НАСА со објаснување зошто го одбрале кратерот на Марс за слетување

Кејти Стак Морган, заменик-директор на проектот „Марс 2020“ на НАСА и главен геолог на овој проект, која одигра клучна улога во изборот на локацијата на слетувањето на роверот Персиверенс на Марс, рече дека е многу задоволна од лансирањето.

На прашањето зошто НАСА го одбрала тој посебен кратер за својата мисија на Марс 2020 , таа рече дека кратерот наречен ,,Jeзеро” некогаш бил езеро во историјата на Марс.

"На Језеро постојат некои од најдобро зачуваните делта на Марс. Веруваме дека има голем број на минерали таму и тоа е важно за астробиологијата, односно наоѓање траги од живот на Марс", рече таа.

Покрај тоа, како што истакна Стак Морган, се верува дека некои од најстарите камења на планетата постојат на овој локалитет, што ќе и помогне на НАСА да го испита потеклото и раниот развој на Марс, но и на целиот соларен систем.

Како што истакна таа, највозбудливиот дел од мисијата ќе следи за неколку години, кога НАСА планира да лансира ракета на Марс, со што ќе се вратат примероците што роверот „Персиваранс“ ќе ги собере од Марс на Земјата.

Само тогаш дефинитивно ќе може да се каже, кога примероците детално ќе се испитаат и проучат, дали имало живот на Марс.

Павле Трајанов и Љупчо Пренџов во „Само Вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости беа Павле Трајанов и Љупчо Пренџов

Погледнете ја целосно вечерашната емисија „Само вистина“ овде.

Собир за спас на Универзална сала

Пред платото на Универзалната сала иницијативата ,,Солидарни за срцето на Скопје се  одржа собир за спас на  Универзална сала, со единствена порака и желба, да не  исчезне овој белег на Скопје.

Иницијативата потекна по објавата на конкурсот, за идејно решение за парк со летна сцена кој според замислите на градските власти, би требал да никне на местото на „Универзална сала“.

По бурните рекации на социјалните мрежи и во медиумите на иницијативата се придружија, музички и естрадни уметници, актерите, авторите, организаторите, промотерите, менаџерите.

Шилегов објави видеа од диносаурусите во Зоолошка

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на својот фејсбук профил објави видеа од неколку диносауруси кои денеска имале проверка пред монтажата на големите праисториски животни во Дино паркот во Зоолошката градина.

Во овој парк ќе има 41 диносаурус во природна големина. „ Диносаурусите ќе имаат синхронизирани движења, дишење, трепкање и ќе испуштаат звуци, со што ќе ги доловиме на посетителите овие праисториски животни.

Ова ќе биде прв Дино парк на Балканот каде ќе има толкав број на диносауруси, како и едукативна содржина за секој од нив. Паркот ќе зафаќа површина од 2.000 метри квадратни.

Ќе има два влеза, еден од внатрешноста на Зоолошката градина и уште еден од страната на Градскиот парк. За Дино паркот ќе се плаќа посебен билет од 50 денари.

За уредување на просторот и набавка на диносаурусите од буџетот на Град Скопје обезбедени се 20 милиони денари (околу 325.000 евра).

притисни ентер