Народниот театар од Охрид со премирна изведба на претставата „Детектор за лаги“ - Канал 5

Народниот театар од Охрид со премирна изведба на претставата „Детектор за лаги“

Народниот театар од Охрид годинешниот репертоар го продолжува со уште една премиера, овојпат со најновата изведба на претставата „Детектор за лаги“ по текст на Виталиј Сигарев, а во режија на Ненад Витанов.

Народниот театар од Охрид со премирна изведба на претставата „Детектор за лаги“
Режисерот Витанов за новата поставка на Охридскиот театар рече дека ги третира машко-женските односи, за кои рече дека останале непроменети низ времето освен што се менува само формата низ која тие се раскажуваат.

- Приказната зборува за двајца сопружници што дошле до критична точка, да мора да побараат стручна помош од психијатар. Доколку тоа се случи во реалниот живот тогаш почнува трагедијата. Во театарот таквата ситуација раѓа комедија, изјави Витанов на денешната прес-конференција по повод утрешната премиера на претставата.

Тој додаде дека целата екипа максимално се посветила во подготовките за претставата оттаму што, како што истакна, не се работи за површна комедија што нуди обични гегови, туку бара влез во психологијата на ликовите, во нивните приказни...

Актерот Стрезо Стаматовски кој ја толкува улогата на психијатарот рече дека покрај третирањето на прашањето на односите меѓу половите, претставата се наметнува како комична, фантастична фарса.

- Дали е возможно кај некого да се всади некаква идеја за тој да ја прифати како своја. Дали тоа може да се направи и со емоциите, дали е можно со магично стапче да се решаваат љубовни проблеми. Оваа претстава ги опфаќа токму тие проблеми, а ликот на хипнозитерот кој јас го толкувам ги решава тие проблеми, во оваа претстава што јас би ја определил како научно-фантастична комична фарса, рече Стаматовски.

Јасмина Билаловиќ задоволна што актерската екипа на Охридскиот театар после детската претстава „Пат околу светот“ повторно се враќа пред публиката со нова поставка. За самата премиера и текстот рече дека укажува на испревртени вредности, комични на прв поглед, но трагични во реалноста.

Актерот Никола Тодоровски додаде дека се радува што повторно екипата е „на терен“, што е сработена уште една претстава, и тоа комедија што нему му е омилена како жанр.

- Претставата нуди час и половина квалитетно поминато време, оттаму што е своевиден коментар, момент на вистината на нашата преотруеност од реалити-шоуа и такви работи. Оваа претстава покрај што ги коментира машко-женските односи, дава и коментар на ситауација во која намерно или не се влијае врз животите на другите луѓе, рече Тодоровски.

Претставата „Детектор за лаги“ како поставка на Охридскиот театар својот живот на сцената го почнува вечерва со претпремиерната изведба, за која влезот е слободен, а премиерата е предвидена за утревечер на Малата сцена на Центарот за култура „Григор Прличев“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Криминалната власт ги донесе криминалните измени на Законот за јавните набавки – за повеќе пари за дилови во четири очи

Мнозинството на ВМРО во Собранието ги изгласа криминалните измени на Законот за јавните набавки. 

СДСМ: Криминалната власт ги донесе криминалните измени на Законот за јавните набавки – за повеќе пари  за дилови во четири очи

Наместо поголема транспарентност и заштита на народните пари, власта уште пошироко отвори дополнителен простор за корупција и сомнителни зделки и дилови.

Во фокусот секако им се криминалните тендери.

Со криминалните измените сами на себе си овозможуваат набавки без тендер на драстично поголема сума до 25.000 евра за стоки и до 120.000 евра за градежни работи.

Тоа се повеќе пари за во четири очи, за криминални тендери без контрола и за свои партиски фирми.

Така повеќе народни пари ќе се трошат без отворена конкуренција, со поголем ризик договорите да завршуваат кај однапред избраните фирми.

Истовремено, се брише обврската воведена во 2019 година за задолжителна согласност од Бирото за јавни набавки за постапките со преговарање без објавување оглас.

Значи, ги зголемуваат износите за набавки без тендер, а ја отстрануваат контролната пречка за договорите во четири очи.

Ова се прави на штета на граѓаните и во интерес на бизнисите на Мицкоски, неговата Организирана криминална група и неговите сателити.

Дополнително, многукратно се зголемуваат надоместоците за поднесување жалби. Наместо фирмите да се охрабрат да пријавуваат неправилности, правната заштита им станува поскапа и потешко достапна. Особено се погодени малите компании.

Пораката на власта е јасна: функционерите полесно да договараат дилови во четири очи, фирмите потешко да се жалат.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, навреме предупреди дека овие измени отвораат простор за коруоција. Затоа СДСМ се спротивстави со над 2.000 амандмани.

Криминалната власт ги протурка криминалните измени на законот.

Народните пари за нив се партиска каса на ВМРО.

Криминална власт, криминални закони!

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АХВ: Почна дистрибуцијата на вакцините за болеста сипаници кај овци и кози до ветеринарните друштва

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) почна со дистрибуција до ветеринарните друштва на обезбедените 400.000 дози од вакцините против болеста сипсници кај овци и кози.

АХВ: Почна дистрибуцијата на вакцините за болеста сипаници кај овци и кози до ветеринарните друштва

Вакцините се од турско производство и обезбедени се како донација од Европската унија. Според очекувањата, согласно одбрениот План за вакцинација од ЕУ, од среда се очекува да почне и аплицирањето на вакцината на терен. АХВ ги доби резултатите од лабараториските тестирања на вакцината кои беа спроведени во лабораториите на Факултетот за ветеринарна медицина. Проверен и потврден е нивниот квалитет како една од најдобрите вакцини за заштита на добитокот од оваа болест, како и нивната микробиолошка исправност и јачина.

Со вакцинацијата ќе бидат опфатени 3.417 стада и 438.042 животни во осумте региони. Првата фаза ги опфаќа Вардарскиот, Источниот, Југоисточниот и Североисточниот регион каде се евидентирани 1.859 стада со 193.527 животни. Втората фаза ги опфаќа Југозападниот, Пелагонискиот, Полошиот и Скопскиот со 1.558 стада и 244.515 животни.

Со третата фаза ќе се изврши дополнителна вакцинација, за да се обезбеди највисок можен опфат на целната популација животни. Оваа фаза ќе вклучува јагниња и јариња кои ја достигнале минималната возраст за вакцинација по завршување на првата и втората вакцинална фаза, животни чија вакцинација е привремено одложена поради клиничка состојба или ветеринарна проценка, бремени животни и животни во постпарталниот период за кои вакцинацијата е одложена по документирана проценка на ризик - бенефит. Со оваа фаза опфатени ќе бидат и фарми кои биле недостапни за време на почетната кампања за вакцинација, фарми каде што вакцинацијата е одложена поради сомнение за инфекција со болеста сипаници кај овци и кози, под услов надлежниот официјален ветеринар да ја одобрил вакцинација. Вакциналната кампања ќе опфаќа клинички здрави овци и кози од целната популација, јагниња и јариња кои ја достигнале минималната возраст за вакцинација, овци и кози кои не се исклучени од вакцинација во согласност со упатството за употреба на специфичниот ветеринарно медицински препарат, во согласност со карактеристиките на производот или упатството за употреба на специфичната вакцина. Гравидните, болните животни и другите категории животни ќе се третираат во согласност со упатството за употреба на вакцината.

Од почетокот на годинава досега АХВ има евидентирано 115 жаришта на болеста сипаници коај овци и кози. Во овој временски период угинати од болеста се 875 животни, а нештетно отстранети се 9359 животни.

Агенција за храна и ветеринарство

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Фактите потврдуваат дека Алта банка имала сопственички удел во ЕУ банка

Фактите и документите јасно покажуваат дека Алта банка немала забрана за работење во Европската Унија, спротивно на лагите и манипулации што во јавноста ги пласираа СДС и Венко Филипче.

ВМРО-ДПМНЕ: Фактите потврдуваат дека Алта банка имала сопственички удел во ЕУ банка

Вистината за случајот со Алта банка е сосема поинаква од политичките конструкции и хистеријата што ја создаваа Филипче и СДС.

Имено, Алта банка поседувала 9,63% од акциите во Адико банка, додека компанијата Дипломат пеј купила удел од 9,99%. Во август 2024 година, на двете компании им биле суспендирани гласачките права, откако надлежниот австриски регулатор утврдил дека тие дејствувале заеднички како поврзани лица и заедно стекнале квалификуван удел од 19,62%, без претходно да го известат надлежниот регулатор, согласно законските обврски.

Станува збор за прекршочна санкција, односно регулаторна постапка поврзана со ненавремено пријавување на стекнат удел, а не за забрана за работење на Алта банка во Европската Унија од страна на Европската централна банка.

Дополнително, во декември 2024 година, Дипломат пеј го продала својот удел на австриски инвеститор, по што во февруари 2025 година, била укината суспензијата на гласачките права на Алта пеј во Адико банка, констатирајќи дека повеќе не постоеле услови за заедничко дејствување меѓу двете компании.

Овие околности јасно покажуваат дека случајот се однесува на конкретна регулаторна обврска при стекнување акционерски удел, а не на забрана за работа во ЕУ, со што сите гали и манипулации на СДС и Филипче паѓаат во вода.

Банката немала никаква забрана за работа од Европската Унија и со самото тоа немало никаков основ и можност на Алта банка да и се забрани влез во Македонија, а од друга страна, пак, и Рајфајзен имала договор со групацијата на Мацура.

Банка која има забрана за работа од ЕУ како што сака да претстави СДС, а не прекршочна казна што е во случајов за ненавремено пријавување на удел од над 10%, нема можност да влезе во македонскиот банкарски систем.

СДС и Филипче уште еднаш се фатени во сопствените лаги и конструкции, оваа регулаторна постапка да ја претстават како забрана за работење во Европската Унија, кога станува збор за две различни работи.

Лажат и манипулираат за Алта банка со цел да предизвикаат страв и паника кај граѓаните исто како што беше и случајот со мигрантите, водата за пиење во Скопје, за пензиите, ИПАРД програмата, извештајот на Томас Вајц.

Таквите сценарија на СДС и Филипче за креирање хаос и несигурност нема да им успеат како што не им успеаја ни до сега, граѓаните не им веруваат и има за што не им веруваат.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер