СветНасилни судири меѓу полицијата и антивладините демонстранти во ЛимаОколу 500 луѓе учествуваа во демонстрациите против владините политики во Лима синоќа, кои се претворија во насилни судири со полицијата.Организиран од младинскиот колектив „Генерација З“, митингот доведе до судири со полицијата кога демонстрантите се обидоа да се приближат до зградата на владата и парламентот. Полицијата употреби солзавец за да ги растера групите демонстранти кои одговорија со камења и стапови. Слики од повредени лица кружеа на социјалните медиуми. Полицијата соопшти дека тројца нивни полицајци се повредени. Протестот е дел од растечките социјални немири во Перу, при што демонстрантите ја осудуваат корупцијата и пензиската реформа одобрена од парламентот. Во последните фази од нејзиниот мандат, кој завршува на 28 јули следната година, претседателката Дина Болуарте доживува рекордна непопуларност, главно поради порастот на организираниот криминал. Оваа недела, законодавното тело одобри закон со кој се бара од младите лица над 18 години да се приклучат на приватен пензиски фонд, и покрај несигурните услови за работа со кои се соочуваат многумина во земјата. 🔴PERU 🇵🇪| #Protest : an anti-government demonstration brought together hundreds of demonstrators, mostly young Peruvians, in the capital #Lima. As riots are spreading, the protesters clashed with the police, who used tear gas with stones and sticks. Several people were arrested. pic.twitter.com/CGuexg4VhH — Nanana365 (@nanana365media) September 21, 2025 Тагови: Перу Лима Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПродолжува судењето на апелацискиот судија Ѓоко РистовПродолжува судењето на апелацискиот судија Ѓоко Ристов. Тој е обвинет за непријавување имот, прикривање имот и перење пари, откако истражителите пронајдоа заѕидани 350.000 евра во кујната од домот на неговите родители во Неготино. Судијата Ристов негира вина и тврди дека парите не се негови, а одбраната најави презентирање документи за потеклото на средствата. Случајот го води судијката Билјана Коцевска од одделот за гонење организиран криминал. Вчера се случи и инцидент во кој беше опожарен патничкиот автомобил „фолксваген пасат“ што го користел обвинетиот судија.Тагови: судењето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Македонската дијаспора е жртва на блокадата на СДС, Левица и ДУИ Блокадите што СДС, Левица и ДУИ ги спроведуваат во Собранието се насочени директно против граѓаните.Најголема жртва на нивната неодговорна политика е македонската дијаспора, која повторно е ставена во втор план поради теснопартиски интереси на СДС Левица и ДУИ. СДС, Левица и ДУИ со нивните опструкции на законските решенија што треба да ги олеснат административните процедури и да ги подобрат услугите за нашите иселеници, јасно покажуваат дека политичките пресметки им се поважни од потребите на стотици илјади македонски граѓани кои живеат и работат надвор од државата. Македонската дијаспора со години дава огромен придонес за развојот на државата. Таа инвестира, помага на своите семејства, отвора можности за нови економски врски и ја промовира Македонија низ светот. Наместо да им се овозможат побрзи, поефикасни и подостапни услуги, СДС, Левица и ДУИ одлучија да ги блокираат процесите за олеснување на гласањето и носењето на новиот Изборен законик. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто определена да работи во интерес на сите македонски граѓани, без разлика дали живеат во татковината или надвор од неа. Нашата цел е модерна, ефикасна и достапна администрација која ќе биде вистински сервис за дијаспората. Ги повикуваме СДС, Левица и ДУИ да престанат со деструктивните блокади и конечно да покажат чувство на одговорност. Интересите на македонската дијаспора не смеат да бидат заложник на дневнополитички калкулации. Македонија има обврска да ги поврзува своите граѓани, а не да дозволи некој да ги оттурнува поради политички мотиви. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски да им се извини на граѓаните на Македонија за своето однесување во СобраниетоХристијан Мицкоски смета дека едно срамно изговорено, изнудено „извинете“ во празна собраниска сала може да ги измие сите досегашни навреди кон граѓаните. Не може! Не може да ги нарекуваш граѓаните „талог на општеството“, „глодари“, „медиокритети“, „мекотели“ па потоа заедно со својот прв соработник Иван Стоилковиќ да пцуе пратеници во Собранието. Такво однесување не доликува на универзитетски професор. Тоа е срамота и за универзитетот и за собранието и за државата. Вакво однесување на еден премиер досега не е видено во ниту една нормална држава. Спуштањето на ова ниво не може да се оправда со ништо, а најмалку со губењето на поддршката од граѓаните и со падот на личниот рејтинг - кој пак самиот си го предизвика со своите секојдневни лаги. Мицкоски не им се извини на граѓаните. Тој се обиде да прикаже дека се извинува на пратениците, во момент кога салата беше празна, со цел да создаде привид на „исправка“. Но граѓаните не се наивни. Вистинското извинување значи признавање на грешката. Досега од Мицкоски видовме само театар. Граѓаните заслужуваат почит. А не навреди од премиерот на државата. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook