот

 Нa 29 март, поточно ноќта меѓу сабота и недела, точно во 2 часот наутро, стрелките на часовникот се поместуваат на 3 часот. 

Наскоро почнува летното сметање на времето: Совети од експерти за брзо приспособување на биоритамот

Во тој миг, еден час од нашиот викенд исчезнува.

Правилото е едноставно: Напролет, стрелките одат напред. Со други зборови, се движиме кон летото и подолгите денови, иако имаме еден час помалку за сон. И, за разлика од дел од луѓето, повеќето паметни телефони и часовници автоматски ќе се приспособат на новото време.

Зошто оваа промена е толку тешка?

Може да изгледа чудно што само еден час предизвикува таков проблем, но човековото тело не е „програмирано“ за такви моментни временски промени. Во средиштето на сѐ тоа е циркадијалниот ритам - внатрешниот биолошки часовник којшто одлучува кога човекот е буден, кога се чувствува поспано и за функционирањето на бројни други процеси во телото. И, одеднаш, тој внатрешен часовник се наоѓа вон чекор со реалното време.

Затоа, првиот понеделник по промената, многу луѓе се будат поуморни од вообичаеното, попоспани, помалку сосредоточени и воопшто - со поинакво расположение.

Зошто воопшто ги поместуваме стрелките на часовникот? Идејата за прилагодување на времето датира од Првата светска војна. Германија беше меѓу првите што воведе летно сметање на времето, со цел да се заштеди енергија и да се намали потрошувачката на јаглен.

Меѓутоа, денес многумина веруваат дека менувањето на стрелките носи повеќе непријатности отколку корист, бидејќи во современиот свет, заштедите на енергија не се големи, додека луѓето сè повеќе се жалат на нарушувања на сонот и дневните рутини.

Сепак, според експертите, постојат неколку едноставни трикови што може да му помогнат на телото полесно да се приспособи на новиот ритам. Во таа смисла, првиот совет гласи: Постепено поместете го своето време за спиење наназад.

Експертите препорачуваат да не се чека сабота навечер, туку луѓето да се обидат да си легнат 15 - 20 минути порано од вообичаеното во четврток и петок. Ова ќе му олесни на телото да ја прифати промената.

Искористете ја природната светлина

Тие, исто така велат дека веднаш треба да се пушти дневната светлина во спалната соба. Сончевата светлост наутро и преку целиот ден му помага на телото побрзо да се приспособи на новиот ритам.

Следниот совет: Откако ќе се разбудите, испијте прво чаша вода, по можност млака, со лимон. Кафето следи отпосле. Хидратацијата му помага на телото да се разбуди и полесно да го започне денот.

Искористете ја неделата за одмор. Денот кога се поместува времето не е наменет за напорни обврски. Тој неделен ден треба да е помине што е можно помирно, без стрес и обврски.

Добрата страна на промената на времето

Иако губиме еден час за спиење, промената на часовникот носи и голема предност - подолгите денови и повеќе светлина во вечерните часови, велат познавачите. Ова значи дека по работните часови, ќе имаме повеќе време за прошетки, дружење, престој надвор во природа и уживање во пролетното време. Сонцето ќе зајде подоцна, па вечерта ќе биде потопла и попријатна...

Затоа, на крајот на краиштата, и покрај почетниот замор, телото ќе ги почувствува и подолгите денови, поголемата енергија и вистинското чувство дека пролетта конечно пристигнува.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Брисел го откри планот за Украина

Европската унија подготвува планови за четири земји-кандидати, кои вклучуваат индикативни целни датуми за завршување на преговорите за пристапување.

Брисел го откри планот за Украина

Што се однесува до Украина, како можен временски рамка се споменува крајот на 2029 година, според објава на социјалната мрежа „X“ од Рикард Јозвиак, уредник за Европа во Радио Слободна Европа.

Како што пренесува „Европска правда“, Јозвиак нагласи дека овој датум се однесува на завршувањето на преговорите за пристапување, а не на самиот момент на зачленување во Европската унија.

Според овие индикативни планови, Црна Гора би можела да ги заврши преговорите во текот на 2026 година, додека за Молдавија се споменува временски период од крајот на 2027 до почетокот на 2028 година.

За Украина, крајот на 2029 година првично беше спомнат како индикативен рок за завршување на преговорите за пристапување.

Сепак, Јозвиак подоцна појасни дека, во случајот со Украина и Молдавија, плановите нема да се фокусираат на конечното завршување на преговорите, туку на дефинирање на очекувањата за 2027 година. Попрецизни временски рамки за завршување на преговорите со овие земји ќе бидат утврдени во подоцнежна фаза.

Овие датуми претставуваат индикативни цели, а не гаранција дека преговорите ќе бидат завршени до предвиденото време, ниту пак дека земјите дотогаш ќе станат членки на ЕУ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Путин предизвика хаос во Вашингтон

Демократите побараа од големите американски банки и пристанишните управи да ги зачуваат документите и преписките поврзани со потенцијалниот увоз на руски дизел, пренесува американскиот медиум „Аксиос“.

Путин предизвика хаос во Вашингтон

Доколку партијата ја врати контролата врз барем еден од домовите на Конгресот, истрагата за овој аранжман ќе стане приоритет.

Законодавците сметаат дека ваквиот договор би можел да претставува кршење на забраната за увоз на руски нафтени деривати – воведена во 2022 година – и дека тој, всушност, би можел да помогне во финансирањето на војната против Украина.

Сепак, Министерството за финансии на САД тврди дека договорот е во согласност со законот.

Испратени се дописи до банки, меѓу кои „JPMorgan“, „Bank of America“, „Citi“, „Wells Fargo“, „ Goldman Sachs“ и „Morgan Stanley“, како и до пристанишните управи во Хјустон, Бомонт, Корпус Кристи и Њујорк – Њу Џерси.

Демократите бараат потврда дека документите се зачувани, како и обелоденување на информации за сите потенцијални или веќе реализирани трансакции.

Вреди да се напомене дека американскиот претседател Доналд Трамп најави изненадувачки „договор за дизел“ со рускиот претседател Владимир Путин, со цел да се реши проблемот со вртоглавиот раст на цените на дизелот во САД, пред изборите на средината на мандатот, закажани за 3 ноември 2026 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)

Граѓани вечерва се собраа пред зградата на телевизијата Пинк во Белград, неколку часа откако група демонстранти влегоа во просториите на Информер. Полицијата беше распоредена пред Пинк, а толпата фрлаше јајца кон зградата.

Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)

Полициски кордон се повлече од улицата и се распореди директно пред влезот во зградата на телевизијата. Возачите што минуваат покрај толпата свират со своите сирени во знак на поддршка. Досега нема извештаи за граѓани што влегле во зградата на Пинк или за некои поголеми инциденти. Не е објавено колку луѓе се собрале пред телевизијата.

Пинк е еден од највлијателните провладини медиуми во Србија со години. Во својот извештај за 2026 година, Институтот за проучување на новинарството на Ројтерс ги рангира Пинк и Информер меѓу најкористените провладини медиумски брендови.

Податоците од Бирото за социјални истражувања покажуваат и колку Александар Вучиќ бил претставен на Пинк. Од почетокот на јануари до крајот на јули оваа година, тој добил повеќе од 28 часа програма на таа телевизиска станица, а во 74,7 проценти од тоа време бил прикажан позитивно.

Денес, неколку десетици граѓани и студенти се собраа пред редакцијата на Информер, а некои од нив влегоа во зградата и побараа јавно извинување од главниот уредник, Драган Ј. Вучиќевиќ, за начинот на кој медиумот известуваше за студентите, демонстрантите и противниците на владата.

За време на преносот во живо, Вучиќевиќ тврдеше дека станува збор за „криза со заложници“, повика полиција и брза помош и се обиде да го контактира Илија Срдановиќ, првиот на Студентската листа. Протестите пред Информер и Пинк доаѓаат еден ден откако Студентската листа победи на парламентарните избори, а Вучиќ го призна поразот.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер