Манасиевски: Од каде се парите на семејството Муслиу и дали Пендаровски е нивен партнер во изградба на зграда во Влае?
2Манасиевски: Од каде се парите на семејството Муслиу и дали Пендаровски е нивен партнер во изградба на зграда во Влае?
Ќерката на Мајкл Џексон бара 600 милиони долари од оставината на нејзиниот татко, 17 год. чека за исплата
Мегин Кели со критики кон Никол Кидман поради фотографиите во „Вог“: „Имаш 60 години; нема потреба да се облекуваш како мојата 15-годишна ќерка“
1Ќерката на Мајкл Џексон бара 600 милиони долари од оставината на нејзиниот татко, 17 год. чека за исплата
2Мегин Кели со критики кон Никол Кидман поради фотографиите во „Вог“: „Имаш 60 години; нема потреба да се облекуваш како мојата 15-годишна ќерка“
БалканНасилни протести во Тирана: Молотови коктели кон канцеларијата на Рама (ВИДЕО)Тројца граѓани се повредени на протестот на опозицијата, кој се одржува во Тирана. Според информациите на А2 Си-Ен-Ен, две повредени лица биле испратени во Универзитетската болница „Мајка Тереза“, додека трето лице е испратено во Санаториум, откако имало проблеми со дишењето од солзавецот. Во меѓувреме, А2 Си-Ен-Ен дознава дека полицаец бил испратен во болницата за траума, но неговиот живот е надвор од животна опасност. Државната полиција соопшти дека од протестот на опозицијата и од експлозивот фрлен на неколку точки во главниот град се повредени 10 полицајци. „Од почетокот на митингот, дел од граѓаните на собирот со молотови коктели и експлозиви ја напаѓаа и продолжуваат да ја напаѓаат полицијата и зградите на државните институции. Досега 10 полицајци се повредени од нападите на граѓани на митингот, со молотови коктели, пиротехнички средства и силни предмети кон полицијата“, се наведува во соопштението, пишува А2 Си-Ен-Ен. „Државната полиција ги повикува граѓаните кои учествуваат на собирот да престанат да ја напаѓаат полицијата и државните институции со молотови коктели и пиротехнички средства. Полицијата ги презеде сите мерки за откривање, фаќање и придружување на лицата инволвирани во нападите врз полицијата и државните институции“. Форензичарите почнале акции за документирање и прибирање докази по експлозивот што бил фрлен кон канцеларијата на премиерот Еди Рама. По кабинетот на премиерот, штабот на Социјалистичката партија и МВР, сите демонстранти пристигнаа во општина Тирана, каде веднаш се соочија со кордонот полициски сили, кој ја опколи зградата. Демонстрантите фрлаа молотови коктели, а еден од нив експлодираше среде полициските сили, каде што некои полицајци беа зафатени од пламен. Останатите полицајци веднаш дејствувале со противпожарни апарати. Состојбата во општина Тирана и понатаму е тензична, додека на демонстрантите се фрла солзавец. Маршот на опозицијата продолжи кон МВР, каде беа фрлени експлозиви и молотови коктели, дел од нив веднаш до полицајците, кои избегаа неизгорени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче: Трајко Славески да си поднесе оставка, да не носи нови штетни одлукиФилипче нагласи дека гувернерот не ја исполни својата обврска да провери кој стои зад банката, каква е неговата репутација и каков капитал влегува во македонскиот финансиски систем.Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешнта прес-конференција го повика гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, да си поднесе оставка и да престане со носење одлуки со кои дополнително ја загрозува стабилноста на финансискиот систем и довербата на граѓаните. Филипче нагласи дека по погрешните одлуки околу влезот на Алта банка на македонскиот финансиски пазар, Славески нема кредибилитет да носи нови одлуки за нејзината иднина. „Најдобронамерно денеска го повикуваме гувернерот Трајко Славески да си поднесе оставка. Да не заглавува повеќе од тоа што е веќе заглавен. Да не се обидува на несоодветен начин да се спаси себеси и премиерот Мицкоски, кој што е очигледно негов наредбодавач. Ги пратиме неговите изјави, конфузни, ги дообјаснува, ги менува, очигледно е дека обвинува без причина и очигледно е дека знае дека во еден момент, кога и да дојде тој момент, ќе мора да одговара за сето ова што го направи“, рече Филипче. Тој потсети дека СДСМ цела година предупредува за сомнителниот капитал и финансиските трансакции поврзани со Алта банка, за што предупредуваше и Европската централна банка и други финансиски институции. Филипче нагласи дека гувернерот не ја исполни својата обврска да провери кој стои зад банката, каква е неговата репутација и каков капитал влегува во македонскиот финансиски систем. „Станува збор за банка која што за пет или шест години за тринаесет пати, и тоа е невидено во банкарскиот сектор, ја зголемила својата актива. И тоа е можно само ако станува збор за пари поврзани со криминал, со корупција, со шверц на дрога и така натаму. Гувернерот Трајко Славески очигледно не постапил по закон и како што изјави дека не го познавал газдата, а имал обврска да знае кој е газда на Алта банка, затоа што требал да знае со кој човек има работа и каква е репутацијата на газдата на банката која што влегува на нашиот финансиски пазар“, рече Филипче. Притоа Филипче посочи дека сега кога Алта банка Белград, која е мнозински сопственик на Алта банка Битола со 95 проценти, е во стечај, гувернерот неосновано повторно најавува решенија за кои нема надлежност, како што е најавата за продажба на акции. „Сега Алта банка во Белград, која што е мнозински сопственик 95 проценти на Алта банка Битола е во стечај. Гувернерот посегнува по некаква си продажба на акциите, иако вистината е дека не може тој да ги продава акциите, ниту Народна банка наша, туку за тоа одлука треба да донесе тој кој што го управува стечајот на Алта банка во Белград, а тоа е Агенцијата за осигурување на депозитите во Србија, тие треба да ја донесат таа одлука за продажба на тие акции, затоа што парите од продажбата на тие акции ќе одат во стечајната маса на Алта банка во Србија. Сето тоа не е возможно, како што најавува гувернерот, иако знаеме дека сака, за да се обиде да ги забошити сите овие работи, да се случи за десетина дена“, рече Филипче. Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМанасиевски: Од каде се парите на семејството Муслиу и дали Пендаровски е нивен партнер во изградба на зграда во Влае?Зад мене, во Влае се гради станбена зграда во која како инвеститор се посочува Афродита Муслиу, сопруга на поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, кој е инаку близок соработник на Стево Пендаровски.Тука се поставува прашањето на кое јавноста заслужува одговори, а тоа е како со административна плата се стигнува до инвеститор на станбена зграда? Од каде се парите за оваа инвестиција? Дали семејните приходи на Муслиу можат да ја оправдаат вредноста на ваков градежен проект? Дали зад оваа инвестиција стојат и други финансиски партнери? Почитувани, Тука има уште едно име кое мора да даде одговор, а тоа е Стево Пендаровски! Токму Пендаровски го назначи Еролд Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање во 2019 година. Затоа директно прашуваме, дали е точно дека Стево Пендаровски и Еролд Муслиу, покрај политичката и институционална соработка која ја имаат, имаат и заеднички деловни интереси? Дали Пендаровски има каква било финансиска или деловна поврзаност со оваа инвестиција во Влае? Би сакал исто така, да ја потсетам јавноста, дека во 2024 година токму Афродита Муслиу, сопругата на Еролд Муслиу, доби грант од 620 илјади евра, од тогашната Влада на СДС, која склучила меморандум со Конзорциум на невладини организации чиј основач е токму сопругата на Еролд Муслиу. Почитувани граѓани, Додека Филипче говори за некаква организирана криминална група, групата криминалци е токму во СДС. Очекуваме јасни одговори од Муслиу и од Пендаровски, за тоа дали се партнери во оваа изградба на станбен објект, и секако, како со административна плата се гради зграда за која треба да се инвестираат милионски суми. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕТагови: Валентин Манасиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизЌерката на Мајкл Џексон бара 600 милиони долари од оставината на нејзиниот татко, 17 год. чека за исплатаЌерката на покојниот „крал на поп-музиката“ Мајкл Џексон, Парис Џексон, побара од судот да нареди исплата на 600 милиони долари од оставината на нејзиниот татко во семеен фонд наменет за неа и нејзините браќа. Таа наведува дека поминале повеќе од 17 години од смртта на нејзиниот татко, славниот пејач, а парите што требало да им припаднат на неговите деца сè уште не се префрлени во фондот. Фондот бил основан во корист на неговите три деца, а тие требало да почнат да добиваат приходи кога ќе наполнат 21 година. Во нов судски поднесок, доставен на 29 октомври, 28-годишната Парис наведува дека имотот на нејзиниот татко генерирал приходи во износ од милијарди долари по неговата смрт во 2009 година, но дека семејниот фонд – формиран за да ја обезбеди иднината на неговите деца – останал без средства. Според магазинот „Пипл“ (People), таа побарала од судија во Лос Анџелес да одобри делумен пренос на средства во фондот на Мајкл Џексон. Фондот е основан за добробит на неговите три деца: Принс (29), Парис и Биги (24). Според одредбите, наследниците требало да почнат да добиваат приходи од своите удели кога ќе наполнат 21 година. Исто така, предвидено е тие да добијат делови од средствата на возраст од 30, 35 и 40 години. Парис, сепак, тврди дека таквата распределба не се случила онака како што замислил нејзиниот татко. „Повеќе од 17 години по неговата смрт, семејниот фонд на Мајкл Џексон сè уште не е финансиран“, се наведува во судскиот поднесок. Во документите се наведува дека Принс наближува кон својот 30-ти роденден, додека Парис во април ќе наполни 29 години, а Биги во февруари ќе наполни 25 години. Нејзиниот правен застапник смета дека, поради отсуството на уплати во фондот, братот и сестрите сè уште зависат од одлуките на извршителот на тестаментот, Џон Бранка, кој одлучува кога и колку пари ќе добијат тие. Адвокатите на Парис Џексон наведуваат дека имотот на нејзиниот татко остварил значителни приходи благодарение на бројни деловни зделки и продажба на имот. Тука спаѓаат продажбата на удел во „EMI Music Publishing“ за 287,5 милиони долари во 2018 година, продажбата на ранчот „Неверленд“ за 22 милиони долари во 2020 година, како и договорот со „Sony“ од 2023 година, кој се однесува на музиката на Мајкл и други права на интелектуална сопственост. Според поднесениот документ, овие трансакции генерирале повеќе од 1 милијарда долари во готовина, пред оданочување и покривање на трошоците. Извршителите на тестаментот претходно ја процениле вредноста на оставината на износ помеѓу две и три милијарди долари. Адвокатите се повикаа и на финансискиот извештај, според кој, во декември 2024 година, оставината располагала со околу 850 милиони долари во готовина и готовински еквиваленти. Откако ќе се земат предвид потенцијалните обврски, Парис смета дека на располагање би можеле да бидат околу 600 милиони долари за уплата во семејниот труст. Во документот се спомнува и ветувањето на извршителите од 2011 година, кога пред судот изјавиле дека размислуваат да поднесат посебно барање за распределба на средствата. Правниот тим на Парис Џексон тврди дека такво барање никогаш не било поднесено.Тагови: Мајкл Џексон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook