Манасиевски: Заев и Филипче земаа советници од СНС во владата, Обрадовиќ и Башановиќ се олицетворение на Вучиќ
Реформата за професионалните војници кои навршуваат 45 години веќе ги дава првите позитивни резултати
1Манасиевски: Заев и Филипче земаа советници од СНС во владата, Обрадовиќ и Башановиќ се олицетворение на Вучиќ
2Реформата за професионалните војници кои навршуваат 45 години веќе ги дава првите позитивни резултати
Бизарен протест на навивачка на Манчестер Ј.: Додека Мајкл Керик не добие отказ, таа ќе објавува слики од своите голи гради!
1Бизарен протест на навивачка на Манчестер Ј.: Додека Мајкл Керик не добие отказ, таа ќе објавува слики од своите голи гради!
ТехнологијаНАСА уверува дека е комета мистериозниот меѓуѕвезден објект, што вечерва ќе се приближи до Земјата: Не е НЛО Мистериозен објект се движи низ нашиот Сончев систем, предизвикувајќи жестока дебата меѓу научниците.Додека повеќето веруваат дека станува збор за природна комета, астроном од Харвард сугерира дека неговите необични карактеристики би можеле да укажуваат на вонземска технологија, пишува Euronews. Што знаеме за мистериозниот посетител? Сè започна на 1 јули 2025 година, кога астрономите што го користеа телескопот ATLAS (Asteroid Terrestrial-impact Last Alert System) во Чиле забележаа слаб, брзо движечки објект што никогаш порано не бил виден. Официјално именуван 3I/ATLAS (C/2025 N1), ова е само третиот потврден меѓуѕвезден објект што некогаш е забележан, по „Оумуамуа“ од 2017 година и 2I/Борисов од 2019 година. Името го открива неговото потекло: „3I“ е за третиот меѓуѕвезден објект, а „ATLAS“ за мрежата на телескопи што го открила. Она што го прави посебен е неговата траекторија - брзината и насоката на движење покажуваат дека не е гравитационо врзана за нашето Сонце. Тоа значи дека мора да дошла од друг ѕвезден систем и случајно да долетала во нашето соседство. Повеќето научници се согласуваат дека 3I/ATLAS е комета. Има опашка, станува посветла како што се приближува кон Сонцето и покажува знаци на исфрлање прашина и гас, класични карактеристики на комета. Траекторија низ Сончевиот систем Според пресметките на астрономите, 3I/ATLAS патува низ вселената со брзина од повеќе од 200.000 километри на час (околу 61 км/с), а нејзината брзина се зголемува како што се приближува кон Сонцето. Се движи во хиперболична орбита, што значи дека патува премногу брзо за гравитацијата на Сонцето да ја фати. „Ќе помине низ внатрешниот Сончев систем - помеѓу орбитите на Марс и Земјата - а потоа ќе прелета покрај Сонцето“, изјави за „Гардијан“ Кон Стојцис, директор на комети и метеори во Астрономското друштво на Викторија. „Оваа орбита е на она што го нарекуваме хиперболична орбита. Затоа, не е гравитационо врзана за Сонцето. Патува пребрзо и затоа едноставно ќе одлета на другата страна од Сончевиот систем“, додаде тој. Според НАСА, објектот ќе се приближи до Земјата на растојание од околу 270 милиони километри. Природен феномен или вонземска технологија? Иако за повеќето астрономи 3I/ATLAS е возбудлив, но природен феномен, еден истакнат научник повикува на претпазливост. Професорот Ави Лоеб, теоретски астрофизичар од Универзитетот Харвард, преку својот проект Галилео, ја истражува можноста дека тоа е доказ за вонземска технологија. Во серија есеи, Лоеб постави провокативно прашање - дали научниците треба да ја разгледаат можноста објектот всушност да е вештачка сонда или артефакт од друга цивилизација? Во еден од есеите тој праша „Дали 3I/ATLAS генерира сопствена светлина?“, сугерирајќи дека неговата светлина можеби не доаѓа од рефлектираната сончева светлина, што би била карактеристика што ниедна позната комета ја нема. „Хипотезата за која станува збор е дека неодамнешниот меѓуѕвезден посетител на нашиот Сончев систем, 3I/ATLAS, е технолошки артефакт и, згора на тоа, поседува активна интелигенција. Ако е тоа случај, тогаш следат две можности: прво, дека неговите намери се целосно бенигни, и второ, дека се злонамерни, или некаде помеѓу“, напиша Лоеб. Тој, исто така, предупреди дека последиците, доколку хипотезата се покаже како точна, „би можеле да бидат потенцијално ужасни за човештвото и веројатно би барале одбранбени мерки“. НАСА ги отфрла шпекулациите Сепак, НАСА цврсто ги отфрли шпекулациите на Лоеб. „Изгледа како комета. Прави кометни работи. Многу, многу силно наликува, во речиси секој поглед, на кометите што ги знаеме“, изјави за „Гардијан“ Том Статлер, водечки научник на НАСА за мали тела во Сончевиот систем. Лоеб подоцна го разјасни својот став, признавајќи дека „наједноставната хипотеза е дека 3I/ATLAS е комета“. Тој нагласи дека неговата цел е да ги оспори научните претпоставки, а не да дава дефинитивни тврдења. „Наместо тоа, да ја задржиме нашата детска љубопитност и да бараме докази, наместо да се преправаме дека сме возрасни во просторијата кои веќе ги знаат одговорите“, напиша тој. Кога и како да се набљудува објектот? Се очекува кометата да се доближи најмногу до Сонцето околу 30 октомври, на растојание од околу 210 милиони километри, што е веднаш во орбитата на Марс. Нејзината точна големина и својства сè уште се изучуваат, но НАСА предвидува дека таа треба повторно да стане видлива за телескопите на Земјата на почетокот на декември, откако ќе се појави зад Сонцето.Тагови: комета НАСА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваБизарен протест на навивачка на Манчестер Ј.: Додека Мајкл Керик не добие отказ, таа ќе објавува слики од своите голи гради! Кризата во англискиот фудбалски великан Манчестер Јунајтед се продлабочува, а незадоволството на навивачите достигна точка во која тие прибегнуваат кон многу необични методи за вршење притисок врз управата.Меѓу најгласните е познатата навивачка на клубот, Скајлар Скај, која најави радикален протест – таа секојдневно ќе објавува фотографии од голи гради сè додека Мајкл Керик не си замине од тренерската клупа. Оваа необична кампања брзо привлече внимание на социјалните мрежи, па неутралните љубители на фудбалот веќе се шегуваат дека Керик би требало да остане на „Олд Трафорд“ што е можно подолго. Сепак, за навивачите на овој англиски великан, ситуацијата е далеку од забавна, бидејќи „Јунајтед“ се наоѓа во сериозна резултатска криза. Последната победа на „Црвените ѓаволи“ беше забележана на 10 септември, кога во Лигата на шампионите го совладаа азербејџанскиот тим „Сабах“ со 4:0. Потоа следеше црна серија без триумф – пораз во градското дерби против „Манчестер Сити“ (1:0), нерешени резултати против „Тотенхем“ и „Фулам“ (двата натпревари завршија 1:1), како и неуспех во Мадрид против „Атлетико“ (2:0). Лошата форма продолжи со уште едно реми во првенството против „Лидс“ (1:1), дебакл во Лигата на шампионите против „Комо“ (4:1) и тежок пораз од „Борнмут“ (0:3). Сепак, Керик досега ја има добиено довербата на раководството пред натпреварите против Челси и Рома, но не би било изненадување доколку тој стане поранешен тренер во случај на неуспех. Во таков случај, англиските медиуми го спомнуваат Јулијан Нагелсман како потенцијален кандидат.Тагови: Манчестер Јунајтед Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
МакедонијаМанасиевски: Заев и Филипче земаа советници од СНС во владата, Обрадовиќ и Башановиќ се олицетворение на ВучиќЗаев и Филипче земаа советници од СНС во владата, Обрадовиќ и Башановиќ се олицетворение на Вучиќ.Александар Обрадовиќ е балкански мешетар, кој беше советник на Заев, па потоа сакаше и да го стави за директор на ЕЛЕМ, но поради притисокот на ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните, тоа се запре. Но, во 2021 година, Обрадовиќ станува директор на ќерка фирма на ЕЛЕМ. Човекот кој беше сменет од функција директор на Електростопанство на Србија, поради луксуз и хедонизам. Ете, вакви луѓе од српскиот свет носеше Заев во Македонија. Од друга страна, го имаме Зоран Башановиќ, кум на Александар Вучиќ, кој Заев го вдоми во Владата. Сегашен ПР-шеф на СДС кој заедно со Милјан Шчекиќ им ги спремаат соопштенијата и прес-конференциите на Венко и другарите. Башановиќ е човек за кој се вели дека ги споил Заев и Ципрас за промена на името Македонија. Исто така, во јавноста се говори дека бил одговорен за зделки во делот на енергетиката, во координација со Зоран Заев? Дали компанијата на Колашинац „Зобек мининг груп“ добивала најскап договор со ЕСМ, затоа што фирмата „Лигниторихиа Ахлада“, која била концесионер на истоимениот рудник за ископ на јаглен, била токму од Грција? Зоран Башановиќ и Зоран Заев не се од вчера, тие се добар тандем уште од поодамна. Истата таа фирма „Зобек мининг груп“ која му купи на Филипче автомобил од марката „АУДИ“. Ете затоа им е криво и на Филипче и на СДС, затоа што не се власт за да можат да си местат тендери со луѓето на Вучиќ. Филипче и Заев се на истата линија со Александар Вучиќ. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
МакедонијаРеформата за професионалните војници кои навршуваат 45 години веќе ги дава првите позитивни резултатиРеформата во одбраната веќе ги дава првите позитивни резултати, носејќи сигурност и трајно решение за нашите професионални војници. Денеска во Министерството за одбрана беа потпишани договори за вработување со професионални војници кои навршуваат 45 години возраст, како цивилни лица во Министерството чиј статус ќе се трансформира во цивилни лица во македонската Армија. Денешното потпишување договори е токму резултат на реформата која професионалните војници претходно не беа во можност да ја користат. Војниците кои денеска ги потпишаа договорите за вработување на неопределено време, претходно планираа да заминат со финансиски надомест (испратнина). Наместо да ја напуштат службата, тие по 45-тата година ќе продолжат да работат како цивилни лица сè до нивното пензионирање. Оваа суштинска реформа која е резултат на заедничката работа со претставниците на синдикалните здруженија и со Генералштабот, по повеќе децении става крај на неизвесноста и на професионалните војници им отвора нова, дополнителна можност — трансформација на работниот статус од определено на неопределено време. Притоа, досегашните законски опции, како испратнината во висина од две просечни плати во државата за секоја помината година во Армијата, како и префрлањето во органите на државната и локалната власт, и понатаму остануваат во сила за оние кои тоа ќе го изберат. Ставот на Министерството за одбрана и Генералштабот е едногласен: не постои подобар, поискусен и пообучен персонал за извршување на задачите од луѓето кои го поминале својот работен век во Армијата. Професионалните војници се еден од столбовите на нашата безбедност и ова е вистинскиот начин државата да им се оддолжи за нивниот придонес.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00