Хаџиевска: Герасимовски и СДС се неспособни да се справат со наездата на глодари, а камоли да ја водат општина Центар
1Хаџиевска: Герасимовски и СДС се неспособни да се справат со наездата на глодари, а камоли да ја водат општина Центар
2Скопје станува европски центар на танцот: Официјално најавено „IDO European dance championship 2026“
МакедонијаНасилство во училиште во Влае - 14-годишник завршил со скршени прсти и повреди на главатаВо средата во училишниот двор дошло до физичка пресметка.Четиринаесетгодишен ученик од основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во Влае завршил со скршени прсти и повреди на главата, откако во средата во училишниот двор дошло до физичка пресметка меѓу него и дете кое повеќе не е ученик во ова училиште, но претходно учело таму. Станува збор за малолетник кој е згрижен во „отворен“ дом за деца без родители, а кој, според полициски изваштаи, и претходно бил инволвиран во насилен инцидент во истото училиште, кога нападнал наставничка. Речиси две години подоцна, повторно се случува насилство во кое учествува, во истото училиште. Шабан Чаколи, таткото на повреденото дете, вели дека на тепачката ѝ претходела вербална расправија поврзана со содржини на социјалните мрежи, но стравува дека отсуството на навремена и ефикасна институционална реакција може да доведе до ескалација на насилството. „Денес е моето дете, утре може да биде друго. Овој пат со тупаници, а следното насилство може да биде и со нож“, вели Чаколи, кој апелира надлежните конечно сериозно да пристапат кон проблемот. „Прашав што е проблемот. Ми кажаа дека е поради недоразбирање на социјалните мрежи, со телефоните. Го барав син ми, а кога влегов внатре во училиштето, го видов раскрварен, раката му беше потечена, кога видов дека е тепан, го земав и веднаш го однесов во болница. Значи беше повреден на главата, скршена рака, поточно прст од раката. Сакам да се реши еднаш засекогаш, бидејќи сега му се случило на моето, утре може ќе се случи на друго дете. Дента се тепал со раце, но утре може да искористи нешто друго и да направи поголема беља, тогаш што ќе правиме.“- Шабан Чаколи – родител Инцидентот е пријавен во полиција, потврдуваат за Канал 5 од Министерството за внатрешни работи. Оттаму информираат дека се преземаат дејства за целосно расчистување на случајот. Во меѓувреме, од училиштето велат дека постапиле согласно своите надлежности и дека веднаш биле преземени мерки за зголемување на безбедноста. -Иако станува збор за случување во училишниот двор, се работи за изолиран инцидент помеѓу деца кои порано биле и другари. Сепак, како мерка за претпазливост, ангажиравме двојно повеќе обезбедување. Нашите ученици треба да се чувствуваат безбедно.- Лела Николоска – директорка на ОУ „Димо Хаџи Димов“ Од домот во кој е згрижено малолетното лице за Канал 5 информираат дека со него континуирано работат стручни служби – психолози и педагози – и дека детето во моментов е ученик во средно училиште. Од Центарот за социјални работи пак велат дека по добивањето на официјалниот полициски извештај ќе се одлучува за понатамошните постапки, во координација со надлежните институции. Овој инцидент повторно го отвора прашањето за тоа дали државата обезбедува доволна грижа за децата кои се под институционална заштита и дали пропустите во тој систем директно влијаат на безбедноста во училиштата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
НБАБраќата Томпсон испишаа историја во НБА – договори вредни 363 милиони долари Младите кошаркари, Аусар и Ајмен Томпсон испишаа историја во НБА, станувајќи првите браќа кои потпишале договори во вредност од најмалку 100 милиони долари.Вкупната вредност на нивните нови договори изнесува 363 милиони долари. Кошаркарот на „Детроит Пистонс“, Аусар Томпсон, се договори за продолжување на договорот на пет години во вредност од 155 милиони долари, при што договорот е целосно загарантиран, пренесува ESPN. Неговиот брат близнак, Амен, претходно овој месец потпиша петгодишен договор вреден 208 милиони долари со „Хјустон Рокетс“. Браќата Томпсон пристигнаа во НБА во 2023 година. „Хјустон“ му укажа доверба на Амен избирајќи го како четврти пик на драфтот, додека „Детроит“ веднаш потоа, од петтата позиција, го избра Аусар. Аусар беше избран во првата дефанзивна петорка на НБА минатата сезона, откако оствари просек од 9,9 поени, 5,7 скока, 3,1 асистенција и 2,0 украдени топки по натпревар – најмногу во лигата. Во гласањето за најдобар одбранбен играч во лигата, тој го зазеде третото место. Тој исто така одигра одлични натпревари во плејофот, каде што оствари просек од 2,0 украдени топки и 1,8 блокади по натпревар на вкупно 14 средби. Томпсон стана и првиот играч по Ентони Дејвис во 2020 година кој забележал најмалку 25 украдени топки и 25 блокади во една плејоф-серија. Ниту Ајмен не заостанува многу зад својот брат кога станува збор за одбраната. Минатата сезона, тој беше избран во првата дефанзивна петорка на НБА-лигата, додека во нападот ги оствари најдобрите бројки во својата кариера. Минатата сезона, тој имаше просек од 18,3 поени, 7,8 скока, 5,3 асистенции и 1,5 украдени топки по натпревар во дресот на Хјустон. Браќата Томпсон уште во раната фаза од своите кариери обезбедија договори што ги вбројуваат меѓу најплатените млади играчи во НБА.Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
МакедонијаХаџиевска: Герасимовски и СДС се неспособни да се справат со наездата на глодари, а камоли да ја водат општина ЦентарНе стивнуваат реакциите во јавноста дека глувци и стаорци ја преплавија Општина Центар. Секојдневно сме сведоци на живи или угинати глодари пред нашите влезови, училишта, паркинзи, тротоари и пешачки патеки.Горан Герасимовски и неспособните кадри на СДС се на чекор да ја вратат општината во 15-ти век. Период засекогаш запомнет поради болестите кои ги пренесувале овие животни. Мене, како мајка, особено ме загрижува последниот пример со инфестацијата кај основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“. Вистински ризик за најранливите, ризик за здравјето на нашите најмили. Да не заборавиме дека во непосредна близина се наоѓа и градинката 13 ноември, со што во опасност се ставени и најмалите деца. Градоначалникот Герасимовски е должен да одговори како ние, родителите, да ги пуштиме своите деца надвор да си играат, а притоа да не се сомневаме дека нема да дојдат во контакт со површини на кои се движат глувци и стаорци? Должен е да одговори дали ја гарантира безбедноста и здравјето на учениците во „Песталоци“? Важно е да се потсетиме дека според член 15 од Закон за Град Скопје, дератизација е надлежност на општините, па прашање е дали градоначалникот и Општина Центар потфрлаат во надлежностите и обврските со кои се задолжени. Почитувани, Ова не е случајно. Ова е резултат на мрзеливоста и неспособноста на Горан Герасимовски и неговите сопартијци. Кадрите на СДС, по мерка на Зоран Заев и Венко Филипче, не знаат да се справат со глувци и стаорци, а камоли да водат општина. Овие луѓе успеаја да направат да се срамиме од она во што се претвора нашата општина. Некомпетентни лица, проследени со секојдневни скандали, не смеат да раководат со срцето на градот! Ана Хаџиевска, член на ОК Центар на ВМРО - ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
МакедонијаБруцошите добија дополнително време за да аплицираат за место во студентски домМинистерството за образование и наука го продолжи рокот за аплицирање на бруцошите за сместување во студентските домови.Министерството за образование и наука го продолжи рокот за аплицирање на бруцошите за сместување во студентските домови, откако се покажа дека дел од студентите примени во вториот уписен рок немаат доволно време да го завршат уписот и да обезбедат потврда дека се редовни студенти. Проблемот се појави кај кандидатите од вториот уписен рок. На дел од факултетите при уким запишувањето на примените студенти е закажано за 21 септември, односно еден ден по првично утврдениот рок за студентските домови. Без завршен упис, тие не можат навреме да обезбедат потврда за редовен студент – еден од документите потребни при аплицирањето. Токму поради тоа мон го продолжи рокот, со цел и студентите кои ќе го завршат уписот во вториот уписен рок да можат да ја обезбедат потребната документација и рамноправно да конкурираат за сместување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook