Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
1Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
ТехнологијаНАСА ги отстранува Кинезите од своите програмиАмериканската Национална воздухопловно-вселенска администрација - НАСА почна со спроведување на забраната за кинеските граѓани да работат на нејзините програми, дури и за оние со важечки визи, пишува „Гардијан“ (The Guardian). Тоа дополнително ја засилува и заострува вселенската трка меѓу САД и Кина. Оваа промена на политиката на НАСА, за којашто првпат објави „Блумберг њуз“ (Bloomberg News), беше потврдена од самата агенција. - НАСА презеде внатрешни мерки поврзани со кинеските државјани, вклучително и ограничување на физичкиот пристап и кибер-пристапот до нашите објекти, материјали и мрежата, за да се обезбеди безбедноста на нашите операции, изјави портпаролката Бетани Стивенс вчера. Според наводите, на кинеските државјани претходно им беше дозволено да работат како надворешни соработници или студенти кои придонесуваат во истражувањата, но не можеа да бидат вработени трајно. Сепак, таа состојба драстично се промени на 5 септември, кога неколку лица, зборувајќи под услов на анонимност, потврдија дека одеднаш им е одбиен пристап до ИТ-системите и им е забрането да учествуваат на состаноци. Одлуката доаѓа во услови на зголемена антикинеска реторика од страна на Администрацијата на претседателот Доналд Трамп, додека САД и Кина се натпреваруваат за првото современо испраќаер човечки екипаж на Месечината. Американската програма „Артемис“ - наследничка на легендарната „Аполо“, има за цел слетување на нашиот природен сателит во 2027 година, но се соочи со пречекорување на трошоците и значителни одложувања. Од друга страна, Кина планира да ги спушти своите тн. „таиконаути“ на Месечината до 2030. и досега Кинезите се многу поуспешни во исполнувањето на своите рокови. - Во мигов сме во втора вселенска трка, истакна вршителот на должноста администратор на НАСА, Шон Дафи. - Кинезите сакаат да се вратат на Месечината пред нас. Тоа нема да се случи. Америка во минатото беше водечка во Вселената, па ние ќе продолжиме и во иднина да бидеме водечки во Вселената, додаде тој. Покрај Месечината, Кина се стреми да стане првата земја што ќе врати примероци од површината на Марс, со роботска мисија во 2028. и враќање на Земјата веќе во 2031 година. Во истовреме, Администрацијата на Трамп во својот предлог за буџетот сигнализираше дека има намера да ја откаже планираната мисија „Враќање на примероци од Марс“ - заеднички проект со Европската вселенска агенција - ЕСА, посочувајќи дека наместо тоа, задачата би можела да ја изврши мисија со екипаж, но без да даде конкретни подробности. Тагови: НАСА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМногу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреваротШкотските навивачи ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи? Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦентарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритамСкопје денеска живее во фудбалски ритам. Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка. Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици. Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат. За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија. Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаЛишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријаваНа 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари. Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16