НАСА го претстави најмоќниот вселенски телескоп (ВИДЕО)

Вселенските инженери во НАСА за прв пат успешно ги споија двете половини на вселенскиот телескоп Џејмс Веб.

Кога ќе стигне во вселената , овој најсилен телескоп направен кога и да било порано , ќе ги истражува деловите од вселената и надвор од нашиот Сончев систем, користејќи инфрацрвено светло.

За да ги спојат двете половини, инженерите внимателно го кренале телескопот направен од огледала и научни инструменти над сончевиот штит и вселенското летало, користејќи кран, за да овозможат сите точки на контакт да бидат поставени на одредено место, пренесува НАСА.

По механичкото склопување на опсерваторијата, електричните приклучоци ќе бидат споени , така што може да почне тестирањето на електричните врски.

„Соединувањето на телескопот Џејмс Веб означува пресвртница во истражувањето на вселената, како и повеќе од 20 години напор на илјадници лица од НАСА, Европската вселенска агенција, канадската вселенска агенција, Нортроп Груман и сите наши партнери“, рече водачот на проектот Бил Oхс.

Следниот чекор ќе биде развој на петслоен соларен штит кој ќе ги заштити огледалата и инструментите да не се изладат и да ја блокираат инфрацрвената светлина од Земјата, Месечината и Сонцето.

„Инженерскиот тим направи голем чекор напред и наскоро ќе можеме да видиме нови слики од прекрасниот универзум во кој живееме“, рече Грегори Робинсон, директор на програмата Веб, во седиштето на НАСА во Вашингтон.

И двата дела на телескопот биле тестирани во околина слична на онаа по лансирањето на ракетата, односно орбита на милион километри од Земјата.

Телескопот Веб ќе биде дополнително тестиран пред да биде закажано лансирањето за 2021 година.

Тоа е најголемата светска научна опсерваторија на универзумот која ќе ги реши тајните на нашиот сончев систем, ќе пребарува нови светови зад далечните sвезди и ќе ја истражи структурата и потеклото на универзумот.

Амазон вложува уште 2,75 милијарди долари во развој на АИ стартапот Anthropic

Амазон објави дека ќе инвестира дополнителни 2,75 милијарди долари во Антропик, со што вкупната инвестиција на компанијата во стартапот за вештачка интелигенција ќе достигне 4 милијарди долари.

Технолошкиот гигант ќе го задржи малцинскиот удел во Антропик со седиште во Сан Франциско, ривал на OpenAI, кој го произведе ChatGPT.

- Веруваме дека нашата стратешка соработка со Антропик дополнително ќе ги подобри искуствата на нашите корисници и со нетрпение ги очекуваме следните чекори - рече Свами Сивасубраманијан, потпретседател за податоци и вештачка интелигенција во веб сервисите на Amazon (AWS).

Технолошкиот гигант со седиште во Сиетл инвестираше 1,25 милијарди долари во Антропик во септември 2023 година и тогаш посочи дека има планови да инвестира до 4 милијарди долари, пренесува британски Гардијан.

Двете компании соработуваат на развојот на таканаречените основни модели, кои се во основата на генеративните системи за вештачка интелигенција кои го привлекоа глобалното внимание.

Според договорот, Anthropic ќе користи AWS како свој примарен провајдер на „облак“ и ќе ги користи сопствените чипови на Amazon за изградба, обука и распоредување на модели со вештачка интелигенција.

Исто така, ќе им овозможи на клиентите на AWS, кои се претежно бизниси, пристап до моделите на услугата на Amazon наречена Bedrock. Во своето соопштение, Амазон вели дека компаниите како што се Delta Air Lines и Siemens веќе го користат Bedrock за пристап до моделите со вештачка интелигенција на Anthropic.

Ванковска за посетата на Левица на гробот на Енвер Хоџа

Кандидатката за претседател на Левица, Билјана Ванковска вечерва во „Само Интервју“ на Канал 5 на прашањето за посетата на раководството на Левица на гробот на Енвер Хоџа, рече дека го очекувала ова прашање.

Ванковска децидно рече дека не е е член на Левица, а повика и зошто лидерот на Левица, Апасиев да не го каже тоа лично во емисија.

Водителот и главен уредник на Канал 5, Гоце Михајловски ѝ одговори дека Апасиев 11 пати бил гостин во Само интервју и Само Вистина, се додека не напиша најлоши зборови за Канал 5, што не доликуваат на професор. Додаде и дека од Хоџа не се гордеат ниту Албанците по извршените илјадници егзекуции на свои граѓани , но и на Македонци.

Се отвори огромна дупка среде Рим и „проголта“ два автомобила (ВИДЕО)

Бездна длабока и широка околу 10 метри проголта два автомобила среде ноќ во Рим, поради што интервенираше полицијата.

Инцидентот се случил околу еден часот по полноќ, а две возила Дачија и Рено завршиле во дупката.

Полицијата веднаш реагирала, ја затворила улицата и го обезбедила просторот, јавуваат италијанските медиуми.

Поставен е кордон, а се уште не се знае зошто се урнал асфалтот.

Не се знае дали има повредени во инцидентот.

притисни ентер