3ВМРО-ДПМНЕ: Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард
ТехнологијаНАСА во 2022 ќе се обиде да пренасочи астероид (ВИДЕО)Меѓународните вселенски агенции решија леталото на НАСА намерно да го судрат со астероидот Дидимос Б, помалиот во бинарниот астероиден сситем Дидимос , за да ја пренасочат траекторијата на астероидот.На тој начин научниците сакаат да вежбаат заштита на нашата планета од иден можен судир со астероид. Веројатно е дека многумина сега се присетија на разни научно-фантастични филмови со слична тема, во кои научниците се обидуваат да разнесат астероид и со тоа да го спасат светот. Во некои сценарија, тоа тргна наопаку, а во некои не. Но, сега веќе не е измислен заговор, туку вистински настан, а прашањето е - дали треба да се плашиме? Европската вселенска агенција (ЕСА) и НАСА најавија уште во 2015 година започнување на заеднички проект за проценка на влијанието на астероидот и редирекција (АИДА), но неодамнешните откритија од други мисии на астероиди ги сменија некои од нивните концепти, пренесува Science Alert. На пример, кога вселенското летало на ЈАХА, Хајабуса-2 го бомбардираше астероидот Рјугу во април годинава, тој направи многу поголем кратер од очекуваното. Покрај тоа, таа беше забележано дека материјалот на површината на астероидот се однесува како песок; што може да влијае на ефикасноста на кинетичката девијација. "Кога Хајабуса-2 беше бомбардиран од астероид, тој не покажа кохезија на површината и реголитот се однесуваше како песок. За време на овој процес, гравитацијата беше доминантна, а не внатрешната јачина на материјалот од кој беше направен астероидот", објасни планетарниот научник Патрик Мишел од Францускиот национален центар за научни истражувања (CNRS). "Ако гравитацијата е исто така доминантна на Дидимос Б, ние би можеле да завршиме со многу поголем кратер од предвиденото од моделите и лабораториските експерименти. Всушност, многу малку знаеме за однесувањето на помалите вселенски тела и тоа може да има големи последици за планетарната одбрана “, додаде тој. Лансирањето на леталото на НАСА, Double Asteroid Redirection Test (DART) се очекува во јули 2021 година , а судирот со астероидот во септември 2022 година. Судирот ќе го сними мал уред ,кој ќе се одвои од DART пред него, а телескопите на Земјата ќе го следат последователното однесување на Дидимос Б за да утврдат дали е сменета неговата патека. Ова е проследено со вториот дел од мисијата, кога во 2023 година ЕСА ќе ја испрати Хера, помало вселенско летало за набљудување , кое треба да стигне до Дидимос Б во 2027 година и подетално да го набљудува. Бинарот на Дидимос, научниците го сметаат за совршено место за тестирање на редирекција на астероидната траекторија. Тоа е предмет што поминува близу Земјата , но чија патека не е насочена кон нашата планета, што значи дека тестирањето не треба да тргне по лошо.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?Дали Бугарија го даде конечниот одговор за идејата за вклучување европски претставници како посредници во дијалогот меѓу Скопје и Софија? Дали Бугарија го даде својот конечен одговор по предлогот европски претставници да се вклучат како посредници во дијалогот меѓу Скопје и Софија? Оваа дилема се отвори по вчерашната изјава на шефицата на бугарската дипломатија Петрова-Чамова, која како нетипични ги квалификуваше сите предлози да своевидно посредништо меѓу Македонија и Бугарија. Според Претседателот на Институтот за демократија, Марко Трошановски, ваквата изјава е јасен индикатор дека можат „да пропадне во вода“ нашиот обид да се вклулчиу директно Брисел во дијалогот. Вели Бугарија во овој случај има многу по комотна улога и може да ја диктира динамиката и форматот на разговорите. На сличен став е и аналитичарпт Петар Арсовски, кој смета дека и покрај ваквиот став на официјална Софија, напорите за дијалог да продолжат и ова да не предизвика никакво разочарување во Македонија. Инаку, вчера одговорајќи на новинарско прашање, бугарскта министерка за нодворешни работи.. кажа дека Бугарија не гледа потреба од посредник во разговорите со Македонија и дека прашањата поврзани со евроинтегративниот процес веќе се утврдени на европско ниво.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
МетеоУХМР: Променливо време за викендот, од вторник затоплувањеПроменливо облачно за викендот и во понеделник, а од вторник затоплување – покажуваат прогновите на УХМР. Облачно време со сончеви периоди се очекува денеска утре и во понеделник, кога се очекуваат и локални врнежи од дожд. Од вторник пак следува стабилизирање на времето и пораст на температурите, а нови врнежи од дожд се најавуваат од петок. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
ЗдравјеВременски шокови и во ноември: Просекот на колапси на јавни места ист како во летните месециНаглите температурни промени земаат сериозен данок, па така во ноември просекот на колапси на јавни места останува висок со пет до шест лица дневно. Времето не бира кого ќе кутне, наглите температурни разлики земаат данок во здравје, па колапс на улица повеќе не е слика само за летните горештини, бидејќи и во ноември просекот на колабирања е ист како во август – пет до шест лица губат свест на јавни места во текот на 24 часовната смена на службата за Итна помош. И овој период, атмосферскиот притисок и влажноста на воздухот влијаат врз здравјето, па најчесто на удар се хронично болните, за нив наглите промени знаат да имаат посилни последици, вели д-р Елена Карева Пиловска. Од Итната медицинска помош нотираат дека освен за колапси, имаат повеќе интервенции за случаи на срцев удар, но и повици кога граѓаните се жалат на слабост, вртоглавица, тресење и конфузија, што се симптоми на хипогликемија, или „паѓање на шеќерот“. При нагло заладување се стеснуваат крвни садови што може да доведе до покачен крвен притисок и оптоварување на срцето, објаснуваат лекарите и апелираат дека хронично болните кои секако се почувствителни на промените на време да ја земаат својата терапија, а претходно редовно да го мерат притисокот. Сепак, главната препораката до сите граѓани е да се води поголема грижа за општата состојба, бидејќи само со здрави навики, спортувања и грижа за себе може да се влијае организмот полесно да ги поднесува временските шокови. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28