НАСА денеска на Марс ќе лансира ровер од новата генерација

НАСА денеска ќе лансира ровер од новата генерација „Упорност“  на Марс, што ќе ги истражува трагите од потенцијалниот некогашен живот.

Лансирањето ќе биде од Кејп Канаверл на Флорида во седум часот и 50 минути по локално време, а роверот на Марс треба да пристигне во февруари следната година. Мисијата чини 2,4 милијарди долари.

Бугарски интелектуалци: Неприфатливо е оспорувањето на македонската нација и јазик

Според нив, неприфатливо е оспорувањето на македонската нација и јазик. 

Бугарската влада веднаш да го одобри почетокот на пристапните преговори на Македонија со ЕУ, а дебатите, наместо за историски прашања, да се префрлат на полето на соработката во културата, економијата, политиката, екологијата..., бараат група бугарски интелектуалци во отворено писмо упатено до премиерот Бојко Борисов, министерката за внатрешни работи Екатерина Захариева, амбасадорите на земјите-членки на ЕУ во Софија, како и до канцеларијата на ЕУ во нивната земја.

Според нив, неприфатливо е оспорувањето на македонската нација и јазик. Несоодветно е, оценуваат, да се очекува едната страна во преговорите да изврши политичко самоубиство.

-Исклучително загрижувачки е фактот што Република Бугарија го блокираше почетокот на процесот на преговори на Македонија за членство во ЕУ, со аргумент кој е неразбирлив за современите меѓудржавни односи. Според наше мислење, Бугарија ќе претрпи штета на имиџот на различни ненационални нивоа, со непредвидливи последици. Во прашање се пријателството, добрососедството и соработката помеѓу двете земји кои се главните столбови на истоимениот договор. Наспроти ова, манифестациите на грубост од двете страни, на високо политичко ниво, на ароганција и кратковидни историски интерпретации со живописен националистички и шовинистички вкус, наведуваат во писмото.

Додаваат Бугарија да даде „зелено светло" за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ без одлагање, односно тоа да се случи до крајот на 2020 година, во рамките на германското претседателство со Советот.

Според нив, дискусијата за сите прашања поврзани со спроведувањето на Договорот треба да биде единствено во духот и стандардите на современото меѓународно право и преку современи пристапи кон решавање на билатералните и мултилатералните меѓудржавни односи.

Убедени сме, наведуваат, дека во таков формат на модерно договарање не можат да постојат услови една од страните да прифаќаат нереални барања поставени од другата страна, како што се откажување (целосно или делумно) од самоопределување на својот народ и откажување од самоидентификација. нејзините граѓани.

– Несоодветно е да се очекува дека во кој било процес на преговори, кој било менаџерски тим во светот ќе преземе самоубиствени активности, донесувајќи политичка одлука за самоидентификација на своите граѓани и тврдејќи дека од дадена година целото население како целина преминало од една во друга етничка група.

Предлагаат како еден од првите чекори да биде именувањето на транспортната инфраструктура меѓу двете држави на Коридорот 8, „Гоце Делчев".

Наместо фокус на историските спорови, тие бараат дебатата да се насочи кон суштински теми. -Да се ​​развие „патоказ" за заедничко дејствување за спроведување на Договорот со соодветни рокови, повикувајќи се особено на тоа да се даде решителен почетен поттик за активности со силен потенцијал за затоплување на односите преку унапредување на политичка, дипломатска и граѓанска размена, воено-техничка соработка, економска, еколошка, образовна и културна соработка, научната соработка, медиумите и заштитата на човековите права.

На писмото, објавено од страна на Бугарската заедница за либерална демократија, досега се потпишани 30 бугарските интелектуалци: историчари, социолози, политолози, економисти, правници, новинари, активисти за човекови права, психолози и еден поранешен советник на бугарскиот претседател Жељу Жељев. /МИА

ВМРО-ДПМНЕ: 5 факти дека Заев додека се колне во Македонија преговара за промена на идентитетот

​Излезе на виделина дека премиерот во заминување спрема нов пораз и продажба на идентитетот во исто време кога се колне во црвените линии и Македонија.

Заев како редок прототип на квислинг во исто време кога вели дека го сочувува идентитетот се докажува дека повторно лаже.

Еве 5 факти кој го потврдуваат тоа.

1. Заев изјави дека е постигнат напредок во преговорите меѓу комисиите, претставниците на комисиите изјавија дека нема напредок што значи дека Заев лаже.

2. Заев изјави дека не преговара за идентитетот додека претставници на историските комисии потврдија дека камен на сопнување е токму зборот македонски што е фундаментот на нашето идентитетско определување.

3. Заев кажа дека има напредок за 5 историски личности, претставници на комисиите изјавија дека нема дефинирано заклучоци и има нула напредок и на тоа поле.

4. Заев изјави дека се пред договор за 11 записници од средбите на историските комисии додека бугарската страна го негира тоа.

5. Заев се откажа јавно од антифашистичкото наследство со самото тоа што Бугарите ги прогласи за ослободители наместо окупатори во Втората светска војна.

Зоран Заев треба да одговара за велепредавство. Тој е изворот на проблемите додека решението е народот. Ќе се извини ли Заев за тоа што повторно ја лажеше јавноста и што се пазари за идентитетот?

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Блокадите на ВМРО-ДПМНЕ продолжува во и надвор од законодавниот дом

Со поднесувањето на стотици, илјадници амандмани опозицијата се обидува да ја блокира работата на законодавниот дом.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ се однесува неодговорно и штетно и во Собранието и надвор од него, нанесувајќи штета на интересите на граѓаните и на државата, и тоа во време на сериозна здравствена и економска криза, предизвикана со пандемијата од коронавирусот.

Со поднесувањето на стотици, илјадници амандмани опозицијата се обидува да ја блокира работата на законодавниот дом, за да не може да им се помогне на најранливите преку реализација на четвртиот пакет економски мерки, за да не можат пензионерите, невработените, компаниите да добијат помош.

3.000 амандмани, најмногу од нив апсурдни и нелогични, поднесе ВМРО-ДПМНЕ заедно со другите опозициски пратеници за измените на Деловникот за работа на Собранието, со единствена цел да спречат пратениците кои се изолација да можат да работат од далечина.

Во време на пандемија, ВМРО-ДПМНЕ со над 500 амандмани се обидува да ги блокира измените во Законот за здравствена заштита, кои предвидуваат лекарите што ја исполниле старосната граница за пензионирање да можат да го продолжат работниот век до возраст од 67 години.

Деструктивното дејствување на ВМРО-ДПМНЕ продолжува и надвор од законодавниот дом, со групирање, организирање на протести за спас на фотелјата на Мицкоски, на кои се кршат мерките за заштита од коронавирусот.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ наместо да работат за доброто на граѓаните, прават се за да биде полошо, глумат загриженост за здравјето, а не ги почитуваат мерките.

Ако се барем малку одговорни ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски треба да прекинат со блокади на крстосници, наместо да бројат мртви, да повикаат да се почитуваат мерките, да се откажат од блокадата на собранието.

Нема да успее антидржавното, антинародното дејствување на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, тие нема да успеат да ги блокираат реформите, нема да успеат да го блокираат напредокот на државата.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

притисни ентер