НАСА со предупредувњае: Делови од Шпанија за 30 години ќе бидат претопли за живеење - Канал 5

НАСА со предупредувњае: Делови од Шпанија за 30 години ќе бидат претопли за живеење

Одредени делови на Шпанија, вклучувајќи ги Мадрид, Валенсија и Андалузија, ќе бидат премногу жешки за да живеат по 30 години поради климатските промени, предупреди денеска НАСА.

НАСА со предупредувњае: Делови од Шпанија за 30 години ќе бидат претопли за живеење

„Освен делови од Шпанија, до 2050 година областите како Јужна Азија, Персискиот Залив, Црвеното Море и источна Кина ќе бидат исто толку топли што животот нема да биде одржлив“, е наведено во студијата на НАСА насловена како „Премногу жешко: Како климатските промени може да направат некои места премногу жешки за живот“.

Во исто време, студијата забележува дека слични температури ќе погодат делови од Југоисточна Азија и Бразил до 2070 година.

„Настаните како топлотниот бран во Европа во 2003 година, кој однесе повеќе од 70.000 животи, ќе станат почести и потешки...Луѓето кои веќе живеат во „жешките точки“ ќе мора да се прилагодат на уште подолги периоди на топлотни бранови, додека оние кои живеат во постудените градови ќе бидат изложени на екстремна топлина на која не се навикнати“, велат експертите.

Тие предупредуваат дека големите градови ќе мора да се прилагодат пред 2050 година, особено кога станува збор за соодветна климатизација и дека е неопходно да се реши проблемот со недостигот на зелени површини во урбаните региони.

Здравствените проблеми како дехидрација, топлотен удар и кардиоваскуларни болести ќе станат почести, предупредуваат експертите. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер