3Цветаноски: Македонија со највисока стапка на западнонилска треска во Европа– тотална неспособност на Клековски и Мицкоски
ТехнологијаНаскоро ќе полета најголемиот авион на светот (ВИДЕО)Белуга XL , најновиот Ербас и еден од наочекуваните и најголем авион на светот се очекува деновиве да почне да лета.Најголемиот авион Белуга XL , ги заврши пробните летови на аеродромот Хаварден во Велс, а во текот на годинава ќе почне и со комерцијални летови. Во време кога се затвораат големите авиони , како што се Ербас А380 или Боинг 747 , почнува да лета Белуга , но нема да биде патнички авион. Ќе служи како транспортер , а Ербас го изработи за транспорт на компоненетите на своите летала во производните погони во Тулуз , Хамбург и Тјенџин. Белуга XL е наследник на авионот Белуга од 1995 , но е подолг шест метри од својот претходник. Неговиот изглед го одбраа 20 000 вработени во компанијата , кои со 40 % од гласовите одбраа најголемиот авион да има наслеан лик на голем делфин. Овој товарен авион е толку голем , што со него може да се превезуваат две крила на авионот А350 . Колку за споредба досегашната Белуга можеше да превезе само едно крило .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Граѓаните бараат решенија, надлежните претпријатија мора да си ја завршат работатаОпштина Центар и овој викенд е на терен. Вчера и денеска со два багери и два камиони се расчистуваат диви депонии во Крњево, Маџир Маало и Ново Маало, а паралелно продолжува и чистењето на локациите кои беа зафатени од невремето.До Општина Центар секојдневно пристигнуваат голем број поплаки од граѓани за натрупан отпад, неисчистени јавни површини, паднати гранки и зеленило. Иако дел од овие обврски не се во надлежност на Општината, општинските екипи излегуваат на терен и интервенираат таму каде што е потребно, затоа што проблемите не можат да останат нерешени на штета на граѓаните. Градоначалникот Горан Герасимовски упати апел до ЈП „Комунална хигиена“ и ЈП „Паркови и зеленило“ редовно и навремено да ги извршуваат обврските за кои се надлежни. „Граѓаните не треба да бидат заложници на тоа кој за што е надлежен. Тие со право очекуваат чисти улици, собран отпад и уредени јавни површини. Најголем дел од поплаките завршуваат кај нас во Општина Центар и затоа реагираме секогаш кога можеме. Но, не можеме трајно да ги преземаме обврските на другите институции. Апелирам до ЈП „Комунална хигиена“ и ЈП „Паркови и зеленило“ да бидат присутни на терен и да си ги извршуваат своите надлежности. На граѓаните им треба решение, а не префрлање на одговорноста“, порача Герасимовски. Општина Центар ќе продолжи со расчистувањето на критичните точки и со интервенциите по невремето. Истовремено, апелираме и до граѓаните да не оставаат отпад на јавните површини и да не се создаваат нови диви депонии на местата што се расчистуваат. Со почит, Одделение за односи со јавност Општина Центар - СкопјеТагови: Горан Герасимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Мицкоски бара алиби за изборите - ќе му го дадат руската и српската службаМицкоски бара алиби за избори. Кажува дека нема да има предвремени избори, но може ако некој му фрли ракавица. СДСМ јасно порача дека нема да биде алиби на Мицкоски. Тој не сака да признае дека нема пари во буџетот. Сè потрошил за криминални тендери. Секоја недела нови задолжувања, но тоа нема да може да оди во недоглед. Сепак, за секое задолжување или кредит, потребни се гаранции. Со водење на ваква економија од денес за утре, нема да добие можност за ново задолжување. Го нема повеќе Орбан, па да пласира кинески пари преку Унгарија во земја членка на НАТО. Сега скока Левица, стариот добар руски сателит во заштита на Мицкоски. Мицкоски е руски прокси-играч. Исклучиво работи за лична материјална корист, но истовремено ја исполнува и руската и српската анти-ЕУ агенда. Единствено ним им одговара Македонија да остане надвор од ЕУ, како тампон-зона. Ова лично му одговара и на Мицкоски, бидејќи со ЕУ доаѓа и европското обвинителство, а тогаш некој ќе мора да одговара за криминал и корупција. Владата и Мицкоски немаат ниту еден резултат. Економија, земјоделство, образование, здравство, дипломатија - ЕУ процесот. Ништо. Вучиќ најави избори. Мицкоски мора да ги распише изборите во исто време со него. Не може да чека тој да изгуби како и другиот негов ментор Орбан, кој целосно ја изгуби власта. Мицкоски, покрај 40 проценти орбанови медиуми, воведува тешка српска медиумска артилерија преку АЛО групата и лиценцата на Euronews. Кампањата е заснована на поделби по моделот на Ванчо Михајлов. Повеќе не можат да ги користат Бугарите во кампања како минатиот пат, бидејќи се компромитираа - цело ВМРО и нивните семејства не само што имаат бугарски државјанства, туку и фирми. Потребен е нов измислен противник. Ќе го најдат, ќе го измислат кај Албанците. Веќе видено сценарио - тоа не е потребно само за националистичката кампања на ВМРО во Македонија, туку и за менторот Вучиќ. Затоа Стоилковиќ деновиве е во Србија на договори со СНС. На Мицкоски му треба алиби - ќе го добие од српските и руските служби, преку своите сателити во Македонија. Народе, гледајте го сценариото во режија на Александар Вучиќ. Мицкоски е само главната улога. СДСМ нема да учествува во оваа игра. Нема да бидеме алиби. Граѓаните заслужуваат вистина, а не режирана претстава. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:3073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска18:0073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
МакедонијаЦветаноски: Македонија со највисока стапка на западнонилска треска во Европа– тотална неспособност на Клековски и МицкоскиДве здравствени кризи. Со водата во Гостивар, труењето на 5.000 луѓе и новата криза со епидемија од западно-нилската.Заедничко и за двете кризи е дека власта на Мицкоски задоцнето реагира. Нема капацитет да превенира и да го заштити здравјето на граѓаните, туку реагира дури откако кризата ќе ескалира. И наместо работа и Мицкоски и Клековски си заминаа на екскурзија, на одмор, среде кризи. За Гостивар се уште никој нема објавено документ, го нема целиот извештај за водата. Нема кој одобрил, кој потпишал. Нема ниту одговорен, никој од власта не одговара за пропустите, заедоцнетите реакции на здравствените институции. Кризата со западно нилската треска исто така. Повторно задоцнети реакции, пропусти, нема одговорност. Дури и со прскање на комарци закаснија. Резултатот е Македонија е земја во Европа со најмногу случаи по глава на жител. Според податоците од Европскиот центар за спречување и контрола на болести (ECDC) стапка на инциденца (случаи по глава на жител) од западнонилска треска е највисока во Македонија. Досега има пет жртви. Во моментов се хоспитализирани 21 лице. Во критична состојба се наоѓаат уште четири лица. Меѓу хоспитализираните има и едно помладо лице на 25-годишна возраст. Речиси секојдневно се примаат нови болни. Справување со епидемија не е прскање против комарци и прес-конференција. Мора да има силен системски одговор со сет на мерки и активности. Тоа досега не го видовме. Власта не успева да се справи со кризата. Видовме тотален распад, институционален колапс и неспособност. Клековски ги затвора базените кои Мицкоски ги отвораше, пред некој ден изјави дека вазните на гробиштата се проблем за комарците. Граѓаните се прашуваат знае ли Клековски што зборува, знае ли што прави? Тотален распад, неспособност. СДСМ бара повторно: Формирање Национален оперативен штаб со јасна одговорност, Национална GIS карта на епидемијата и ризикот. Интензивен ентомолошки надзор, тестирање на комарци за западно-нилски вирус. Мапирање и уништување на местата за размножување, интегрирана контрола на векторите, јавен дневен извештај за состојбата и проценка на ризикот во цела држава. Доста беа импровизации, за здравјето на луѓето се работи. Прес конференција на СДСМ, Симона Цветаноски – членка на Извршниот одборТагови: Симона Цветаноски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:3073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска18:0073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10