Наскоро лекот против ковид ќе чини 20, наместо 700 долари - Канал 5

Наскоро лекот против ковид ќе чини 20, наместо 700 долари

Агенцијата за патенти на ОН склучила договор со речиси 30 фармацевтски компании за производство на генерички верзии на лекот молнупиравир против ковид-19 од Мерк, за посиромашните нации.

Наскоро лекот против ковид ќе чини 20, наместо 700 долари

На овој начин, ОН сакаат да обезбедат пристап до лекот за повеќе земји и луѓе во обид да ја потиснат пандемијата на коронавирус.

За потпишување на договорот со Мерк е задолжена Агенцијата за патенти за лекови на ОН (MPP). Договорот ќе ја прошири листата на компании кои ќе го произведуваат овој антивирусен експериментален лек, со што значително ќе се зголеми количината и достапноста на молнупиравир.

Претходно оваа година, Мерк потпиша билатерален договор за лиценцирање со осум индиски производители на генерички лекови, вклучувајќи ги Aurobindo Pharma, Cipla Ltd, Dr. Reddy's Labs, Emcure Pharmaceuticals, Hetero Labs, Sun Pharmaceuticals и Torrent Pharmaceuticals.

Сега новиот договор ќе им овозможи на компаниите - 27 од нив од Кина, Индија, Африка, Азија и Блискиот Исток - да произведуваат состојки и готов производ.

Лекот на Мерк доби одобрение за итна употреба во САД во декември, откако се покажа дека за 30 проценти го намалува ризикот од болничко лекување и смрт кај пациенти со висок ризик.

МПП наведува дека лекот, според договорот, ќе се дистрибуира во 105 помалку развиени земји, а ќе чини околу 20 американски долари. Тоа е пакување од 40 таблети за пет дена. Соединетите држави претходно се согласија да платат 700 долари за една терапија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рафиња, па Меси, а пред двајцата – Роналдо

 Бразилецот Рафиња и Барселона се недостижни за конкуренцијата во оваа рана фаза од сезоната.

Рафиња, па Меси, а пред двајцата – Роналдо

Каталoнците ја остварија својата седма победа во исто толку натпревари – и тоа седма убедлива и доминантна – во саботата навечер против Севиља (3:1).

Рафиња повторно беше централна фигура на натпреварот оваа сезона. Тој постигна нов хет-трик, втор по ред (му даде три гола и на Расинг во претходното коло) и ја продолжи својата неверојатна серија, потврдувајќи дека е во формата на својот живот. Со тоа, тој веќе го надмина рекордот на легендарниот Лионел Меси по бројот на голови во првите седум натпревари од сезоната.

Напаѓачот на Барса моментално има постигнато 12 гола во Ла Лига – еден повеќе од легендарниот Аргентинец – но сепак му недостасува уште еден гол за да го израмни рекордот на Кристијано Роналдо. Португалецот своевремено, во сезоната 2014/2015, постигна 13 гола на првите седум натпревари од сезоната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пет повредени во сообраќајка на магистралниот пат Охрид-Ресен

Министерсвото за внатрешни работи соопшти дека вчера во 17:30 часот, на магистралниот пат Охрид-Ресен, во близина на охридското село Опеница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу две возила. 

Пет повредени во сообраќајка на магистралниот пат Охрид-Ресен

Министерсвото за внатрешни работи соопшти дека вчера во 17:30 часот, на магистралниот пат Охрид-Ресен, во близина на охридското село Опеница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сузуки витара“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.Р.(67) од Велика Британија и патничко возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Х.Б.(28) од битолското село Буково. Притоа, со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, се здобиле Д.С. и И.З., сопатници во возилото „опел“ додека кај М.Ј.Р (возач на возилото „сузуки витара)“ и А.С. и А.С., сопатнички во возилото „опел“, во Општата болница во Охрид, биле констатирани телесни повреди. По насоки на јавен обвинител, увид на местото на незгодата изврши екипа на СВР Охрид, стои во билтенот на МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Распродавачите на националните интереси СДС и Филипче, велат дека Македонија не е на продажба и не сакаат државата да се развива

Оние кои и ги направија најголемите предавства, кои го сменија името, потпишаа бланко документ за бугарските барања и ги распродаваа националните интереси, Венко Филипче и СДС, велат Македонија не е на продажба.

ВМРО-ДПМНЕ: Распродавачите на националните интереси СДС и Филипче, велат дека Македонија не е на продажба и не сакаат државата да се развива

Која иронија од оние кои додека го менуваа името ги убедуваа граѓаните дека со тоа Македонија ќе стане членка на ЕУ и така ќе ја омажеле во богата фамилија, а сега се против секој развој државата, а добивме само слика од авион.

Тоа се луѓето како Филипче и Зоран Заев кои дебело профитираа од промената на името и распродажбата на националните интереси, па сега имаат за златни визи и милионски инвестиции во високо катница, станови во Дубаи, додека државата се пљачкаше, а граѓаните осиромашуваа.

Тоа се тие Филипче и Заев кои ветуваа бесплатно европско здравство, а граѓаните добија руинирано здравство, само со провизии за вакцини, проценти за модуларните болници, наместени тендери и набавки.

Тоа се истите луѓе, кои ликуваат неуспех и застој на Македонија, со фирми во Бугарија, јахти во Грција, акции во индиски авиокомпании.

Додека владата се бори за инвестиција плус која ќе донесе развој на економијата, високата технолошка индустрија, рударството, повеќе работни места, СДС и Филипче се против.

Тие не сакаат во Македонија да се градат рудници и дата центри, зошто тие признаваат само марихуана економија со лиценци за медицински канабис само за блиските до струмичкиот клан.

Двојните стандарди на Филипче и СДС на кои му смета Дејвид Гета, но нема ништо против на приватна журка со Заев во Дубаи да му пее Харис Џиновиќ, нема да им поминат.

Тоа граѓаните го гледаат и затоа засекогаш ќе останат вечна минорна опозиција, пред исчезнување.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер