3Пукотница, па експлозија во Шпанија- загина полицаец, друг остана без нога, настрада и полициско куче
Накит „Фаберже“, порцелан и сребро- над 300 предмети на руското царско семејство Романови ќе се најдат на аукција
1Накит „Фаберже“, порцелан и сребро- над 300 предмети на руското царско семејство Романови ќе се најдат на аукција
БалканНасилни протести низ Бугарија: Предлог-буџетот е повлечен, но притисокот за предвремени избори продолжуваБугарија е во најголемата политичка криза во последните две години. Масовните граѓански протести што почнаа како реакција на контроверзниот предлог-буџет за 2026 година, за кратко време прераснаа во барање за итна оставка на Владата на премиерот Росен Жељазков и за предвремени парламентарни избори. Вечерва, како и вчера, илјадници граѓани излегоа на улиците во Софија и во десетици градови низ земјата – Велико Трново, Пазарџик, Сливен, Разград, Видин, Варна, Пловдив, Бургас, Стара Загора, Добрич, Шумен, Русе, Ловеч и Благоевград. Протестите се организирани спонтано преку социјалните мрежи и во повеќето случаи немаат формален организатор или партиска поддршка. Демонстрантите извикуваат „Оставка!“ и „Мафија!“, а на транспарентите граѓаните ја изразуваат својата фрустрација со пораки како: „Буџетот во мрак – народот во гнев“ и „Бугарија е будна и нема да бега“. Во Софија вечерва повторно се собраа стотици луѓе пред зградата на Министерскиот совет (Владата). Движењето во центарот не е запрено, но има засилено полициско присуство. Од општината потврдија дека не било поднесено барање за дозвола за протест, јави БТА Едногласно повлекување на Буџетот Како директна последица на граѓанскиот гнев, Парламентот денеска со убедливо мнозинство од 201 глас „за“ го прифати повлекувањето на трите буџетски закони – за државниот буџет, за Национална каса за здравствено осигурување (НЗОК) и за Државно социјално осигурување (ДОО) за 2026 година. Предлогот го поднесоа пратеници од ГЕРБ-СДС, БСП и „Има таков народ“. За повлекувањето гласаа 62 пратеници од ГЕРБ-СДС, 31 од ПП-ДБ, 33 од „Преродба, 25 од ДПС-Нов почеток и други, со што беше постигнат консензус од речиси сите политички групи. Владата сега ќе започне нова буџетска процедура. Премиерот Жељазков, иако го призна повлекувањето на буџетот, изјави дека нема да се повлече од функцијата. - Немаме право да се повлечеме без буџет неколку недели пред влезот на Бугарија во еврозоната. Ќе абдицираме последни, но тоа не значи дека сме инаетчии – начинот на кој го покажуваме тоа е со признавање на грешката и повлекување на буџетот, појасни вчера бугарскиот премиер. Политичка војна: Радев, Борисов и гласање недоверба Претседателот на Бугарија Румен Радев беше најостар. - Оставката на Владата е неодложна. Предвремените избори се единствениот излез од кризата, рече тој. Според него, протестите не се само за буџетот, туку се израз на длабоко незадоволство од целокупното владеење. Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, денеска порача дека партијата е подготвена за предвремени избори доколку не се обезбеди стабилно мнозинство за нов буџет. „Или застанете со ГЕРБ и заедно да изготвиме нов буџет или одиме на избори“, напиша тој на Фејсбук. Од коалицијата „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ) најавија дека в петок ќе поднесат гласање на недоверба кон кабинетот на Жељазков. Пратеникот Ивајло Шофтев на протестот во Пазарџик изјави: „Буџетот беше само повод. Ќе продолжиме додека не паднат.“ Тензии, судири и сомнежи за платено насилство За време на големиот протест во Софија на 1 декември вечерта, дојде до сериозни судири со полицијата пред седиштето на ДПС-Нов почеток. Полицијата пријави дека група млади луѓе фрлале камења, пиротехника и шишиња, превртувале контејнери и нападнале полициски возила. До моментов обвинети се 14 лица за тешко хулиганство, од кои 10 се во притвор најмалку 72 часа. Обвинителството соопшти дека шестмина од уапсените имаат претходни криминални досиеја, при што двајца биле осудувани за возење под дејство на наркотици и за кримчарење мигранти. МВР објави фотографии од снопови банкноти со прикачени белешки со имиња на улици, кои биле пронајдени кај еден од уапсените. Овој доказ го зајакнува сомневањето дека насилните дејствија можеби биле однапред платени и организирани. Протестите не се ограничени на Софија. Во Велико Трново граѓаните носеа транспаренти „Бугарија е будна и нема да бега“ и „Буџетот во мрак – народот во гнев“. Во Сливен имаше инцидент со димни бомби и тензија со полицијата. Во Видин втора вечер по ред се собираа луѓе на централниот плоштад и ја пееја химната на Бугарија. На протестот во Разград бараа поголема транспарентност и подобра иднина за младите. Што следува: Гласање на недоверба: В петок се очекува гласање на недоверба поднесено од ПП-ДБ. Нов буџет: Владата мора брзо да подготви нов буџет пред влезот во еврозоната на 1 јануари 2026 година. Притоа, Ивајло Мирчев од „Да, Бугарија“ истакна дека оставката на Владата не може да го спречи влезот на Бугарија во еврозоната, бидејќи земјата е веќе во еврозоната. Барања за избори: Дел од партиите, како „Преродба“, ДПС-Нов почеток и АПС, бараат итни избори. Лидерот на ДПС, Дељан Пеевски, напиша: „Нема да дозволиме анархијата и хаосот да ја освојат Бугарија.“ Референдум: Радев најави дека ќе бара референдум за еврото доколку ситуацијата не се стабилизира. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
МакедонијаЃорѓиевски: Од депонија до огромен мега парк на 86.000 м² во КарпошГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека со силна динамика се уредува новиот мега парк во Карпош на местото на децениската огромна дива депонија.- Таму каде што со години се трупаше смет, ќе растат дрвја. Таму каде што граѓаните гледаа грда слика, ќе има зеленило, спорт и детска смеа. Сите се сеќаваме на огромната дива депонија во Карпош. На наталоженото ѓубре, на негрижата но и на празните ветувања дека конечно ќе биде исчистена. Денес, зборуваат делата. Работата се одвива со силна динамика, расчистуваме наталожениот смет и оваа површина ја претвораме во огромен мега парк, ново место за одмор, рекреација и дружење. Наскоро, ова место ќе ја добие својата целина. На 86.000 м² ќе има зеленило, дрвја, веќе се поставува урбаната опрема и осветлувањето, спортски терени и фитнес-зони, пешачки зони, како и сопствена хидрантска мрежа. Простор за првите детски чекори, за младите и нивните спортски предизвици, за семејните прошетки и за спокојните мигови на нашите највозрасни сограѓани – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски нагласи дека создавањето нови паркови е меѓу неговите највисоки приоритети, како и дека за само една година се подигнати и уредедени околу 200.000 квадратни метри нови зелени површини низ цело Скопје. - Ова е површина што им ја враќаме на граѓаните и на природата, со јасна определба Скопје да биде позелен и поубав град за живеење. Продолжуваме со истата решителност. Скопјани заслужуваат да ја гледаат промената во своето маало, на својата улица, пред својот дом. Повеќе зеленило. Повеќе простор за живот. Повеќе причини да се гордееме со нашиот град. Скопје се сака со дела – рече Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп откри што е најголемата пречка за мир во Украина: Никој не беше построг кон Русија од мене Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека верува оти мировниот договор меѓу Украина и Русија е многу блиску и оцени дека Украина на крајот ќе има „малку поинаков облик“.Трамп во телевизиската емисија на Си-Би-Ес „60 минути“ изјави дека најголемата пречка за мир, поради што таков договор сè уште не е постигнат, е омразата меѓу украинскиот и рускиот претседател, Володимир Зеленски и Владимир Путин. „Тоа беше омразата меѓу Зеленски и Путин. Верувам дека сме многу блиску до постигнување договор. Да бев јас претседател, таа војна никогаш немаше да започне. Немаше да има шанси. Но, сепак започна. Значи, ја наследив таа војна. Верувам дека сме многу блиску до постигнување договор“, рече Трамп. На прашањето дали повеќе му верува на Путин или на Зеленски, Трамп рече дека „подобро би сакал да каже“, но дека „се сложува добро и со двајцата“. „Имаме состанок. Ќе биде во сабота, но ќе биде продолжен до недела, понеделник и вторник. Значи, ќе видите. Тоа е многу важен состанок. Верувам дека оваа војна ќе заврши, и тоа наскоро. И единствената причина зошто ќе заврши сум јас. Постои огромна количина омраза меѓу претседателот Путин и претседателот Зеленски“, рече Трамп. Трамп рече дека на претходните средби со Зеленски „имало големо непочитување покажано кон Русија“. На прашањето дали Трамп смета дека е „влечен од Путин“ кога станува збор за мировните преговори во Украина, Трамп рече дека „не верува“ дека тоа е случај. „Не верувам во тоа. Па, никој не бил построг кон Русија од мене. Погледнете ја нашата трговија. Погледнете што им направив во трговијата, со санкции и сè друго. Погледнете што им направив. Јас не ги укинав санкциите за дизелот. Дозволив Русија да испорачува, не нам, туку на светот, илјадници и илјадници барели нафта и дизел што им беа потребни. Не им направив никаква услуга“, рече Трамп. Тој рече дека ѝ обезбедил на Украина „илјадници“ противтенковски оружја како помош и дека САД, а не Европа, ја снабдуваат Украина со оружје. „Не, ние сме вие, ние ги снабдуваме со оружје. Но, Европа плаќа за тоа, тоа е разликата. Бајден им даде 350 милијарди долари во готово и оружје. Јас не им дадов ништо. И го оставам на Европа, го продавам по полна цена, а тие ни плаќаат. И не само тоа, тие 350 милијарди долари, се чувствував толку виновен за тоа, бидејќи мислев дека е целосна глупост. Европа ги има парите“, рече Трамп. Тој рече дека „Европа би платила“ за американско оружје за Украина и претходно, но дека „никој дури и не ги прашал“. „Значи, ние само испраќавме оружје по оружје, ги снабдувавме. Патем, Украина имаше храброст да го користи тоа оружје. Бидејќи, на крајот на краиштата, потребна е храброст за да се користат, а тие се покажаа како многу сериозна сила. Но, тие го имаа најдоброто оружје во светот. И не добивме ништо за возврат. Јас продавам оружје“, заклучи Трамп. Трамп рече дека „мисли дека ќе имаме“ слободна и независна Украина откако ќе заврши конфликтот. „Мислам дека ќе имаме, тоа е готово. Мислам дека ќе се случи и Украина ќе заврши во малку поинаква форма. Погледнете, ова е војна што никогаш не требаше да се случи“, рече Трамп. На прашањето кој неодамна им го отежна на Украинците користењето на сателитскиот систем Старлинк, во сопственост на американскиот милијардер Илон Маск, но чија воена верзија треба да биде контролирана од американската влада, Трамп рече дека „не знае“ и дека тоа не бил тој. „Не бев јас. Па, знам ова, не можам да ви кажам кој го собори. Можам да ви кажам дека на крајот го врати, па сега го имаат. Не знам, едноставно не знам. Мислам, тој систем е многу добар систем, а можеби бил одбиен. Мислам, дури и не знам. Не ми е докажано дека бил одбиен. Има многу лаги за таа војна. Но, знам едно - штом слушнав за тоа, беше повторно активиран“, рече Трамп.Тагови: Доналд Трамп украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотНакит „Фаберже“, порцелан и сребро- над 300 предмети на руското царско семејство Романови ќе се најдат на аукцијаОколу 300 ретки предмети и уметнички дела поврзани со руското царско семејство Романови, проценети на повеќе од 15 милиони долари, ќе бидат понудени на аукција во „Сотбис“ на 16 декември во Њујорк.Според аукциската куќа, дел од колекцијата на њујоршката галерија „A La Vieille Russie“ ќе им биде понудена на колекционери и инвеститори, пренесува ТАСС. Колекцијата вклучува предмети од широк спектар на периоди и категории, од ремек-дела на накит создадени од Карл Фаберже до слики, порцелан и сребрени предмети. Многу од лотовите се изложени на големи изложби посветени на делото на Фаберже и руската уметност во водечките светски музеи и уметнички галерии. Пред аукцијата, избрани ремек-дела ќе бидат прикажани на јавноста во Париз, Женева, Лондон и Њујорк.Тагови: накит фаберже Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook