3Андоновски: Обвинителството да ги истражи документите за загадена вода по кои Филипче и Младеновска не реагирале, а последиците се огромни
Дали изневерувате, а не сте ни свесни за тоа? Овие се 7 навики кои можат да ја уништат врската, иако не изгледаат како изневерување
2Дали изневерувате, а не сте ни свесни за тоа? Овие се 7 навики кои можат да ја уништат врската, иако не изгледаат како изневерување
ТехнологијаНАСА во пустина и под удар на воздушни топови ги тестира вселенските одела (ВИДЕО)Бидејќи површината на Месечината е многу непостојана средина без воздух, со мала гравитација и многу прашина и микрометеори кои можат да летаат со брзина поголема од 35.000 километри на час, астронаутите мора да бидат добро заштитени.Изработката на нов вселенски костим не е ниту лесна, ниту ефтина работа. Делумно затоа што развојот на таков костум е во тек со годините, се развиваат нови технологии и материјали, а делумно затоа што новите костуми мора да издржат екстремни услови. Се проценува дека костумите што ги носеле првите астронаути на Месечината чинеле помеѓу 15 и 22 милиони долари. Денешните вселенски костуми се пософистицирани, но и поскапи, и во иднина ќе бидат уште поскапи - според некои проценки, тие би можеле да ја чинат НАСА дури 500 милиони долари. Инженерите во лабораторијата на НАСА во истражувачкиот центар Глен со години работат на избирање материјали за астронаутите да ги извршуваат идните мисии на Месечината и на Марс и внимателно тестираат и развиваат костуми. Еден таков костум е создаден како дел од проектот HMP, и за да се осигураат дека костумот ги исполнува сите барања, експертите организирале тестирање во Орегон, во пустината каде тренирале астронаутите на Аполо и каде ги тестирале вселенските одела на кои ги носеле на нивното историско патување до Месечината. Таму, тие можеле да тестираат колку астронаутите можат да се движат во оделата на нерамни терени, карпи, пештери и други, потенцијално предизвикувачки терени. За да може костумот да стане официјален костум за астронаути, мора да ги помине тестовите на инженерите на НАСА, кои вклучуваат „пукање“ во костумот од воздушен топ долг 12 метри. Бидејќи површината на Месечината е многу непостојана средина без воздух, со мала гравитација и многу прашина и микрометеори кои можат да летаат со брзина поголема од 35.000 километри на час, астронаутите мора да бидат добро заштитени. Во балистичката лабораторија на центарот Глен, научниците смислиле серија тестови што треба да помогнат во изборот на материјали за костумите за астронаути за претстојната мисија Артемида. Материјалите ќе бидат насочени кон воздушен балистички топ долг 12 метри, кој може да испука проектили со брзина од речиси 1000 метри во секунда, се` со цел да се симулираат условите во кои астронаутот, на пример, биде погоден од микрометеор, според НАСА . Ако оделото е под притисок, мала дупка може да стане голем проблем. Ваквите балистички тестови се неопходни за да се обезбеди сигурност на употребената опрема и материјали, вели Мајк Переира, главен техничар во лабораторијата. За да процени колку е применлив одреден материјал и колку слоеви на материјалот се потребни за безбедна употреба, инженерите користат воздушен топ за да испукаат челични топчиња во различни материјали. Тимот дури го поврзал топот со вакуум за да го отстрани отпорот на воздухот, и на тој начин ги испукале топчињата со поголема брзина. Целиот експеримент е снимен за да се проучи секој аспект на тестирањето. Интересно, повеќето материјали во тестот се всушност композитни материјали, односно комбинација од различни супстанции кои вклучуваат влакна за дополнителна јачина и смоли што ги поврзуваат овие слоеви, а во исто време овозможуваат апсорпција на ударите и апсорпција на енергијата генерирана од него. Материјалите што го поминале тестот ќе се дознаат кога НАСА официјално ќе го претстави конечниот производ - костуми што ќе ги носат на Месечината астронаутите од мисијата Артемида.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со отпад кај РашчеОсновното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по допрен глас за да ги провери информациите за енормно загадување на природата со отпад во заштитеното подрачје во близина на изворите Рашче.Надлежен јавен обвинител ќе ги координира активностите на Државниот инспекторат за животна средина и надлежните инспекциски служби со цел да се извршат проверки во однос на потеклото на депонијата, како и можните последици. Доколку бидат утврдени елементи на кривично дело против животната средина и идентификувани сторители, јавното обвинителство ќе постапи согласно надлежностите за кривичен прогон.Тагови: обвинителство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:08
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
МакедонијаМакедонија стави два авиона за гаснење пожари на располагање на ЕУМакедонија се вклучи во заедничкиот европски систем за одговор при елементарни непогоди, ставајќи на располагање два противпожарни авиона за поддршка на земјите погодени од летните пожари.Преку механизмот за Цивилна заштита на Европската унија, кандидатите и земјите партнери од Западен Балкан ги здружуваат силите со членките на Унијата за побрза координација и реакција на терен. Покрај воздушната поддршка од Западен Балкан, на терен се распоредени 777 пожарникари од 14 европски земји, меѓу кои се и противпожарните тимови од Молдавија. Овие ресурси се претходно позиционирани во високоризичните зони во јужна и централна европа за да овозможат брзо локализирање на огнот во почетната фаза.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:08
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
МакедонијаАндоновски: Обвинителството да ги истражи документите за загадена вода по кои Филипче и Младеновска не реагирале, а последиците се огромниСДС и актуелното раководство се последни кои можат да зборуваат и критикуваат за ситуацијата во Гостивар со водата. СДС и актуелното раководство се последни кои можат да зборуваат и критикуваат за ситуацијата во Гостивар со водата. А зошто, бидејќи за периодот додека биле на власт има извештаи кои јасно укажуваат дека водата во Гостивар не била со соодветен квалитет. Во тој период, актуелното раководство на СДС како Венко Филипче и Рената Младеновска молчеле. Филипче како министер за здравство и Рената Младеновска како директор на Државниот инспекторат за санитарен и здравствен инспекторат не мрднале ни со прст по ниту еден извештај за неисправноста на водата во Гостивар. Молчеле што укажува дека се грижеле за функциите, власта и интересите на мала група на луѓе од власта. Филипче и Младеновска замислете уста не отвориле за околу 400 документи кои укажувале дека водата во Гостивар не била со соодветен квалитет. За разлика од нив, од оние седум години владеење на СДС, сега Владата и сите надлежни институции реагираа веднаш, по што за само една недела граѓаните на Гостивар добија технички исправна вода. Во меѓувреме, секојдневно се работи на тоа граѓаните на Гостивар да добијат и флаширана вода за пиење додека се санира ситуацијата и водата не ги добие сите соодветни карактеристики што ќе укажат дека е и за пиење. Сега останува само надлежните институции од правосудството да реагираат, поточно јавното обвинителство, да ги истражи документите од тој период бидејќи последиците се далекусежни. Мартин Андоновски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter