НАСА објави дека дел од ракетата на SpaceX ќе падне на Месечината, но згрешиле - Канал 5

НАСА објави дека дел од ракетата на SpaceX ќе падне на Месечината, но згрешиле

НАСА објави дека погрешно го идентификувала објектот што се очекува да падне на Месечината на 4 март.

НАСА објави дека дел од ракетата на SpaceX ќе падне на Месечината, но згрешиле

Првично, нејзините експерти велеа дека станува збор за дел од ракетата Фалкон на SpaceX, но сега наведуваат дека најверојатно е дел од ракетата од последната кинеска мисија на Месечината.

Астрономот Бил Греј, креаторот на компјутерска програма што се користи за одредување на орбитите на астероидите и другите објекти, бил првиот што ја пресметал насоката на ударот на овој објект врз Месечината. Во 2015 година, тој го идентификувал објектот како втора фаза од ракетата Фалкон на SpaceX.

Сепак, Греј изјавил дека, по комуникацијата со Џон Џорџини од Лабораторијата за млазен погон на НАСА, открил дека потеклото на објектот било погрешно идентификувано.

„Џон посочи дека системот Хоризонс покажува дека орбитата на вселенското летало DSCOVR не поминува премногу блиску до Месечината“, рече Греј, цитиран од Си-Ен-Ен.

НАСА вчера објави дека објектот, кој треба да ја погоди темната страна на Месечината на 4 март, веројатно е дел од кинеската мисија Чанг, лансирана во 2014 година.

„Ова не е делот на SpaceX Falcon како што беше претходно објавено“, соопшти НАСА.

Да потсетиме, НАСА кон крајот на јануари објави дека дел од ракетата на SpaceX, приватна компанија во сопственост на Илон Маск, треба да падне на Месечината во март. НАСА соопшти дека нема да може да го набљудува ударот на ракета од четири тони од нејзиниот лунарен извидувачки орбитер, но научниците ќе следат дали и како судирот ќе влијае на Месечината и дали може да се види кратер по падот.

Пребарувањето на кратерот ќе биде голем предизвик и може да потрае со недели или месеци, рече портпаролот, опишувајќи го судирот како единствен феномен што „претставува возбудлива можност за истражување“.

Проучувањето на кратерот што го формира летечкиот објект со позната маса и брзина (ќе патува со 9.000 километри на час), како и составот на материјалот, може да помогне во унапредувањето на научното проучување на Месечината, соопшти НАСА во јануари, пренесе агенцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пехчево остана без ниту една банка – жителите мора да патуваат до соседните Берово и Делчево

Во Пехчево, подигнувањето на плата и пензија или плаќање на сметки веќе не е нешто што се врши за неколку минути, туку за истото треба да се одвои еден цел ден за да се отпатува до Берово на 10 или до Делчево на 30 километри.

Пехчево остана без ниту една банка – жителите мора да патуваат до соседните Берово и Делчево

Во Пехчево, подигнувањето на плата и пензија или плаќање на сметки веќе не е нешто што се врши за неколку минути, туку за истото треба да се одвои еден цел ден за да се отпатува до Берово на 10 или до Делчево на 30 километри, оти градот остана без ниту една банка. Особено е тешко за повозрасните, кои се најбројни во општината, а единствениот банкомат кој го има во градот, почесто е празен, па, тие зависат од туѓ превоз, кој е редок, а со тоа имаат и дополнителни трошоци. Жителите кои се свесни дека градот е под сериозен удар од „Белата чума“ и се повеќе се празни, за Канал 5 велат дека не исчезнаа само банките, туку и чувството дека државата обезбедува еднаков живот за сите. Стравуваат дека набргу ќе останат и без Итна медицинска помош.

-Многу е комплицирано, возрасен човек, соочени се со здравствени проблеми, соочени се со потешкотии во движење, немаат возила, нема такси, нема автобуси, голем проблем е тоа. Претежно од Источна Македонија се селат во странство, но тоа не значи дека тие што сме останале тука, што сме останати дека не треба да ги имаме основните услови за живот, банка или брза помош, еве се зборува дека, имаме брза помош, зе зборува дека и неа ќе ја затворат. - Герасим Станоевски – Жител на Пехчево

Загриженоста е оправдана и се работи на надминување на состојбата, вели градоначалникот на Пехчево – Китански. Што се однесува до итната медицинска помош, уверува дека проблемот е надминат. Општината според последниот попис имаше речиси 4.000 жители, но жителите сметаат дека градот е дополнително поиспразнет, недостасуваат се повеќе млади.

-Во претходниот период стапив со неколку банки во контакт веќе, има добро расположение, имаме позитивно влијание за отворање на нови експозитури на други банки, а во последниот период сме веќе во сериозни преговори со една поголема банка од Македонија за отворање на канцеларија или експозитура во Пехчево. За да функционираш како градче сепак треба да ги имаш основните услови, а тоа е предуслов младите да се задржат, ако ги немаме основните услови за живот, како ние би влијаеле да останат.- Александар Китановски – Градоначалник на Пехчево

Несоодветно здравство и образование, правна несигурност и егзистенцијата задираат секаде, па и во Пехчево, системските фактори се причините поради кои си одат и оние со повеќе пари – вели вели поранешниот директор на заводот за статистика – Апостол Симовски. Алармот одамна одекна, додава Симовски, кој решението го гледа во ЕУ, а не во краткорочни мерки за наталитет.

-Некаде до 2070 година, Македонија може да остане со не повеќе 1,5 милиони жители, но читав конкретно и една проекција на ОН која вели дека до 2050 година Македонија може да има само милион жители, ова се страшни податоци кои треба да не загрижат и треба час поскоро треба да се свестиме дека мора да се делува. Мерки во смисол на стимулирање на наталитет можат да дадат краткорочен ефект, но генерално се покажале секаде неуспешно, па и кај нас имавме стратегија, суштината е во менувањето на услови, тоа е она што младите го сакаат и заради што би останале дома.- Апостол Симовски – Поранешен директор на Државен завод за статистика

Според последните проценки на државниот завод за статистика, земјава и натаму е со негативен природен прираст од неколку илјади луѓе годишно, односно, во Македонија повеќе луѓе починуваат, а помалку се раѓаат. Ова според експертите, се припишува и на тоа што младите си одат, а со себе го носат и наталитетот во други земји.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Годишната инфлација во јуни е 3,4 отсто, цените зголемени за 3,6 отсто

Стапката на инфалција оди во надлолна линија – трошоците на живот во јуни пораснале за 3,6 % споредбено со истито тмесец лани измери Државниот завод за за статистика, откако во април и мај инфлацијата изнесуваше  5,7 % односно 4,8 %.

Годишната инфлација во јуни  е 3,4 отсто, цените зголемени за 3,6 отсто

Стапката на инфалција оди во надлолна линија – трошоците на живот во јуни пораснале за 3,4 % споредбено со истито тмесец лани измери државниот завод за за статистика, откако во април и мај инфлацијата изнесуваше 5,7 % односно 4,8 %.

На месечно ниво јуни споредбено со мај забележливо е намалување од -0,5%, кое, според статистичарите пред се се должи на намалените трошоци за траспорт и тоа за 1,6 % и храна за 1,1 %. Од министерството за економија велат осбено е значајно што има намалување во овие две категории кои имаа најголемо влијание врз семејните буџети.

Во меѓувреме во следниве неколку дена се очекува ДПИ да ја завшри конторлата кај оние 700 прехранбени и непрехранбени производи, каде првичната анализа според инфорамции на канал 5 покажала одредени нерегуралности во однос на бруто профитните маржи кај дел од трговците. Како што посочуваат од ресорното министерство податоците покажале дека дел до растот на малопродажните цени не се должи само на повисоки набавни цени туку и на зголеување на бруто профитните маржи, а во одредени случаи дури каде имало намалување на набавните цени производите на раст не биле соодветно намалени поради повисоки маржи.

„Податоците од Државниот пазарен инспекторат покажуваат дека во периодот мај 2025 – мај 2026 година просечните набавни цени на основните прехранбени производи, средствата за хигиена и производите за бебиња се зголемени за 2,66%, додека просечните продажни цени пораснале за 4,56%. Во истиот период, просечната бруто профитна маржа е зголемена за 1,88 процентни поени. “- Министерство за економија.

Велат од министерството за економија за Канал 5, посочувајќи дека доколку се утврди потреба ќе предложат превземање на соодветни мерки за заштита на животниот стандард.

Инаку во јуни споредбено со мај минимално намалување од 88 денари имаше и кај кошничката која ја пресметува ССМ. Во јуни според синдикатот на едно четиричлено семејство му биле потребни 68 654 денари, од кои најмногу или нешто над 25 илјади одат само за храна и пијалаци.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судиите поротници од скопскиот кривичен суд денеска на мирен протест поради ниските дневници

Судиите-поротници во Основниот кривичен суд Скопје денеска започнаа мирен протест поради стагнацијата на нивните дневни надоместоци, кои со години изнесуваат меѓу 570 и 670 денари. 

Судиите поротници од скопскиот кривичен суд денеска на мирен протест поради ниските дневници

Оваа блокада е резултат на долгогодишниот проблем со висината на дневниците и нерешавањето на нивните барања од страна на Министерството за правда и Судскиот совет, што предизвикува одложување на судските рочишта и создава дополнителен притисок врз правосудниот систем во земјава. Од Судот велат дека судиите-поротници се незаменлив дел од судските постапки и дека без нив голем дел од судењата не можат да се одвиваат.

„Без нивното учество, значителен број судења не можат непречено да се одвиваат“, велат од Кривичниот суд.

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, изрази поддршка за барањата на судиите-поротници, оценувајќи дека надоместоците што ги добиваат се несоодветни на условите во кои работат и на обврските што ги извршуваат во правосудниот систем, но сепак за решение упатува на министерството за правда.

-Судските поротници се дел од правосудното семејство.Јас остварив повеќе средби со нив и нивните претставници на коишто им дадов максимална поддршка, бидејќи на условите во коишто тие работат, надоместоците кои што ги примаат се навистина испод секое ниво на професионалност. Што се однесува за останатиот дел за надоместоците, тоа се уредува со правилник на министерот за Првда. Тој правилник уште од 2010 година донесен. Од 2010 година до денес, колку се промениле цените, колку се промениле трошоците а тој да остане ист. Сите се согласуваме дека навистина е низок и не се соодветствува со реалните услови кои што ги имаме во 2026 година – посочи изјава Александар Камбовски - претседателот на Судскиот совет.

Од Министерството за правда засега нема официјален став за состојбата. Оттаму кусо нè информираа дека Министерството се воздржува од каков било коментар за судиите-поротници во Основниот кривичен суд Скопје.

Неофицијално, како што дознава Канал 5 во моментов дополнителна потешкотија во функционирањето на Министерството претставува и смената на министерската функција. По заминувањето на Игор Филков, сè уште се чека Јетон Шасивари да ја преземе функцијата министер за правда со што функционирањто на ресорното министерство е отежнато.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер