НАСА откри огромен астероид, кој се движи кон Земјата и има шанса да удри во неа во 2032 година - Канал 5

НАСА откри огромен астероид, кој се движи кон Земјата и има шанса да удри во неа во 2032 година

Астероидот 2024 YR4 е забележан на 25 декември 2024 година, а сега е објавено дека постои шанса оваа вселенска карпа широка 55 метри да удри во Земјата во 2032 година.

НАСА откри огромен астероид, кој се движи кон Земјата и има шанса да удри во неа во 2032 година

Меѓународната астрономска унија (IAU) го прогласи овој астероид за ниво 3 на скалата на опасност, што го прави единствениот чие ниво моментално е над 0 и само вториот за кој имал повеќе од 1 процент веројатност (конкретно 1,2%) да ја погоди нашата планета.

Вселенска карпа со големина на половина фудбалско игралиште ќе биде најблиску до Земјата на 22 декември 2032 година. Се проценува дека ќе биде на растојание од 106.200 километри, но кога станува збор за непознати, овој премин може да се претвори во директен удар на нашата планета, пишува Space com. Веројатноста за удар, велат тие, е 1 спрема 83 или 1,2 отсто, што го прави најопасниот астероид кој се движи кон Земјата.

🧪🔭 Information about the newly discovered potentially impacting asteroid 2024 YR4. (Very low chance of impact as of now).

[image or embed]

— David Rankin (@asteroiddave.bsky.social) January 28, 2025 at 7:07 PM

Иако е доста голем, според НАСА, 2024 YR4 не е во категоријата на астероиди наречени „убијци на планетите“, но е доволно голем за да предизвика нешто слично на Тунгуска експлозија што се случила на 30 јуни 1908 година над Сибир.

- Луѓето не треба да се грижат за ова. Веројатноста за удар е сè уште многу мала, а најверојатниот исход ќе биде дека оваа карпа ќе нè одмине. Тековниот коридор за ризик е од Јужна Америка преку Атлантикот до Јужна Африка. „Важно е да се има на ум дека орбитата е сè уште неизвесна и не знаеме дали ќе удри, но во моментов најверојатниот исход е дека ќе нè одмине“, изјави Дејвид Ранкин, астроном и инженер на Каталина Скај Опсерваторијата за Space.com.

Тој додава дека дури и ако удри во Земјата, 2024 YR4 можеби нема да биде причина за голема загриженост, но дека сè уште не се знае многу за астероидот.

- Големината и составот играат голема улога во оштетувањето, како и локацијата на ударот. Астероидот е веројатно сличен по големина на карпата што удрила во Тунгуска во 1908 година или на кратерот од метеор во Аризона. Ова значи дека, иако влијанието на ударот би било локално наместо регионално, постои потенцијал за сериозна штета на областа што ја погодува, рече Ранкин.

Експлозијата во Тунгуск, се додава, е најголемиот забележан удар на астероид во историјата на човештвото, иако се познати поголеми удари во праисторијата. Најпознат пример е ударот на астероидот кој уништил две третини од животот на Земјата и ги збришал диносаурусите пред 66 милиони години.

Експлозијата во Тунгуск, иако многу помалку драматична, не била безопасна. Ударот имал енергија на детонација на 50 милиони тони динамит, срамнил со земја околу 80 милиони дрвја на површина од 2.150 квадратни километри и веројатно убил три лица.

- Ако 2024 YT4 е направен од цврст материјал, може да предизвика значителна експлозија во атмосферата, а огнената топка би стигнала до земјата. Ако е направен од железо, ќе ја пробие атмосферата и ќе создаде кратер. „Затоа не е важна само орбитата, туку и составот на астероидот“, рече Ранкин.

Единствениот астероид кој имал повисоко ниво на скалата бил 99942 Apophis, кој имал ниво 4 кон крајот на 2004 година..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Есенско разубавување на нашето Скопје!

И во есенските денови, Скопје го облекуваме во бои што внесуваат свежина и топлина во нашето секојдневие.

Ѓорѓиевски: Есенско разубавување на нашето Скопје!

Денеска, вредните вработени во ЈП „Паркови и зеленило“ засадија есенски цветен расад во цветните леи во Градскиот парк, Парк Македонија, долж булеварите „Партизански одреди“, „Јане Сандански“ и „Александар Македонски“, како и во Реонскиот центар.

Нов цветен изглед добија и фигурите „Штрк“ во општина Аеродром и „Торта“ во општина Чаир, кои ги освеживме и украсивме со сезонско цвеќе, миозотис и хризантема.

Благодарност до сите вредни раце што секојдневно се грижат нашите паркови и јавни површини да бидат поубави и попријатни за секој скопјанец.

Да го чуваме она што го разубавуваме, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска Давкова: Со 50 шефови на европски држави и влади, учествував на Самитот на Европската политичка заедница во Даблин

Денеска, заедно со 50 шефови на европски држави и влади, учествував на Самитот на Европската политичка заедница во Даблин, чија централна тема е „Европа: силна, безбедна и поврзана“.

Сиљановска Давкова: Со 50 шефови на европски држави и влади, учествував на Самитот на Европската политичка заедница во Даблин

На панел-дискусијата „Градење на компетитивна Европа – иновација, поврзаност и достапна енергија“, говорев за поврзаноста меѓу европската конкурентност, иновациите, енергетската безбедност и интеграцијата на Западниот Балкан.

Европа ја црпи својата сила од способноста различноста да ја претвори во соработка, а соработката во заедничко дејствување.

Конкурентноста денес не може да се сведе само на капиталот, големината на пазарите или цената на работната сила, туку сè повеќе зависи од капацитетот да се поврзат знаењето, технологијата, инфраструктурата, енергијата и луѓето и тие врски да се претворат во иновации, продуктивност и одржлив раст.

Западен Балкан не е надвор од Европа, туку е дел од нејзината историја, инфраструктура и безбедносна архитектура, при што Европа и Западниот Балкан ги опишав како „систем на поврзани садови“, во којшто случувањата во еден дел неизбежно влијаат врз другиот.

Прашањето не е само како Западниот Балкан подобро да се поврзе со Европа, туку дали Европа може да си дозволи да остане недоволно поврзана со регион што се наоѓа на пресекот на нејзините стратешки правци, енергетски коридори, пазари и човечки потенцијал, објави на ФБ претседателката Гордана Сиљановска- Давкова.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќерката на Клаудија Шифер има 22 години и неверојатно личи на својата славна мајка (ФОТО)

Клементин Вон, 22-годишната ќерка на супермоделот Клаудија Шифер и режисерот Метју Вон, ќе го има својот прв настап на престижниот париски бал Le Bal des Débutantes на крајот од месецот.

Ќерката на Клаудија Шифер има 22 години и неверојатно личи на својата славна мајка (ФОТО)

Настанот, кој ги собира младите жени од некои од највлијателните семејства во светот, ќе се одржи на 28 ноември и се смета за еден од најексклузивните социјални настани во годината. Меѓу дебитантките оваа година ќе биде Олимпија Баез-Херера, внука на познатата модна дизајнерка Каролина Херера, пишува Hello!.

Клементин има необична сличност со својата позната мајка, од која ја наследила својата препознатлива руса коса, а е заинтересирана за слични области - студира уметност и мода. Клаудија Шифер претходно откри дека двете нејзини ќерки, Клементин и 15-годишната Космина, обожаваат да ѕиркаат во нејзиниот плакар и да позајмуваат облека.

„Уживам гледајќи ги како составуваат модни комбинации. За генерацијата на моите ќерки, споделувањето облека, размената и носењето парчиња од втора рака е нешто сосема природно“, изјави Шифер за „Гардијан“ во 2023 година.

Што е „Le Bal des Débutantes“?

„Le Bal des Débutantes“ е традиционален париски бал чии почетоци датираат од 1957 година. Првично беше замислен како можност за млади жени од угледни семејства да се претстават во општеството и да се запознаат со потенцијални сопруги. Но, во 1997 година, Офели Ренуар го модернизира концептот и го претвори во гламурозен настан што ги слави младите жени, нивните семејства и нивните достигнувања.

Балот е од затворен тип и ги собира членовите на кралските и аристократските семејства и ќерките на влијателни луѓе од светот на бизнисот, уметноста и модата. Посебна карактеристика на настанот се луксузните фустани создадени од познати светски дизајнери за дебитантките, додека на балот ги придружуваат одбрани кавалиери.

Настанот има и хуманитарна цел. Семејствата учеснички собираат средства за добротворни организации со донации, а оваа година парите се наменети за истражување на срцеви заболувања и за Детската болница „Марија Фарери“.

Овогодинешниот бал ќе се одржи во луксузниот хотел „Шангри-Ла Париз“, поранешната палата на принцот Роланд Бонапарта, од која се нуди поглед на Ајфеловата кула.

Кои се другите дебитантки?

Заедно со Клементина, посебно внимание привлекува 21-годишната Олимпија Баез-Херера, внука на Каролина Херера, која на балот ќе носи фустан со потписот на нејзината баба. Меѓу гостите се австриската надвојвотка Зита, која ќе носи креација од Франк Сорбие, и Викторија де Ноај де Муши де Пуа, потомок на француски благороднички и кралски семејства, која го избра дизајнерот Гуо Пеи.

На листата се наоѓаат и близначките Ешли и Брејси Астон, членка на кувајтското владејачко семејство Шајма Ал Сабах и Џулиет Липман, ќерка на коосновачот на издавачката куќа „Република рекордс“, која ќе носи фустан од Оскар де ла Рента.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер