3Објавени се најпознатите „предвидувања“ на Баба Ванѓа- следбениците тврдат дека го знаела и крајот на светот
ТехнологијаНАСА потпиша договор вреден 3 милијарди долари за капсули за мисија на МесечинатаАмериканската вселенска агенција НАСА потпиша со компанијата Локид Мартин договор вреден 3 милијарди долари за изградба на три капсули ,,Орион” , кои најдоцна до 2024 ќе треба да ги пренесат американските космонаути на Месечината. ,,Локид Мартин “ била избрана меѓу 11 американски компании , кои се нашле во најтесниот избор за развој на прототип на капсула. Ним им е доверено управување со мисијата, во која ќе испратат шест летала Орион на Месечината. Орион е вселенско летало специјално дизајнирано за летови преку границите на Сончевиот систем во кое би се вклучиле и астронаути. Леталата се составен дел од инфраструктурата на НАСА за мисиите Артемида и идните истражувања на сончевиот систем. Програмата на НАСА да ги врати американските астронаути на Месечината најдоцна до 2024 година, е именувана по грчката божица на месечината. Целта е да стигнат на јужниот пол на Месечината каде човечко стапало сè уште не стапнало. Американската агенција соопшти дека нарачала три капсули Орион за 2,7 милијарди американски долари за мисиите Артемида III, IV и V. Во фискалната 2022 година, тие планираат да нарачаат уште три капсули за мисиите VI, VII и VIII за вкупно 1,9 милијарди долари. Севкупно, тие планираат да нарачаат минимум шест и максимум 12 вселенски летала Орион до 2030 година. Во јуни ја завршија изградбата и опремувањето на капсулата „Орион“ за првата мисија во рамките на програмата „Артемида“, што треба да прими екипаж. „Како единствено вселенско летало опремено за истражување на вселената преку границите на Сончевиот систем, Орион е клучен за континуираната водечка улога на Америка“, рече пратеникот на Републиканската партија во Конгресот, Брајан Бабин. "Програмата Артемида е следниот чекор во истражувањето на вселенскиот простор. Тоа е составен дел од поширокиот пристап на НАСА кон истражувањата, од Месечината до Марс, како дел од која ние брзо и одржливо ќе ја истражуваме Месечината и ќе ги искористиме нашите знаења за да го овозможиме следниот скок на човештвото - испраќање на астронаути на Марс “, се наведува во соопштението на НАСА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтранските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
ЕкономијаЖивко Мукаетов го зголеми својот сопственички удел во „АЛКАЛОИД“Во соопштение доставено до Македонската берза, од компанијата информираат дека Претседателот на Управниот одбор и Генерален директор на АЛКАЛОИД АД Скопје, г. Живко Мукаетов, купил нови 277 акции од компанијата.Со оваа трансакција неговиот удел во компанијата се зголеми за 9,21%, и тој во моментов поседува 131.777 обични акции.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтранските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
СветОрмутскиот теснец -Иран губи дел од контролата; се отвора алтернативен коридор за танкериИран губи дел од контролата на Ормутскиот теснец, се отвора алтернативен коридор за танкери.Според изворите, резултатот е враќање во оптек на околу десет милиони барели дневно.Иако тврдењата на Доналд Трамп дека Соединетите Држави имаат целосна контрола врз Ормускиот Теснец не се сосема основани, се чини дека одредени околности сè повеќе работат против Техеран. Според аналитичарите со кои разговараше CNN, повеќе од 80 отсто од суровата нафта што поминала низ Ормускиот теснец во изминатите 14 дена била транспортирана преку оманската рута. Овој коридор е признаен од Обединетите нации, додека Иран го смета за повреда на својот суверенитет над теснецот. Проценките укажуваат на тоа дека и речиси целиот преостанат сообраќај се одвива по оваа рута; сепак, некои пловни објекти се движат „во мрак“ – односно со исклучени транспондери – за да избегнат да станат цели на патролите на Корпусот на гардата на исламската револуција (IRGC). Хомајун Фалакшахи, раководител на одделот за анализа на пазарот на сурова нафта во компанијата „Kpler“, истакнува дека пред само еден месец речиси и да немало комерцијален сообраќај по оваа рута. Во рок од само неколку недели, ситуацијата целосно се променила. Според неговата проценка, станува сè поочигледно дека Иран изгубил барем делумна контрола врз тој дел од морето. Оваа промена не се однесува само на транспортот на сурова нафта. Во периодот од 1 до 19 август, низ Ормускиот теснец поминале вкупно 236 пловни објекти од различен тип. Осумдесет и три пловни објекти ја користеле иранската рута, три го користеле оманскиот коридор, а два се движеле по старата централна рута што се користела пред војната. Останатите 148 пловни објекти – што претставува повеќе од шест од секои десет – поминале со исклучени транспондери. Пред војната, таквите пловења сочинувале околу 35 проценти од вкупниот број. - На тој начин, Иран делумно би ја изгубил контролата врз теснецот: танкерите за нафта минуваат низ него, игнорирајќи ги предупредувањата од Техеран, но тоа го прават под придружба. Тука настапува Вашингтон. Веб-страницата „Аксиос“ (Axios), повикувајќи се на двајца американски функционери, објави дека Соединетите Држави веќе неколку недели дискретно управуваат со транзитен коридор долж јужниот канал – во близина на водите на Оман: секоја ноќ, танкерите за нафта влегуваат и излегуваат од теснецот во две долги колони – една за влез и една за излез – под координација на оперативна група стационирана во Форт Брег, историското седиште на 82-та воздушно-десантна дивизија. Резултатот, според изворите, е враќање во оптек на околу десет милиони барели дневно; иако ова претставува половина од обемот пред војната, сепак означува огромен пораст во споредба со драстичниот пад забележан во последните месеци – пренесува италијанскиот весник „Кориере дела сера“ (Corriere della Sera).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтранските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
СветВидео: Разорен земјотрес со јачина од 7,2 степени го погоди Перу Земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди јужниот дел на Перу, соопшти Националниот сеизмолошки центар (CENSIS).Епицентарот на земјотресот се наоѓаше на 35 километри северно од Коракора, во покраината Паринакочас. Според објавените информации, земјотресот е опишан како „бранен земјотрес“ – хоризонтално движење на почвата што се манифестира преку нишање и бранување на површината. Земјотресот беше почувствуван низ целиот јужен Перу, а во Лима потресот се почувствува главно на горните катови од зградите. MAGNITUDO 7.2 EARTHQUAKE SHAKES PERU Thursday, 20th August 2026 pic.twitter.com/AzYWEB0YAQ — Agraprana Pahlawan (@skynewsagra) August 20, 2026 Земјотресот беше долготраен и траеше околу една минута. Досега не се пријавени штети или жртви по земјотресот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook