ТехнологијаНАСА го гаѓа астероидот оддалечен 500 милиони километри, објаснија зошто е тоа важноАмериканската вселенска агенција НАСА го лансира првото вселенско летало кое ќе удри во астероид, сето тоа како вежба за одбрана на Земјата.Нема да го уништи, туку само ќе му ја промени траекторијата. Доколку мисијата се покаже успешна, човештвото би можело да има шанса против астероидите кои би можеле да го загрозат животот на Земјата. „Овој судир ќе доведе до мала промена во орбитата на астероидот. Тој би требало да биде многу далеку од Земјата доколку е на нејзиниот пат“, изјави шефот на НАСА, Бил Нелсон. Астероидот во кој ќе удри вселенското летало на НАСА со 24.000 км/ч е всушност сателит кој орбитира околу многу поголем астероид. Но, оваа игра во вселената, велат експертите, не може да заврши фатално за Земјата. Научниците досега откриле околу 10.000 астероиди поголеми од 140 метри во дијаметар, потенцијално опасни, а веруваат дека има барем уште толку што не ги откриле. Сателит на италијанската вселенска агенција, кој ќе го снима уништувањето и неговите последици, треба да биде ослободен пред да биде погоден со сонда со големина од фрижидер, тежок 500 килограми. Благодарение на овие снимки и дополнителните набљудувања, ќе се утврди дали леталото успеало во својата задача и го поместило движењето на астероидот за еден степен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан МицкоскиБлагодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината. Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Голферка во секси бикини Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор. Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува. Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Српска пејачка во микро бикини Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот. Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание. Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи. Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува. Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ. Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook