3Нашиот најдобар натпреварувач во коњички спорт ќе настапи на Светското првенство во прескокнување пречки
ТехнологијаНАСА: Два големи астероида патуваат кон ЗемјатаАмериканската вселенска агенција НАСА упати предупредување дека два потенцијално опасни астероиди во мај би можеле да погодат Земјата.Во следните неколку недели, можно е да имаме блиска средба со два астероиди од Аполо-класата. Првиот астероид се очекува да биде потенцијално поопасен, според НАСА тој ќе и се приближи на Земјата во почетокот на мај. Астероидот (PHA) 2009 XO се проценува дека е со големина на фудбалско игралиште и патува со брзина од 45.720 километри на час. Неговата орбита се пресекува со Земјата бидејќи орбитира околу сонцето на секои 926 дена. Астероидот според НАСА ќе мине крај нашата планета растојание од околу 3,3 милиони километри, што според стандардите на НАСА се смета за блиска средба. Две недели подоцна кон Земјата доаѓа и астероидот 136795 голем колку најголемата зграда на светот популарниот Бурџ Калиф. Астероид од Аполо класата кој околу Сонцето орбитира на секој 844 дена. Овој астероид лета со брзина од 42048 км на час, а на 21 мај се очекува да биде на оддалеченост од 6,2 милиони километри од Земјата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеЗападно-нилската треска одзема уште еден човечки животПочина 76 годишен пациент од нилска треска на клиниката за инфективни болести. Пациентот по потекло е од ризичното прогласено подрачје од скопско Драчево. Пациентот бил 27 дена на клиниката за инфективни болести и бил со други хронични заболувања. Инфектолозите објаснуваат дека најчесто тешки пациенти на интензивна неега се повозрасните пациенти. Ова е четврт починат пациент од нилска треска. На клиниката во последните часови приемни се два нови пациенти меѓу кои и 24 годишен пациент со полесна форма на заболување. Вкупно се хоспитализирани 20 пациенти со нилска треска, кај двајца од нив се чекаат официјални резултати. Градоначалникот на град Скопје Орце Ѓорѓиевски најави дека вечерва ќе има 13та по ред теренско прскање за комарци. Градоанчалникот издал налози на 20 август да се спроведе теренска дезинскеција против возрасни комарци, а на 21 август ќе се врши авионско прсакње. Според програмата од 23 до 26 август ќе има теренско прсакње против возрасни комарци. Тагови: западно нилска треска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗападно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19Армијата го слави 34. роденден08:35Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00Продолжи судењето за „Пулс: Објектот имал прегради и врати кои ја попречиле евакуацијата14:28
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
МакедонијаРистовски: Технологијата се менува, но обврската кон државата остануваЧеститка од министерот Борко Ристовски по повод 18 Август - Денот на Армијата.Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска присуствуваше на одбележувањето на 34-годишнината од формирањето на Армијата на Република Македонија, на централната свеченост што се одржа во Кампот за обука на вода во Охрид, во присуство на највисокиот воен и државен врв. По повод 18 Август – Денот на Армијата, Ристовски упати честитка до припадниците на Армијата и до сите кои низ годините биле дел од македонскиот одбранбен систем. „Денеска им оддаваме почит на луѓето кои ја избрале честа да ѝ служат на својата татковина. Македонската Армија е создадена заедно со независна Македонија и повеќе од три децении е еден од столбовите на нашата државност. Генерации македонски војници ја носеле униформата со достоинство, професионалност и подготвеност да застанат во одбрана на државата и на нејзините граѓани. Денес имаме современа Армија, рамноправен дел од НАТО, која се модернизира и се подготвува за новите безбедносни предизвици. Но технологијата и опремата се менуваат, а едно останува исто – човекот во униформа и неговата обврска кон државата, знамето и народот. На сите припадници на Армијата, на ветераните и на семејствата кои стојат зад нив им го честитам 18 Август – Денот на Армијата. Нека е вечна Македонија! Честит Ден на Армијата!“Тагови: Борко Ристовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗападно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19Армијата го слави 34. роденден08:35Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00Продолжи судењето за „Пулс: Објектот имал прегради и врати кои ја попречиле евакуацијата14:28
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
СветРејтингот на Трамп падна на најниско ниво во актуелниот мандатРејтингот на американскиот претседател Доналд Трамп падна на најниско ниво од почетокот на неговиот втор мандат, покажува најновата анкета на Ројтерс и ИПСОС.Истражувањето покажува дека само 33 отсто од испитаниците го одобруваат неговото работење, додека 64 отсто не го поддржуваат. Околу 80 отсто од Американците се изјасниле дека американското учество во конфликтот со Иран ќе трае подолго време, додека само еден од пет испитаници смета дека војната била оправдана. Падот на поддршката создава дополнителен притисок врз републиканците пред ноемвриските избори за конгресот..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗападно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19Армијата го слави 34. роденден08:35Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00Продолжи судењето за „Пулс: Објектот имал прегради и врати кои ја попречиле евакуацијата14:28
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00