Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
1Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
ТехнологијаНАСА планира изградба на нуклеарен реактор на Месечината до 2030 годинаНАСА и Министерството за енергетика на САД ги потврдија плановите за развој на нуклеарен реактор кој треба да биде поставен на површината на Месечината до 2030 година. Проектот е дел од пошироката програма „Артемис“ и е дизајниран да обезбеди енергетска основа за долгорочно човечко присуство на Месечината, како и технолошки чекор кон идните мисии на Марс. Двете институции неодамна потпишаа нов меморандум за разбирање со кој се формализира продолжувањето на децениската соработка во областа на вселенските технологии и енергијата. Документот предвидува заедничка работа на развој на систем за фисиона енергија наменет за работа на површината на Месечината, со цел подготовка на реакторот за лансирање и оперативна употреба до крајот на деценијата. Според НАСА, ова е решение кое треба да обезбеди стабилно, долгорочно и сигурно снабдување со електрична енергија, независно од сончевата светлина и екстремните температурни разлики што преовладуваат на Месечината. Планираниот систем би можел да произведува енергија со години без потреба од полнење гориво, што го прави клучен за трајни лунарни бази, научни експерименти и инфраструктурни објекти. Администраторот на НАСА, Џаред Исакман, нагласи дека враќањето на луѓето на Месечината не вклучува само краткорочни мисии, туку и изградба на инфраструктура што овозможува долгорочен престој. Во овој контекст, нуклеарната енергија се смета за неопходен предуслов за следната фаза од американската вселенска програма и за подготовка на мисии на Марс. Министерството за енергетика на САД изрази сличен став, со порака дека проектот се потпира на историското искуство од заеднички вложувања меѓу американската наука и индустрија, како што се Проектот Менхетен или програмата Аполо. Министерството проценува дека развојот на лунарен нуклеарен реактор претставува еден од технички најсложените, но и најзначајните чекори во историјата на нуклеарната енергија и истражувањето на вселената. Заедничката програма на НАСА и Министерството за енергетика го опфаќа целиот процес, од развој на технологијата и обезбедување гориво, преку регулаторни дозволи, до подготовка на системот за лансирање. Се потпира на повеќе од половина век соработка во областа на вселенските и безбедносните технологии, а во проектот ќе бидат вклучени и партнери од комерцијалниот вселенски сектор. Доколку се исполнат планираните рокови, нуклеарен реактор на површината на Месечината би можел да стане основа на нова фаза од истражувањето, во која човечкото присуство надвор од Земјата за прв пат ќе се потпира на стабилен, независен извор на енергија.Тагови: месечината НАСА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМногу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреваротШкотските навивачи ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи? Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаЦентарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритамСкопје денеска живее во фудбалски ритам. Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка. Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици. Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат. За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија. Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријаваНа 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари. Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook