Монтираниот случај на Венко Заев и Ленче Ристоска од поранешното СЈО кон ВМРО-ДПМНЕ конечно падна и правдата е задоволена
2Монтираниот случај на Венко Заев и Ленче Ристоска од поранешното СЈО кон ВМРО-ДПМНЕ конечно падна и правдата е задоволена
3Емотивни сцени по елиминацијата на Англија: Дејвид Бекам не можеше да ги сокрие солзите и разочарувањето
ТехнологијаНАСА објави неверојатни фотографии од површината на Јупитер Во последно време, имавме доволно грижи на нашата планета, но овие неверојатни фотографии од Јупитер можеби барем ќе го привлечат вашето внимание од секојдневниот живот.НАСА неодамна објави нови фотографии од оваа мистериозна планета. Фотографиите се направени од нивното вселенско летало Џуно, што е прво блиско летање до Јупитер од 2016 година. Важно е да се напомене дека Јупитер нема јасно дефинирана цврста површина како Земјата, туку е еден од таканаречените гасовити гиганти, составен претежно од водород и хелиум. Јупитер има маса за 318 пати поголема од Земјата, но неговата густина е приближно една четвртина од густината на Земјата. Според астрономските студии, научниците претпоставуваат дека Јупитер се состои од релативно мало силикатно јадро, опкружено со два слоја течен водород. Над површината има атмосфера со дебелина од околу 1000 км. Јупитер има околу 10 пати посилно магнетно поле отколку Земјата. Во неговата атмосфера има забележителни метеоролошки и магнетни феномени слични на оние на Земјата, но со многу поголема јачина и времетраење (на пример, невреме слично на тропските циклони). Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМАНУ потврдува дека Македонија има сериозни капацитети на бакар од бенефит за државатаОд друга страна во Стратегијата за минерални суровини 2026-2046 на која работеше МАНУ, се нотира дека тие резерви просто не се искористуваат. Таков е примерот со инвестицијата за рудник за бакар во Иловица-Штука.Дури ни отворањето на шест огромни рудници за бакар годишно во следните две децении нема да ја задоволи глобалната побарувачка. Вака проценува светскиот рударски инвеститор Френк Џустра, предупредувајќи на сериозна криза во синџирот на снабдување. Стратегијата за минерални суровини 2026-2046 изработена од МАНУ, децидно потврдува дека Македонија располага со сериозни капацитети на бакар кои не се искористуваат. Пример за ова е Иловица-Штука, каде инвеститорот „Еуромакс ресоурцес“ утврди ресурси од 237 милиони тони и резерви од 225 милиони тони руда (околу 410 илјади тони бакар, со стапка на искористеност од 84%). Проектот предвидуваше експлоатација од 10 милиони тони руда годишно и век на експлоатација од 23 години. Покрај Иловица, присуство на бакар беше утврдено и во Казандол и Кожуф, но овие инвестиции останаа нереализирани. Џустра се повикува на прогнозите на „JPMorgan“, според кои се очекува дефицит на бакар од два милиони тони до 2030 година, кој ќе порасне на осум милиони тони до 2035 година. Само центрите за податоци ќе потрошат околу 500.000 тони до крајот на деценијата, а на новите наоѓалишта им се потребни меѓу 10 и 20 години за да почнат со производство. „Бакарот е столбот на речиси секоја електрификациска индустрија во светот“, нагласува Џустра. И додава дека битката за стратешки минерали прераснала во геополитичко ривалство: „Светскиот поредок каков што го знаевме одамна веќе е мртов“, додава инвеститорот. Додека Кина почна да обезбедува наоѓалишта пред 25 години, САД и Европа дури неодамна ја сфатија важноста на критичните минерали. Поради бавниот развој на новите рудници, високите цени на бакарот остануваат единствениот механизам за балансирање на пазарот. Финансиската групација „Macquarie“ заклучува дека бакарот е „заглавен“ помеѓу инвестицискиот оптимизам и слабеењето на капацитетите. Цената на металот се искачи од 12.000 долари за тон во март на над 14.000 долари во мај годинава. Трговците веќе се позиционираат поради можните американски мерки за извоз, што според „Macquarie“ ќе донесе континуирана неизвесност и ќе го остави остатокот од глобалниот пазар под силен притисок.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНиколовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05Истекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор15:00Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08Седница за опозициски прашања во Собранието08:38
Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
Шоу бизФото: Елегантната Џеј ЛоСветската музичка ѕвезда Џенифер Лопез ужива во Италија, од каде што објави неколку фотографии кои предизвикаа лавина од коментари меѓу нејзините фанови, едно од најброните прашања е дали покажала премногу. По исклучително забележаниот стајлинг на Вимблдон, популарната Џенифер Лопез замина на заслужен одмор по успешната турнеја и новиот филм „Office Romance“, како и по уште една во низата бројни успешни години во нејзината кариера. За своја дестинација за одмор таа ја избра Италија, па моментално ужива на Сицилија. За да не ги заборави своите 240 милиони следбеници дури и во деновите кога ужива во морето и сонцето, таа ги почести со неколку фотографии во вистинско летно издание, кои брзо станаа вирални. Латино дивата позираше во летен бел фустан без градник, па нејзиното деколте остави малку простор за имагинација. На фотографиите таа носи фустан од модната куќа „Dolce & Gabbana“, а стајлингот го заокружила со бела марама со истиот дезен, носена како моден додаток на главата. Изминативе денови ја видовме и во други фантастични изданија, па јасно е зошто таа го има статусот на модна икона. Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КошаркаКошаркарите против Кипар и Австрија во о втората фаза претквалификации за пласман на ЕУРО 2029Најдобрата кошаркаркарска репрезентација на Македонија попладнево на ждрепката во седиштето на ФИБА Европа ги доби противниците во втората фаза претквалификации за пласман на Европското првенство 2029 година.Македонскиот национален тим ќе игра во групата Ф против репрезентациите на Кипар и Австрија. Првите натпревари ќе се одиграат веќе на 27. август оваа година.Тагови: Кошаркарската репрезентација на Македонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНиколовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05Истекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор15:00Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08Седница за опозициски прашања во Собранието08:38
Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08