НАСА: Населба во Калифорнија се поместува сѐ поблиску до Тихиот Океан - Канал 5

НАСА: Населба во Калифорнија се поместува сѐ поблиску до Тихиот Океан

Aмериканската Национална воздухопловно-вселенска администрација - НАСА соопшти дека населените делови од полуостровот Палос Вердес во Јужна Калифорнија се поместува надолу - и поблиску до Тихиот Океан.

НАСА: Населба во Калифорнија се поместува сѐ поблиску до Тихиот Океан

Полуостровот е познат по свлечиштата со десетлетија. Но, радарските снимки неодамна открија дека на ова место во Округот Лос Анџелес пред неколку месеци му се случувало лизгање на земјиштето во просек од околу 10 сантиметри неделно, според НАСА. Мерењето е извршено меѓу 18. септември и 17 октомври 2024 година.

Тоа може да им се припише на рекордните врнежи во Јужна Калифорнија во 2023. и обилните врнежи во почетокот на 2024 година, според Александар Хендвергер, стручњак за свлечишта од Истражувачката лабораторија на НАСА во Калифорнија.

- Свлечиштето се прошири и забрза минатото лето, привлекувајќи внимание на населената област којашто не се движела во историјата... Таа брзина е повеќе од доволна за да ги доведе човечкиот живот и инфраструктурата во опасност, изјави Хендвергер за „Еј-би-си њуз“ (ABC News).

Но, смирувачки уверува дека по мерењето, лизгањето на земјиштето оттогаш малку забавило.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Карпош доделува еднократна парична помош по повод денот на лицата со попреченост 3. декември

 Општина Карпош објавува Јавен повик за доделување на еднократна парична помош во висина од 5.000 денари, по повод 3-ти декември - Денот на лицата со попреченост. 

Општина Карпош доделува еднократна парична помош по повод денот на лицата со попреченост 3. декември

Оваа иницијатива произлегува согласно програмските активности на Општина Карпош од областа на детската, социјалната и здравствената заштита за 2026 година. Повикот е временски ограничен и ќе трае од денеска, понеделник (09.11.2026), па се до петок (20.11.2026) година.

Во таа насока, право на остварување на еднократна парична помош имаат лица со попреченост коишто се жители на општина Карпош.

За остварување на правото на паричен надомест потребно е да се достави соодветна документација како доказ за наведеното барање:

- лична карта ( подносителот да е жител на општина Карпош )

- трансакциска сметка на име на подносителот на барањето)

- наод и мислење за вид и степен на попреченост во физичкиот или психичкиот развој и специфичните потреби или конзилијарно мислење/наод за остварување на право на додаток за попреченост во прв степен или друг документ со кој се потврдува видот и степенот на попреченост.

За таа намена, комплетната документација се поднесува во архивата на Општина Карпош. Остварување на правото на паричен надомест ќе се врши по редослед на поднесување, односно до исцрпување на средствата предвидени во финансиската рамка во точка 8. (Одбележување на 3-ти Декември - Денот на лицата со попреченост од Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на детската, социјалната и здравствената заштита за 2026 година).

ОПШТИНА КАРПОШ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Премиерот Христијан Мицкоски реагираше на изјавата на Бленди Ходаи за студентскиот оброк, оценувајќи дека навредите упатени кон универзитетските професори се непристојни. 

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Тој порача дека се смета за пријател и поддржувач на студентите и најави дека по завршувањето на политичкиот ангажман повторно ќе се врати на универзитетот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Недоволното внесување на хранливи материи кај пациентите потешко ги празни болничките кревети

Дел од сумплементите за малнутриција или состојба кога некој не прима доволно хранливи материи заради здравствена состојба а со тоа и губи мусклулна маса се на твоар на фондот за здравство.

Недоволното внесување на хранливи материи кај пациентите потешко ги празни болничките кревети

Малнутрицијата мора да го заземе важното место во делот на лекување на пациентот пред операција и по операција со цел да има целосно заздравување а пацинетот да не биде со недели во болнички кревет заради неисхранетост. Оваа тема денеска ги собира сите доктори од КАРИЛ и клиниката за гастро каде треба да се влијае на подоборување на системот од примарно ниво.

На Клиниката за дигестивна хирургија и клиниката за гастро објаснуваат дека системот со правилна храна, психолошка помош е најважна во процесот на лекување.

Најчесто станува збор за пациенти кои имале онколошки проблеми и интревнеции, постари пациенти и пациенти од интензвините единци за лекување.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер