Муцунски: Дијалогот со Бугарија продолжува по изборите, ќе ја прифатиме секоја поддршка од ЕУ за долгорочно решение
2Муцунски: Дијалогот со Бугарија продолжува по изборите, ќе ја прифатиме секоја поддршка од ЕУ за долгорочно решение
3Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев
Бизарен протест на навивачка на Манчестер Ј.: Додека Мајкл Керик не добие отказ, таа ќе објавува слики од своите голи гради!
2Бизарен протест на навивачка на Манчестер Ј.: Додека Мајкл Керик не добие отказ, таа ќе објавува слики од своите голи гради!
ТехнологијаНАСА ги објави првите фотографии од новата мисија на Марс, направени на 885.240 км од Земјата Околу една недела по лансирањето, мисијата „Ескапејд“ ('ESCAPADE' - Escape and Plasma Acceleration and Dynamics Explorers) на НАСА веќе ги направи своите први слики - пар автопортрети коишто прикажуваат дел од вселенските летала. Околу една недела по лансирањето, мисијата „Ескапејд“ ('ESCAPADE' - Escape and Plasma Acceleration and Dynamics Explorers) на НАСА веќе ги направи своите први слики - пар автопортрети коишто прикажуваат дел од вселенските летала, познати како „близнаци-истражувачи“, додека се оддалечуваат од Земјата. На 21 ноември, едно од двете вселенски летала „Ескапејд“ ги користеше своите камери „ВИСИОНС“ за видливи и инфрацрвени набљудувања, обезбедени од американскиот Универзитет Северна Аризона, за да ги сними овие слики, прикажувајќи дел од сончевиот систем на вселенското летало. Фотографиите докажуваат дека камерите работат добро. Сликата од видливата светлина, исто така, посочува дека вселенското летало треба да има чувствителност за да ги сними марсовските аурори од орбитата. Инфрацрвената камера ќе се користи на Марс за подобро да се разбере како материјалите на површината се загреваат и ладат за време на циклусот ден - ноќ на Марс и годишните времиња. Сликите се направени од растојание од околу 885.240 километри од Земјата. На тој начин, и „Ескапејд“ успешно ги сними своите први слики, но насочено кон длабоката Вселена, па сликите беа, едноставно - црни. Сликата лево го прикажува погледот од сензорот за видлива светлина, додека сликата десно е направена со инфрацрвениот сензор, покажувајќи кои делови од системската структура се потопли, а кои се поладни. И двете вселенски летала „Ескапејд“, изградени од „Рокет лаб“ (Rocket Lab) се главно наменети за идната мисија на Марс. Беа лансирани на 13 ноември на ракетата „Њу Глен“ на „Блу ориџин“ од вселенската станица Кејп Канаверал во Флорида. Пред да се упатат кон Марс, двете вселенски летала некое време ќе бидат во близина на Земјата - околу местото наречено Лагранж Поинт 2. Во ноември 2026 година, леталата треба да се вратат на Земјата за да ја искористат гравитацијата на нашата планета за да се упатат кон Марс. Откако ќе стигнат до Марс, тие ќе треба да проучат како протокот на материи, што доаѓаат од Сонцето, се однесуваат со подрачјето околу Марс и губењето на атмосферата на „Црвената планета“. Тие ќе пристигнат на Црвената планета во септември 2027 година. Тагови: НАСА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБерлин одби екстрадиција на Македонка: Женските затвори во Македонија не ги исполнуваат стандардите 21-годишна Македонка приведена во Германија, а во земјава осудена во отсуство на пет години затвор за сообраќајка со смртни последици во Македонија, нема да биде испорачана назад во земјава за отслужување на затворската казна. Германските власти процениле дека во македонските женски затвори нема хумани услови за издржување на казната. 21-годишната Викторија Зерзева набргу по сообраќајката била лоцирана во Германија, а тамошните власти ја привеле во имиграционен притвор, по што македонското министерство за правда побарало нејзина екстрадиција. Сепак, германските власти, сега го одбија барањето. -Надлежниот виш покраински суд ја прогласи екстрадицијата за недозволена од причини поврзани со внатрешното право. Судот смета дека не се обезбедени услови за сместување во притвор во Казнено-поправната установа Скопје, како и, во случај на подоцнежна правосилна осудителна пресуда, во Казнено-поправната установа Идризово, кои би ги исполнувале барањата на Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи од 5 ноември 1950 година,- Министерство за правда. Станува збор за сообраќајна несреќа од 5 ноември 2024 година, во близина на општина Росоман, кога Зерзева при судир во друг автомобил го усмртила 40-годишниот Марјан Петровски од Белес. Во Германија, Вишите регионални за секој поединечен случај одлучуваат дали екстрадицијата е правно дозволена. Доколку постојат конкретни индиции дека лицето кое се наоѓа во притвор е изложено на ризик од нехумани или понижувачки услови во земјата во која треба да биде пренесено, екстрадицијата се одбива. Ова важи сè додека државата што ја бара екстрадицијата не даде обврзувачки гаранции дека лицето ќе биде сместено во услови што се во согласност со стандардите за човекови права. Во однос на нехуманите услови во македонските затвори со неповолен извештај пред два дена излезе и народниот правобранител. Во него се констатира дека затворите се пренатрупани, а во најголемиот затвор во земјава еден доктор се грижи за речиси 700 пациенти. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
МакедонијаМуцунски: Дијалогот со Бугарија продолжува по изборите, ќе ја прифатиме секоја поддршка од ЕУ за долгорочно решениеДијалог со Бугарија има, закажана нова средба со министерката за надворешни Чамова нема- шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски .Дијалог со Бугарија има, закажана нова средба со министерката за надворешни Чамова нема- шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски уверува дека за евроинтеграциите на земјава има активен дипломатски ангажман во кој нема отстапки од македонските позиции. Без да навлегува во детали за бегството на Ива Михајлова која во изминатиот период предизвика заострување на реториката меѓу двете земји, Муцунски ја оцени како непристојна нејзината заштита во Бугарија. Најави дека во декември ќе има неколку министерски самити кадешто ќе има можност отворено за сите прашања да разговара со Чамова. -Навистина е непристојно една земја членка на ЕУ да станува прибежиште за тие што или се осудени за кривични дела или се лица за кои има степен на сомнеж и се водат постапки во рамки на судовите во државата. ќе бидам внимателен во јавните изјави, како што неодамна кажа и претседателот на Владата Мицкоски, Македонија нема интерес да стане дел од „естрадата“ поврзана со оваа тема во Бугарија, која е поврзана и со претседателските избори што се во тек во таа држава. Дијалог има и тој ќе продолжи. Воспоставуваме билатерален дијалог со Бугарија, но и со претставници на Европската Унија и со земјите членки на ЕУ,- Тимчо Муцунски – министер за надворешни работи и надворешна трговија. Муцунски беше домаќин на неговиот колега од Словачката Република Јурај Бланар со кој зборувале и на оваа тема и за блокадата на Македонија во ЕУ. Бланар рече дека Братислава е голем поддржувач на македонските евроинтеграции и треба да направи исчекор со оглед на спроведените реформи, во спротивно вели фрустрациите ќе се зголемат. Потенцираше дека во проширувањето на унијата нема еднаков третман за сите земји кандидатки. -Словачка Република е против какви било двојни стандарди во пристапувањето кон Европската Унија помеѓу државите како Украина, Молдавија или Грузија. Не можеме да прифатиме европска интеграција заснована на европски стандарди да има различни критериуми за различни држави,- Јурај Бланар – министер за надворешни работи на Словачка. Муцунски и Бланар кажаа дека Македонија и Словачка имаат одлични билатерални односи и економска соработка која најавија дека ќе се продлабочува. Покрај тет-а-тет и билатерлната средба на делегациите, шефот на словачката дипломатија оствари средби и со претседателката Сиљановска Давкова и со собранискиот спикер Гаши. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев За операции на очи наплаќале двојно, и од пациентите и од Фондот.. Голема полициска акција се одвива на 10-ина локации во земјава, во чија истрага се опфатени вработени во Фондот за здравство и одговорни лица од позната приватна болница..Штетата на буџетот, што ја причиниле се проценува на околу еден и пол милион евра. Пред Фондот за здравство е Дејан Трајкоски.. Дејан, неофицијално, во истрагата е опфатен и поранешен директор на Фондот? Во видеото погледнете го целиот извештај. Тагови: ФЗОМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00