Клучен енергетски објект што го снабдува Киев со греење и електрична енергија е погоден од руски балистички ракети
1Клучен енергетски објект што го снабдува Киев со греење и електрична енергија е погоден од руски балистички ракети
Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
2Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
ТехнологијаНАСА успеа „да ги оживее“ резервните двигатели на „Војаџер 1“ по 21 годинаНАСА соопшти дека нејзините инженери успеале „да ги вратат во живот“ резервните двигатели на „Војаџер 1“ коишто не беа користени од 2004 година.Американската Национална воздухопловно-вселенска администрација - НАСА соопшти дека нејзините инженери успеале „да ги вратат во живот“ резервните двигатели на „Војаџер 1“ коишто не беа користени од 2004 година и долго време се сметаа за целосно нефункционални. По 4 мај, антената инсталирана на Земјата што испраќа команди до „Војаџер 1“ и „Војаџер 2“, требаше да биде исклучена поради повеќемесечни надградби. Последниот успех на агенцијата е значаен и неопходен бидејќи главните потисници на вселенското летало, што ја контролираат неговата ориентација, губат функција поради акумулацијата на разни отпадоци. Ако погоните целосно откажат, „Војаџер 1“ би можел да ја изгуби способноста да ја насочува својата антена кон Земјата, што ќе води кон губење на комуникацијата со нашата планета, по речиси 50 години непрекината работа. Леталата беа лансирани во 1977 година, со првична мисија - истражување на надворешните планети на нашиот Сончев Систем, а откако ја постигнаа нивната првична цел, беа насочени на истражување на меѓуѕвездениот простор. „Војаџер 1“ го напушти Сончевиот Систем во август 2012 година, а „Војаџер 2“ - во ноември 2018 година. Иако и двете летала се оперативни, нивната старост и огромното растојание од Земјата значат сѐ поголеми технички предизвици. Но, и покрај пречките, „Војаџер 1“ и „2“ продолжуваат да работат, што е доказ за нивниот робустен дизајн и подготвеноста на тимовите кои управуваат со нив. Примарниот погон на „1“ откажа во 2004., откако два мали, но битни внатрешни грејачи ја загубија моќноста и престанаа да работат. По подробната проценка, инженерите заклучија дека овие грејачи не можат да се поправаат од далечина, поради што се префрлија на резервните потисници за да ја одржат усогласеноста на тн. „ѕвезден тракер“ - клучен инструмент којшто му помага на „Војаџер 1“ стабилно да се движи во Вселената. - Мислам дека во тоа време тимот беше подготвен да прифати дека главните погони не работат, бидејќи имаа добра резерва. Веројатно не очекуваа „Војаџерите“ да бидат функционални уште 20 години, изјави Карим Бадарудин, сегашен управител на мисијата „Војаџер“ во Лабораторијата за млазен погон на НАСА. За да го реши проблемот, тимот на НАСА повторно ги активираше резервните погони на првото летало, а потоа се обиделе да ги стартуваат грејачите што ќе ги одржуваат во работата. Доколку тракерот застранил премногу од водилката за време на овој процес, погоните автоматски би се активирале како безбедносна мерка, но доколку грејачите не биле активирани дотогаш, користењето на погоните би предизвикало опасно зголемување на притисокот. Затоа, тимот мораше прецизно да го усогласи стариот тракер пред да се активираат погоните. Со оглед на фактот дека „Војаџер 1“ е многу далеку од Земјата, тимот чекал 23 часа за радиосигналот да стигне назад. Доколку тестот не успеал, ова летало веќе би било во сериозна неволја. Сепак, на 20 март, тоа одлично реагирало на командите, па 20 минути по приемот на сигналот, тимот забележал пораст на температурата на грејачот. Тоа е јасен знак дека резервните потисници работат според планот. - Тоа беше миг за славење! Овие погони се сметаа за „мртви“, што беше легитимен заклучок... Но, еден од нашите инженери веруваше дека е можна поправка, а потоа се случи чудо што го спаси „Војаџер“, рече Тод Барбер, управувач на мисијата. Така, и покрај техничките пречки и староста на леталата, „Војаџер 1“ и „2“ продолжуваат да собираат и испраќаат вредни податоци однадвор од нашиот Сончев Систем. Мисијата и натаму нуди можност да ги прошириме човековите сознанија и науката за меѓуѕвездениот простор - знаење што ниту едно друго вселенско летало не можело да го обезбеди досега. /МИАТагови: Војаџер 1 НАСА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
СветКлучен енергетски објект што го снабдува Киев со греење и електрична енергија е погоден од руски балистички ракетиКлучен енергетски објект што го снабдува Киев со греење и електрична енергија е погоден во руски балистички ракетен напад, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.Енергетскиот објект и станбена зграда беа погодени во напад за кој претседателот рече дека дошол „без рано предупредување од партнеритe“. Киев објави повеќе руски напади откако Трамп изјави дека Русија и Украина пред два дена постигнале договор за прекин на огнот во енергетскиот сектор.Утринава властите во Киев ги повикаа жителите да останат во засолништата откако прогласија црвена тревога поради „ракетна закана“. По нападите во вторникот, Зеленски изјави дека „Украина го поддржа прекинот на огнот на енергетиките објекти . Русија е насочена кон уште една електрана и кон животите на нашите луѓе.“„Ова е апсолутно неправедно: тие ја уништуваат нашата енергетска инфраструктура, а Украина дури и не добива рани предупредувања за лансирање балистички ракети“, додаде тој„ова е втора ноќ по ред Киев да биде погоден од руски ракети, а тоа се случува во време кога Зеленски се подготвува да се сретне со британскиот премиер Енди Барнам на Даунинг стрит денеска , за да разговараат за забрзување на испораките на воздушна одбрана за Киев. По нападите во понеделникот се шпекулираше дека Америка го прекинала пристапот до клучните разузнавачки информации што ѝ овозможуваат на Украина да ги следи дојдовните закани. Трамп негираше дека тоа е случај.Тагови: русија украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДенеска продолжува судењето за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во КочаниДенеска продолжува судењето за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што одбраната треба да презентира докази во рамки на судската постапка.Постапката ја води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители. Во пожарот што избувна на 16 март 2025 година за време на настапот на групата ДНК во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
МакедонијаГруби пречекан со овации во Чаир!Синоќа во Чаир во Скопје грагани се собраа за да го поздрават поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој излезе од куќниот притвор определен во рамките на случајот во кој тој е обвинет за проневера на државни пари од лотарија.Груби се движеше во друштво на пријатели и соработници, придрружен со огномет и запалени факели и чадни бомби. Од кривичниот суд соопштија дека одлуката за укинување на куќниот притвор е донесена поради истекување на законски дозволениот рок од 60 дена, сметано од денот на поднесувањето на обвинителниот предлог. Судот не му ја прифати понудената гаранција за барањето да му биде вратен пасошот. Тој има и забрана да го напушта Скопје додека трае судењето. На рочиштата Груби изјави дека не се чувствува виновен. По 14 месеци бегство во Косово, Груби се предаде на Блаце на 23 февруари 2026 и спротивно на досегашната пракса за бегалци од правдата, не остана во притвор туку по неколку часа во затворот во шутка,кажа дека не се чувствувал безбеден во Шутка, па затоа му беше одредена мерката куќен притвор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00