НАСА: Поблизу сме до Сонцето од кога било порано! - Канал 5

НАСА: Поблизу сме до Сонцето од кога било порано!

Соларната сонда на НАСА „Probe Plus“ која ќе биде лансирана во летото 2018 ќе се доближи до сонцето на само 6 милиони километри, што е седум пати поблизу од кое било друго летало.

НАСА: Поблизу сме до Сонцето од кога било порано!
Само за споредба, Земјата се наоѓа на просечна далечина од 150 милиони километри од Сонцето.

„Probe Plus“ е во фаза на составување и тестирање во Мериленд.

- Достигнувањето на оваа фаз ае од исклучителна важност за нашиот тим. Тоа покажува дека дизајниравме вселенско летало, инструменти, и покренавме мисија која може да ги издржи тешките услови кои владеат околу Сонцето. Леталото ќе може на Земјата да испраќа потребни информации кои научниците ги очекуваат со нетрпение. Неверојатно е да се види како идејата се претвора во вселенска сонда - рече Енди Драјсмен, менаџер на проектот.

Сондата со себе ќе носи четири инструменти, кои ќе го испитуваат магнетното поле на Сонцето, соларните ветрови и плазмата која го окружува. Податоците ќе пружат клучни информации за креирањето на временските услови во вселената.

Од температурата која на 6 милиони километри од Сонцето изнесува 1 400 степени, сондата ќе ја штити 11.5 сантиметри дебела обвивка.

Сондата ќе го сруши и рекордот за најбрза машина - во доближувањето до Сонцето ќе достигне брзина од околу 200 километри во секунда.

/извор: Б92


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Саем на домашна храна „вкуси ја традицијата“ денеска во Градски парк кај Школка

Во Градскиот парк, кај Школка, денеска се одржува саемот „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“. 

Саем на домашна храна „вкуси ја традицијата“ денеска во Градски парк кај Школка

Посетителите имаат можност да дегустираат и органски производи.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации

141.891 лице со дијабетес има во Македонија. Во 2025 година  биле евидентирани нови 6.614 новодијагностицирани случаи, покажуваат податоците од националниот регистар на Институтот за јавно здравје. 

Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации

По повод 14 ноември, Светскиот ден на дијабетесот годинава се одбележува под мотото „рано дејствување против дијабетесот“.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Дојдовме до точка нула, а бевме во длабок минус, од сега очекувам само раст

Индустриското производство бележи позитивни движења.

Мицкоски: Дојдовме до точка нула, а бевме во длабок минус, од сега очекувам само раст

Прометот во индустријата е зголемен за над 5,5 отсто во споредба со третиот квартал минатата година, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер