Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
1Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
ТехнологијаНАСА објави нови слики од кометата „3-И / Атлас“, којашто е „гостин“ во Сончевиот СистемПо големите најави, НАСА објави низа нови, досега најподробни слики од меѓуѕвездената комета „3-И / Атлас“. Низ целиот Сончев Систем, од опсерваториите на Земјата до вселенските летала во меѓупланетарниот простор, бројните мисии на американската вселенска агенција успеаја да го сликаат ова вселенско тело како се движи низ нашето блиско пространство, пишува „Сајенс-алерт“ (ScienceAlert). Најблиските набљудувања дојдоа од Марс, којшто, како што забележа Ники Фокс, заменик-администратор на Дирекцијата за научни мисии, „кометата беше токму во орбитата на Марс“, т.е. соседната нам планета беше на космички најблиската оддалеченост од кометата. Сликите беа направени од „Марсовиот извидувачки орбитер“ (МРО), што првично е задолжен да ја истражува „Црвената Планета“. Леталото ја сними „3-И / Атлас“ од растојание од само 30 милиони километри на 2 октомври оваа година. - Кометата „3-И / Атлас“ ја достигна својата најблиска точка до Сонцето кога Земјата беше на „погрешната“ страна, за да можеме правилно да ја набљудуваме, рече планетарниот научник Том Статлер. - Но, Марс беше на вистинската страна од Сонцето, па нашите инструменти на Марс беа во можност да ја набљудуваат кометата. И неколку други наши вселенски летала беа на вистинската страна од Сонцето. Затоа, научната заедница е навистина возбудена за кометата и овие нови набљудувања. Научниците и јавноста со нетрпение ја следеа кометата откако првпат беше забележана од телескопот „АТЛАС“ на 1 јули 2025 година. Нејзините својства ја прават различна од која било комета видена претходно, но нејзината траекторија ја става на спротивната страна од Сонцето од Земјата за време на нејзиниот перихел на 29 октомври - клучно време за набљудување на активноста. За среќа, голем број вселенски мисии беа во можност да се одвојат од своите главни мисии за да ја набљудуваат кометата. Покрај „МРО“, и орбитерот „МАВЕН“ на НАСА ја набљудуваше кометата во ултравиолетови зраци, собирајќи податоци за водородот во нејзината атмосфера и опашка. Во меѓувреме, роверот „Упорност“ беше совршено позициониран за набљудување од површината на Марс. Слики беа направени и од сончевите опсерватории „Панч“, „Стерео“ и „Сохо“, како и од леталата „Луси“ и „Сајк“, коишто се движат кон Астероидниот Појас. Според науката, дефинитивно се работи за комета, а не за вселенско летало со вонземско потекло. Гласините се расчистени. - Би сакал да се осврнам на гласините. Мислам дека е важно да се зборува и за ова. Ова тело е комета. Изгледа и се однесува како комета, а сите докази укажуваат дека е комета. Но, таа дојде однадвор во Сончевиот Систем, и тоа ја прави фасцинантна, возбудлива и научно многу важна, рече помошник-администраторот на НАСА, Амит Кшатрија. Тоа е потврдено и со неодамнешна фотографија направена од астрофотографот Сатору Мурата од Ново Мексико (САД), на 16 ноември. Што е следно? Приказната за кометата „3-И / Атлас“ сè уште не е завршена. Нејзиното најблиско приближување до Земјата ќе се случи на 19 декември. Иако тоа сè уште не е опасно растојание, тоа ќе биде најдобрата можност за набљудување со телескопи и камери од нашата планета. Тагови: НАСА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
МакедонијаДимитриевски од Неготино: Европскиот извештај е најверодостојниот доказ за резултатите на ЗНАМ!Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија продолжува со средбите со граѓаните низ државата, на кои се презентираат резултатите од изминатите две години работа и придонесот на избраните и именувани функционери од редовите на Движењето. Во рамки на панел-дискусијата под мотото „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија“, која се одржа во Неготино, се обратија претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, координаторот на пратеничката група на ЗНАМ и член на Извршниот одбор, Бобан Карапејовски, директорот на Агенцијата за планирање на просторот, Александар Гелевски, како и државниот секретар во Министерството за земјоделство, сточарство и водостопанство, Надица Џерковска. Претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, истакна дека Извештајот на Европската комисија за 2026 година е доказ за напредокот и предизвиците во клучните области од работењето на институциите, посочувајќи дека во областите во кои ЗНАМ има свои функционери е нотиран значаен напредок. „Резултатите не се мерат според тоа колку гласно зборувате за нив, туку според тоа што навистина сте го направиле. Европскиот извештај е најверодостојниот доказ за оценување на институционалниот напредок, а ЗНАМ преземените одговорности ги преточи во конкретни промени и подобри институции.“ истакна Димитриевски. Во таа насока, тој се осврна на резултатите во областите на правосудството, јавната администрација и дигиталната трансформација. Извештајот на Европската комисија нотира напредок во повеќе сегменти, меѓу кои усвојувањето на новиот Закон за Судскиот совет, надградбата на Информациониот систем за за управување со човечките ресурси и проширувањето на понудата на електронски услуги за граѓаните. Димитриевски посочи дека ЗНАМ е единствената партија која ги презентира резултатите од работата на своите функционери пред граѓаните, нагласувајќи ја важноста на отчетноста како принцип на политичкото и институционалното дејствување. „Отчетноста значи да застанете пред граѓаните, да кажете што сте ветиле, што сте реализирале и што останува да се направи. Тоа е суштината на јавната одговорност. Нашите средби не се само осврт на изминатиот период, туку и можност отворено да се разговара за следните чекори и за обврските што ги преземаме“ нагласи претседателот на ЗНАМ. Димитриевски нагласи и дека активно се спроведуваат активностите предвидени со Акцискиот план за 2026 година на Движењето ЗНАМ, со посебен акцент на организациското јакнење. По формирањето на Клубот на млади, во наредниот период следува и формирањето на Клубот на жени, како дел од планираните активности за развој на партиската структура. Движење ЗНАМ останува посветено на политиката на отчетност, одговорност и исполнување на преземените обврски, затоа што довербата на граѓаните не се бара со зборови, таа се гради со работа и се оправдува со резултати. Центар за комуникации и аналитика ЗНАМТагови: ЗНАМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСудир на танкер и крузер во Њу Орлеанс: Најмалку 32 повредени (ВИДЕО)Нафтен танкер се судри со речен крузер во пристаништето во Њу Орлеанс во американската сојузна држава Луизијана.Во несреќата се повредени најмалку 32 лица, кои се пренесени в болница. Американските медиуми пренесуваат дека крузерот „Американ Херитиџ“, кој пловел по реката Мисисипи, пристигнал во пристаништето во Њу Орлеанс и патниците почнале да се симнуваат од него, кога од засега не познати прични во бродот танкер за нафта. По сударот, крузерот, на кој имало 129 патници и околу 20 членови на екипажот, се превртел. Спасувачките екипи успеале да ги извлечат сите патници. Хелена Морено, градоначалничка на Њу Орлеанс, на прес-конференција изјави дека сите се спасени. „Од нив, 32 лица се пренесени во болница, но никој од нема критични повреди“, изјави Морено, нарекувајќи го настанот „чудото на Мисисипи“. Крајбрежната стража на САД соопшти дека дел од реката е затворен за секаков вид пловен сообраќај. Не е познато како дошло до несреќата. Гувернерот на Луизијана, Џеф Лендри, изјави дека е во тек „активна истрага“ за судирот. „Сакаме да се осигураме дека оваа истрага ќе биде спроведена темелно и дека точно ќе дознаеме што се случило, за да можеме да ги решиме проблемите и да гарантираме дека Мисисипи ќе остане многу безбедно место“, истакна Лендри.Тагови: крузер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Уште неколку членови од ЗНАМ 2.0 официјално се приклучија на организираната криминална група!Здружението ЗНАМ веќе не постои, тоа го покажуваат и анкетите на нивниот шеф Мицкоски. Партиските редови на СДСМ денес се почисти за неколку лица кои ровареле по партијата. Кога ги откривме сите оние кои за пари се обидуваат да ја спречат борбата против мафијата, неколкумина брзо-брзо преминаа во ЗНАМ - здружението на Максо Димитриевски, спонзорирано од Мицкоски. Здружението ЗНАМ веќе не постои, тоа го покажуваат и анкетите на нивниот шеф Мицкоски. Откако се дозна дека сè е договорено и под контрола на Мицкоски, пратеник, советници и цели групи луѓе го напуштија ЗНАМ. Денес, преминувањето во ЗНАМ е исто како некој во 1945 година да преминал кај четниците. За жал, на таквите не им е до Македонија, туку до ситни пари, не сфаќајќи дека самите се етикетирале за целиот живот. Соединетите Американски Држави, нашиот стратешки партнер, вчера во своето соопштение наведоа дека во Србија ќе ѝ помогнат на новата влада која го собори Вучиќ и дека ќе помогнат во расветлувањето на транснационалната криминална мрежа на Западен Балкан, која претставува опасност за Америка, но и за целиот регион. Кај нас овие деновите се расветлуваат случајот со Алта банка и перењето пари од дрога, криминал и корупција, а токму Максим Димитриевски учествуваше во носењето на таа банка, заедно со Мицкоски и директорот на БИА од Србија. Додека се работи на случајот со петте тони дрога, истата оваа група преминува во ЗНАМ, кај тој истиот Максо, познат по тендерот во Пошта, во време кога вработените немаа пари за плати, или по продажбата на плацот на компанијата Лидл и стекнувањето стотици илјади евра преку ноќ. Таквите повеќе не можат да бидат во нашите редови и подобро е што сега го покажуваат своето вистинско лице, отколку и понатаму да роварат против нас одвнатре. Додека граѓаните и поединци застануваат на страната на СДСМ и Фронтот за вистина и правда во борбата против бандата на власт предводена од Мицкоски, ЗНАМ се фали со своите нови платеници. ЗНАМ е сателит. И ЗНАМ 2.0 е алатка на Мицкоски. Максо го наплати предавството на партијата и гласачите. Сега ја извршува последната задача – да го собере она што им останало од нивната екипа во нашите редови. Сега сите се на исто место. Им благодариме. Вистината излегува на виделина. Бандата ќе одговара. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter