Насилни протести во Црна Гора, полицијата со тепање уапси 18 демонстранти (ВИДЕО)

Полицијата уапси 18 лица за време на денешните немири во Подгорица, пренесуваат црногроските медиуми.

Протестот почнал пред Центарот за безбедност на Подгорица.Полицијата употребила солзавец откако граѓаните фрлиле кон нив неколку тврди предмети, откако се собрале околу 20 часот за да протестираат против настаните во Будва.

На снимките од населбата Голубовина се гледаат двајца припадници на Специјалната полициска единица како удараат еден човек за време на апсењето.

Немирите и инцидентите околу преземањето на локалната власт со денови продолжуваат во Будва.

Откако е формирано ново мнозинство во општинското собрание во Будва, Марко Царевиќ, претседател на Демократскиот фронт на Будва (ДФ) и Крсто Радовиќ од Демократска Црна Гора, од опозициските партии на државно ниво одбија да ја предадат власта на новите општински лидери, Владимир Булатовиќ и Снежана Куч.

Тие тврдат дека новото мнозинство, предводено од Демократската партија на социјалистите (ДПС) е формирано од „политичка корупција“, како и дека изборот на Булатовиќ и Куч е нелегален.

Полицијата претходно им нареди на собраните да се разотидат, или ќе користат присилни методи.

„Вечерва околу 20 часот, група од околу 70 граѓани и опозициски политичари се собраа пред Центарот за безбедност на Подгорица без регистриран и одобрен јавен собир за да се изрази незадоволство од настаните во Будва. Полицијата веднаш се постави и издаде неколку предупредувања и наредби, но тие ги игнорираа наредбите и извикуваа, а потоа фрлаа камења кон полицијата.Во оваа прилика беа оштетени неколку службени возила на Управата на полицијата, а еден службеник е повреден “, се вели во соопштението на Полициската управа.

Полицијата, додаваат тие, ги искористила своите законски овластувања и употребила присилни средства - хемиски средства и физичка сила, по што собраната група се растурила.

Во општините Дебар и Центар Жупа избирачките места отворени навреме

 Во општините Дебар и Центар Жупа, сите 43 избрачки места се отворени навреме.

- Гласачките места се отворени во седум часот. Гласањето во општина Дебар се спроведува во 27 избирачки места од кои 22 се во градот, две во село Могорче и по едно во селата Џепиште, Горно и Долно Косоврасти. Право на глас имаат 19.334 гласачи, што е за 123 гласачи повеќе споредено со последниот изборен циклус, локалните избори во октомври 2021 година. Вчера своето граѓанско право го остварија 29 болни и изнемоштени лица, рече Рилинд Хаса, претседател на Општинската изборна комисија во Дебар.

Според Неџип Илјаз, претседател на ОИК-Центар Жупа и во оваа општина избрачките места се отворени точно навреме.

- Се гласа на 16 избрачки места, 9 се во Центар Жупа, по едно во населените места Броштица, Новак, Еленци, Брештани, Праленик, Коџаџик, Долгаш. Вчера правото на глас го искористија 3 болни и изнемоштени лице, изјави Илјаз.

Во единствениот избирачки список за општина Центар Жупа се запишани 7.383 со право на глас или 306 повеќе, во однос на повторените избори за градоначалник во април 2022 година.

Во Неготино навреме стартуваше гласањето за претседател на државата

Сите избирачки места се навремено отворени, успешно стартуваше изборниот процес за претседателските избори, информираше утринава, претседателката на Општинска изборна комисија Неготино, Елизабета Камчева. 

Таа потсети дека во текот на вчерашниот ден, беа пријавени и имаа можност да гласаат, согласно на законот, вкупно 142 болни и немоќни лица, како и осум лица од Неготино, сместени во старечки домови надвор од територијата на општината.

- Покрај тоа, на овие избори имавме пријавено и гласање од затвор од страна на 22 лица, а на три од странство, потсети таа.

Камчева додаде дека во избирачкиот список за општина Неготино, се запишани вкупно 15.840 избирачи со право на глас.

Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил

 Пет мртви тела, меѓу кои и три деца, се пронајдени во куќа во американската сојузна држава Оклахома. Од полицијата велат дека мажот ги убил сопругата и трите деца, а потоа се самоубил.

Полицијата верува дека Џонатан Кенди (42) се скарал со сопругата, 39-годишната Линдзи Кенди, а потоа пукал повеќе пати.

-Потоа, тој ја обиколил куќата, барајќи ги децата и пукал во нив. Убиени се 18-годишниот Дилан, 14-годишниот Итан и 12-годишниот Лукас. Ги бркал децата низ куќата, соопшти полицијата, пренесе Еј-би-си Њуз.

Целиот страшен настан го преживеал само десетгодишниот син, кој спиел за време на пукањето. Десет-годишното момче се јавило на 911 во понеделникот наутро и кажало дека сите во куќата се мртви. Засега не е познато зошто 10-годишното момче не е повредено. /МИА

притисни ентер