НАСА: Односите меѓу американските и руските екипажи на Меѓународната вселенска станица исти - Канал 5

НАСА: Односите меѓу американските и руските екипажи на Меѓународната вселенска станица исти

Односите меѓу американските и руските екипажи на Меѓународната вселенска станица останаа исти.

НАСА: Односите меѓу американските и руските екипажи на Меѓународната вселенска станица исти

Односите меѓу американските и руските екипажи на Меѓународната вселенска станица (МВС) воопшто не се променети поради ситуацијата во Украина и сите во вселенската станица имаат намера да работат продуктивно и да прават заеднички напори во операциите, изјави денеска астронаутот на НАСА Томас Маршбурн кој минатата недела се врати од МВС.

– Што се однесува до меѓународните односи, тоа воопшто не е променето. А ние имаме повеќе од 40 години односи со нашите меѓународни партнери и со руските колеги, рече тој по враќањето од вселенската мисија „Крев-3" во која исто така беа астронаутите на НАСА Раџа Чари, Кајла Барон и астронаутот на германската европска вселенска агенција Матиас Маурер.

Астронаутот рече дека во текот на шесте месеци поминати на МВС, работата со сите колеги „не само што била продуктивна, туку и многу пријатна" за екипажот и оти тие успеале да го одржат тој однос за да останат безбедни, живи и да завршат добра работа и да ја одржуваат вселенска станица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вечерва во Драчево продолжува киното на отворено со филмот „Трето полувреме“

Откако вчеравечер филмскиот викенд започна со култниот „Бал-Кан-Кан“, киното на отворено во Драчево продолжува и вечерва. 

Вечерва во Драчево продолжува киното на отворено со филмот „Трето полувреме“

Општина Кисела Вода, во соработка со Кинотека на Македонија, ги поканува граѓаните на уште една филмска вечер во Амфитеатарот на Домот на културата во Драчево.

Вечерва, 09.08.2026 (недела), со почеток во 20:00 часот, на големото платно ќе се прикаже „Трето полувреме“, уште едно извонредно остварување на режисерот Дарко Митревски.

Присутните ќе имаат можност да погледнат филмска приказна инспирирана од вистински настани, во која ќе можат да уживаат во одличните улоги на Катарина Ивановска, Сашко Коцев, Ричард Самел, Раде Шербеџија, Емил Рубен, Митко Апостоловски, Мето Јовановски, Владо Јовановски, Тони Михајловски и други.

Влезот за сите посетители е слободен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

23-годишниот Аријан Ејупи по потекло од Македонија стана шампион во бокс на Германија до 76 кг.

Аријан Ејупи по потекло од Македонија го оствари својот сон од неговата пет годишна возраст, кога единствена желба му била да биде најдобар боксер во Германија каде е роден. 

23-годишниот Аријан Ејупи по потекло од Македонија стана шампион во бокс на Германија до 76 кг.

Во категоријата од 76 килограми со своите 23 години тој е првак во Германија, и во ноември продолжува на светско првенство.

-Почнав кога имав пет години. Тренирам целиот мој живот. Тренер ми е мојот татко, да тренизите се мојот живот. Но, треба многу да сте дисициплинирани. Мора да сте внимателни што јадете, нема излегување во доцна до ноќта, одите рано да спиете, рано будење. Да, имам голема дисциплина, благодарејќи на мојот татко кој ме научи да се будам многу рано од мал. - Аријан Ејупи

Иако е роден во Германија, неговите родители се по потекло од Македонија. Омилено му е да доаѓа во Македонија предизвик му е да има натпревар и во Македонија.

-Македонија е мојот дом, да исто така и е мојот дом и сакам да имам борба во Македонија, тоа е мојот сон“, вели Ејупи.

Ејупи на шала кажува дека освен што доаѓа и за фамилијата, омилена храна што ја сака кога ќе дојде се ќебапите. И кога доаѓа најинтересно е што со неговите пријатели разговара и го вежба македонскиот јазик.

- Јас сум Аријан, од Македонија сум и сакам ќебапи.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонскиот бакар во глобалната трка за критични минерали: Ќе успее ли европа да се ослободи од зависноста од Кина?

Додека Европа трча по критични минерали и се обидува да ја намали зависноста од Кина, Пекинг веќе има изградено доминантна позиција во нивната преработка.

Македонскиот бакар во глобалната трка за критични минерали: Ќе успее ли европа да се ослободи од зависноста од Кина?

Според американскиот Центар за стратегии за критични минерали, Кина од 2001 до 2023 година насочила речиси 100 милијарди долари кон проекти поврзани со критични минерали. Дополнително, според извештајот доминира и во нивното топење и рафинирање ,клучните фази во кои рудата се претвора во материјали неопходни за современата индустрија и технологија. Во оваа глобална трка, според експертите, Македонија има ресурс кој може да и донесе значителна економска корист и да ја позиционира како важен дел од европските синџири на снабдување – бакарот.

- Ако пред пет години беше оценуван како неподобен метал за екстракција, за експлоатација и така натаму во функција на заштита на животната средина, денеска на европската листа на метали се наоѓа на зелената листа. Така да состојбите се менуваат... Било каде да се свртиме околу нас, тоа се минерали, тоа се метали вградени во фунционалноста на нашето живеење и ние за тоа треба да бидеме свесни и да го користиме тој потенцијал што го имаме.- Соња Лепиткова - претседателката на Македонското геолошко друштво

Како еден од проектите со кој земјава би можела да се вклучи во синџирите на снабдување со критични минерали, Лепиткова го нагласува рудникот за бакар во Иловица. Проектот со години е во застој, иако за него веќе е обезбеден приватен капитал. Според досегашните проектни податоци, предвидено е годишно да се експлоатираат околу 10 милиони тони руда, со просечно производство од над 10 илјади тони бакар годишно. Според проценетите резерви, рудникот би работел околу 23 години. Но, отворањето на нови рударски капацитети, според Лепиткова, мора да оди паралелно со највисоки еколошки стандарди и постојана контрола.

- Секој рудник е приказна за себе, секое подрачје има своја специфика. Стручната јавност е таа на којашто треба да ѝ се верува и таа треба исто така на ист начин да пристапи во аспектот на отворање на еден рудник – а да се запазат максимално еколошките стандарди, да се управува вистински со отпадот, со отпадните води, да се применат најсовремени технологии и државата да прави континуиран мониторинг.- Соња Лепиткова - претседателката на Македонското геолошко друштво

За Иловица покрај потенцијалното производство на бакар, инвеститорот најавува и поширок економски ефект. Првата фаза од изградбата на рударскиот комплекс би била вредна околу 340 милиони евра, а проектот би отворил стотици работни места. Дополнително, според инвеститорот, во текот на оперативниот период околу 75 милиони евра годишно би се слевале кон локални и регионални компании од различни дејности, од угостителство, земјоделство и прехранбена индустрија, до текстилната, хемиската и дрвната индустрија, како и занаетчиството и сервисните услуги.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер