НАСА: Мистеријата на астероидот Бену е сѐ поголема, примероците полни со вода и јаглерод - Канал 5

НАСА: Мистеријата на астероидот Бену е сѐ поголема, примероците полни со вода и јаглерод

Првичната студија на примероците стари 4,5 милијарди години од астероидот Бену, собрани во вселената со сондата Озирис-Рекс, покажа висока содржина на јаглерод и вода.

НАСА: Мистеријата на астероидот Бену е сѐ поголема, примероците полни со вода и јаглерод

Првичната студија на примероците стари 4,5 милијарди години од астероидот Бену, собрани во вселената со сондата Озирис-Рекс, покажа висока содржина на јаглерод и вода, што заедно може да биде показател дека оваа карпа содржи градежен материјал кој е основа на животот на Земјата, објави американската агенција НАСА.

Ова е прелиминарна проценка на научниците кои учествуваат во истражувањето на материјалот донесен на Земјата со леталото Озирис-Рекс по мисијата од 7 години и поминати 6,21 милијарди километри.

- Примероците што ги врати Озирис-Рекс се најбогатите со јаглерод примероци од астероиди собрани досега и ќе им помогнат на научниците да го истражат потеклото на животот на нашата планета за многу генерации што доаѓаат. Речиси сè што правиме во НАСА е обид да одговориме на прашања за тоа кои сме и од каде доаѓаме. Мисиите како Озирис-Рекс го подобруваат нашето разбирање за астероидите кои можат да претставуваат закана за Земјата, а исто така ни даваат увид на она што се наоѓа далеку. Примерокот стигна до Земјата, но се уште чекаме научни тестови кои досега не се видени - изјави Бил Нелсон, администратор на НАСА.

Иако е потребна многу работа за да се разбере природата на пронајдените јаглеродни соединенија, првичното откритие е важно за идните анализи. Тајните во каменот и прашината од астероидите ќе се испитуваат со децении и ќе дадат увид во формирањето на Сончевиот систем, за тоа како материјалите неопходни за живот стигнале до Земјата и какви мерки треба да преземеме за да избегнеме удар на астероид на нашата планета , објави НАСА.

Целта на мисијата била да се соберат 60 грама материјал од астероидот, но се верува дека има повеќе. Кога била отворена сондата за материјал, на неа бил откриен дополнителен материјал.

- Нашата лабораторија е подготвена за сѐ што ни подготви Бену. Имаме научници и инженери кои со години работеа на развој на специјални ракавици и алатки за зачувување на материјалот од астероидот и за зачувување за да може да се проучува со децении во иднина - изјави Ванеса Виши, директорка на вселенскиот центар Џонсон во Хјустон.

Во текот на првите две недели, научниците направиле само кратки анализи на првичниот материјал, фотографирале и го скенирале на различни начини. Со помош на рендген и компјутерска томографија, создаден е 3Д модел на една од честичките, покажувајќи ја нејзината неверојатна внатрешност. Раните истражувања покажале дека има докази за јаглерод и вода во примерокот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Шкотските навивачи  ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи?

Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Скопје денеска живее во фудбалски ритам. 

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка.

Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици.

Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат.

За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија.

Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

На 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. 

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари.

Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер