ТехнологијаНАСА вечерва го прикажува слетувањето на Марс (ВИДЕО)НАСА вечерва го објави првото видео со висока резолуција од слетувањето на роверот „Perseverance “ на Марс по 480 милиони километри патување низ вселената.Perseverance, најнапредното летало испратено во друг свет, влезе во атмосферата на Марс во четвртокот, а потоа безбедно слета во кратерот Језеро по скоро седум месеци патување, започнувајќи потрага по докази за древен микробиолошки живот на Црвената планета. Лидерите на мисијата во Лабораторијата за реактивен погон на НАСА (JPL) во близина на Лос Анџелес аплаудираа и извикуваа од среќа кога радио сигналите го потврдија слетувањето во 21:58 часот по средноевропско време. LIVE NOW: We are sharing new video, audio, and imagery from Mars courtesy of its newest resident, @NASAPersevere. Learn about how this content was captured during and after the #CountdownToMars with agency experts: https://t.co/lnOrOAfozc https://t.co/lnOrOAfozc — NASA (@NASA) February 22, 2021 Слетувањето на Perseverance на локацијата во едно парче било далеку од безбедно. Вселенското летало со повеќе делови, кое влегува во Марсовата атмосфера со брзина од 12 000 милји на час, морало совршено да изведе сложена серија на маневри и да забави при спуштањето за да избегне опасност од површината и лесно да го постави роверот на неговите шест тркала. Процесот на слетување и приземјување од инженерите на НАСА на шега го нарекоа „седум минути страв“ и тоа е најсложениот и најпредизвикувачки подвиг на роботските вселенски летови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУХМР: Пороен дожд, засилен ветер и грмежи во Скопје!Невремето се движи од запад кон исток!Пороен дожд, засилен ветер и грмежи во Скопје! Врнежи има и во северозападните и централните делови на Македонија! Невремето се движи од запад кон исток! Претходно од УХМР соопштија дека има поројни врнежи и грмежи во Куманово и околината!Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСо надзорни камери против вандалите на детските игралишта Видеонадзор на детските и спортските игралишта, како и во парковите низ Општина Аеродром – најавува градоначалникот Деан Митевски. По низата случаи на вандализам и оштетување на јавниот имот, општината започнува постапка за поставување на надзорни камери. Советот на Општина Аеродром веќе даде зелено светло за старт на процедурите, а градоначалникот Митевски вели дека иако процесот е сложен, очекува до крајот на годината да биде распишан тендер за набавка на опремата. Претходно ќе се направи анализа на сите детски и спортски игралишта и паркови за да се утврди колку камери ќе бидат потребни и колкава ќе биде вредноста на проектот. Особено внимание, како што посочува Митевски, ќе се посвети на почитувањето на одредбите од Законот за заштита на личните податоци. Во таа насока кажа дека веќе биле остварени и работни средби со претставници на надлежните институции.. -Ова е една коплексна постапка имајки ги предвид одредбите од Законот за заштита на лични податоци, па мораме да бидеме многу внимателни, меѓутоа се одлучивме да ја спроведеме без оглед на комплексноста, бидејки како општина навистина трошиме многу средства за одржување на детските и спортските игралишта, најчесто поради уништување од страна на вандали. Лица од општина Аеродром остварија средба со претставници од Агенцијата за заштита на лични податоци и добивме напатствија од нивна страна како треба да ја спроведеме постапката за да можеме на крај да ги испочитуваме одредбите од Законот и тоа да биде фукционално. - Дејан Митевски – градоначалник на општина Аеродром Последниот случај на вандализам беше регистриран пред 2 дена во Кисела Вода, каде непознат сторител со моторно масло ги полеал реквизитите и клупите на детско игралиште на улицата „Ѓорѓи Сугаре“, правејќи го просторот неупотреблив и небезбеден за користење. Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска најави дека општината ќе ја разгледува можноста за поставување видеонадзор и на детските игралишта и другите јавни површини. Пред еден месец ваква најава имаше и од градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски. И тој посочи дека станува збор за сложена постапка, но дека, со целосно почитување на законските процедури, снимките од видеонадзорот би можеле да се користат како доказ во кривични или прекршочни постапки, но исклучиво по налог на надлежните институции. Меѓу првите општини со ваква идеја пред две години беше општина Центар, но камерите до овој момент не се поставени.. Од градоначалникот Горан Герасимовски не добивме одговор до каде е постапката. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотГаличка свадба 2026 - Александар и Мартина ја крунисаа љубовта со вековните галички обичаиВо раскошни мијачки носии и според обичаите кои со генерации се пренесуваат, Александар Пендароски и Мартина Михајлова ја крунисаа својата љубов, станувајќи дел од вековната приказна на Галичката свадба. Но, нивната свадба годинава не е само продолжение на традицијата, таа е и продолжение на посебна семејна приказна. Пред точно 35 години, на првата современа Галичка свадба, судбоносното „да“ го кажале и родителите на младоженецот. Денес, истата чест му припадна и нему, правејќи ја оваа свадба единствена по својата симболика. Тесните галички сокаци беа исполнети со бројни посетители, домашни и странски, кои имаа можност да бидат дел од овој посебен ден. Атмосферата и чувството да се присуствува на Галичката свадба го опишаа како незаборавно и прекрасно искуство. Главните свадбарски обичаи започнаа уште во раните утрински часови. Според вековната традиција, меѓу обичаите се бричењето на зетот, гледањето низ прстен, но и одењето по вода од трите галички чешми. Откако невестата ја напушта родната куќа, свадбената поворка, придружена од звуците на зурлите и тапаните, минува низ преполните галички сокаци.. Младенците судбоносното „да“ го кажаа во црквата „Св. Апостоли Петар и Павле“, а веселбата продолжи со изведба на мијачки песни и традиционална музика, со кои и годинава беше заокружена една од најпрепознатливите македонски традиции. Токму еден од највпечатливите моменти е изведбата на традиционалните македонски ора по венчавањето. Младенците се закитија и со бројни дарови, меѓу кои и пафта со мотив од Галичник од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова... Галичката свадба се одржува секое лето и претставува една од најзначајните културни манифестации во земјава, која повеќе од шест децении го зачувува автентичниот свадбениот обред, песните, ората и носиите на Мијаците. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter