Непоткрепена порака за ешерихија коли во водата за пиење шири паника низ Скопје, остар демант од Град Скопје
2Непоткрепена порака за ешерихија коли во водата за пиење шири паника низ Скопје, остар демант од Град Скопје
Милиони луѓе во Шпанија и Исланд ќе го гледаат првото целосно затемнување на сонцето во Европа од 1999 година
1Милиони луѓе во Шпанија и Исланд ќе го гледаат првото целосно затемнување на сонцето во Европа од 1999 година
ТехнологијаНАСА испраќа први GPS сигнали на Месечината, за воведување лунарна навигација (ВИДЕО)Иако моментално нема збунети туристи кои го бараат својот пат од точката А до точката Б на Месечината, прецизната навигација на површината на Месечината ќе биде од суштинско значење за астронаутите на идните мисии.За да се постават темелите за лунарен навигациски систем, НАСА успешно прими GPS сигнали испратени од орбитата на Земјата како дел од експериментот LuGRE, објави Сајенс Алерт. Како дел од мисијата Blue Ghost која слета на Месечината на 2 март, ресиверот примаше и следеше комуникации од Глобалниот сателитски систем за навигација (GNSS), мрежа на технологии за позиционирање на сателитот што вклучува GPS. „На Земјата, можеме да користиме GNSS сигнали за навигација, од паметни телефони до авиони“, вели Кевин Когинс од програмата на НАСА за вселенски комуникации и навигација (SCaN). „Сега LuGRE ни покажува дека можеме успешно да примаме и следиме GNSS сигнали на Месечината. Ова е многу возбудливо откритие за лунарната навигација и се надеваме дека ќе ја искористиме оваа способност во идните мисии.“ Ова значи дека вселенските летала во орбитата околу Месечината и на нејзината површина ќе можат прецизно да ги следат нивните позиции и брзини во однос на моменталното време на Земјата, дозволувајќи им на навигациските технологии да пронајдат правци помеѓу локациите на Месечината. Лунарниот GPS треба да им помогне и на вселенските летала кои патуваат меѓу Земјата и Месечината. Во моментов, позицијата на вселенското летало се одредува со помош на сложена комбинација на набљудувања и податоци од сензорите, а тоа може да биде огромна количина на работа - така што новиот пристап треба да заштеди време за астронаутите и екипажот во контролниот центар. LuGRE ќе продолжи да биде во контакт со GNSS 14 дена на растојание од околу 360.000 километри. Ова дополнително треба да ја тестира издржливоста на хардверот и да ги идентификува потенцијалните дефекти. Ова е исто така значаен момент во вселенската историја за Италијанската вселенска агенција (ISA) - LuGRE е првото парче опрема развиена со помош на ISA за патување до Месечината. Откако ќе се воспостави технологијата, НАСА и ISA сакаат да ја понудат на сите агенции за истражување на вселената. Проектот LuGRE е еден од многуте кои моментално се спроведуваат како дел од програмата Артемис, чија цел е да ги врати астронаутите на Месечината до 2027 година и да воспостави долгорочна база на површината на Месечината. „Оваа мисија е повеќе од само технолошко достигнување“, вели Џоел Паркер од Центарот за вселенски летови на НАСА Годард во Мериленд. „Сакаме да обезбедиме повеќе и подобри мисии на Месечината во корист на сите и сакаме да работиме со нашите меѓународни партнери.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотМилиони луѓе во Шпанија и Исланд ќе го гледаат првото целосно затемнување на сонцето во Европа од 1999 годинаМилиони луѓе во Шпанија и Исланд ќе го гледаат првото целосно затемнување на сонцето во Европа од 1999.Овој небесен спектакл ќе може да се набљудува од делови на Исланд, Шпанија и северна Русија, додека делумно затемнување ќе биде видливо во Канада, северниот дел на САД и во поголемиот дел од Европа и Западна Африка. Се очекува целосното затемнување да трае до две минути и 13 секунди а ќе биде видливо од Рејкјавик, Валенсија, Сарагоса и Леон. Во Рејкјавик, затемнувањето ќе биде во 17:48 часот по локално време, а во Валенсија во 20:32 часот. Властите во Шпанија очекуваат шест милиони посетители во претежно рурални области на патеката на затемнувањето низ северна Шпанија и Балеарските острови, а во главниот град на Исланд, очилата за затемнување се распродадени со денови, бидејќи земјата со околу 400.000 жители очекува да пречека до 80.000 посетители. Првото целосно затемнување на сонцето во Европа од 1999 година, во Македонија ќе биде делумно во 19:26 часот Фото: ВИТагови: затемнување на Сонцето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКараванот „Силно светнал ден“ по повод 35 години од независноста вечерва во ВелесПо Охрид и Битола, караванот со музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“, по повод 35 години независност на Македонија, денеска пристигнува во Велес.Таму е Сања Трајковска Ставров. Што се граѓаните ќе имаат можност да видат вечерва? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
МакедонијаНепоткрепена порака за ешерихија коли во водата за пиење шири паника низ Скопје, остар демант од Град СкопјеЕдна чаша вода како одговор на информациите дека скопската вода не е безбедна за пиење. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски пред камерите испи вода од чешма, уверувајќи ги скопјани дека нема место за паника, дека во водата нема бактерии и дека таа е целосно безбедна за пиење. Откако изминативе денови на социјалните мрежи се ширеа предупредувања дека во скопската вода има бактерија ешерихија коли, Ѓорѓиевски на вонредна прес-конференција обвини за организирано ширење паника од опозициски структури. Најави дека ќе бидат идентификувани профилите кои ги ширеле дезинформациите и дека за нив соодветно ќе постапува МВР. Дека водата согласно последните испирувања е и хемиски и микробиолошки исправна уверуваат и од ЈП „Водовод и канализација“. Оттаму велат дека водата секојдневно се испитува од околу 40 точки низ градот, а по појавата на информациите била направена и вонредна ПЦР-анализа, која исто така не покажала присуство на бактерии. -Ние имаме една од 5-те најдобри води и извори во Европа и одговорно тврдам и стојам позади тоа. Јас не сум монстум кој што ќе дозволи макар еден живот на моите сограѓани да биде загрозен..Ова е организиран напад за ширење на хистерија, според мене рамно на терористички напад и од утринава се сублимираат сите профили и лажните а и оние приватни а се припадници на опозициските партии и уредно во текот на денот од директорот на Водовод ќе бидат доставени до МВР. - Орце Ѓорѓиевски – градоначалник на град Скопје - Земен е уште еден вонреден примерок од водоснабдителниот систем, од мерно место фабрика Пивара и е направена брза ПСР анализа. Таа е брза анализа која за помалку од 4 часа имаме основни индикаторски параметри каде е констатирано дека не е утврдено присуство на ешерихија коли, ниту на колиформни бактерии, ниту на псевдомонас.- Емилија Јанеска – ЈП „Водовод и Канализација“ Покрај градските власти, информациите дека скопската вода е неисправна ги демантираа и од АХВ, ИЈЗ и од Министерството за здравство. Од АХВ посочија дека немаат информација за незадоволителни резултати од лабораториско испитување на водата за пиење, што е нивна законска обврска, додека од Министерството за здравство велат дека досега нема регистриран ниту хоспитализиран пациент чија здравствена состојба се поврзува со пиење вода од скопскиот водовод. Директорот на Инфективната клиника, Фадил Цана, вели дека дека иако бројот на пациенти е зголемен поради високите температури, кај ниту еден нема индикации дека причината за хоспитализација е водата. -Бројот е зголемен но не е над нормалата, споредбено со другите години тука е во очекуваниот раст, така што немаме податоци дека некој има гастро интестинални тегоби поради пиење на вода. - Фадил Цана – Директор на Клиника за инфективни болести Во меѓувреме, ОЈО соопшти дека по допрен глас оформило предмет за проверка на информациите за енормно загадување со отпад, во заштитено подрачје во близина на изворите Рашче. Ѓорѓиевски ја поздрави одлуката на обвинителството, посочувајќи дека иако депонијата не е во надлежност на Градот, градските служби во моментов ја чистат. Според него, депонијата се наоѓа на значително растојание од изворите Рашче и не може да предизвика загадување на водоснабдителниот систем. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter